Дополнување масло кога нема
доволно
Ставете го алатот на подот со отворот за масло
свртен нагоре. Секогаш проверете дали алатот
е потполно исклучен, а прачката на секачот е во
стартна положба.
Олабавете ја и извадете ја завртката на отворот
за масло. Ако нема доволно масло, дополнете
до максималната граница на отворот за масло со
назначеното хидраулично масло, а потоа затегнете
ја завртката. Ако претече масло, веднаш избришете
го вишокот.
НАПОМЕНА: Користете само хидраулично масло
на Makita или масло JX Nikko Nisseki Energy
Super Highland #46. Не користите друг тип масло
во алатов. Тоа може да предизвика деградација
на дихтунзите и другите делови, резултирајќи со
дефект.
ОПЦИОНАЛЕН ПРИБОР
ВНИМАНИЕ:
Овој прибор или додатоци
се препорачуваат за користење со алатот од
Makita дефиниран во упатството. Со користење
друг прибор или додатоци може да се изложите на
ризик од телесни повреди. Користете ги приборот
и додатоците само за нивната назначена намена.
Ако ви треба помош за повеќе детали за приборот,
прашајте во локалниот сервисен центар на Makita.
•
Матрици за сечење
•
Оригинална батерија и полнач на Makita
НАПОМЕНА: Некои ставки на листата може да се
вклучени со алатот како стандарден прибор. Тие
може да се разликуваат од држава до држава.
113 МАКЕДОНСКИ