Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Makita DSC121 Betriebsanleitung Seite 110

Akku-gewindestangenschneider
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für DSC121:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 63
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
Пред секое нагодување
или проверка на алатот, проверувајте дали е
исклучен и батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата
ВНИМАНИЕ:
Секогаш исклучувајте го
алатот пред ставањето или вадењето на
касетата за батеријата.
ВНИМАНИЕ:
Држете ги алатот и касетата
за батеријата цврсто кога ја монтирате или
вадите касетата за батеријата. Ако не ги држите
цврсто алатот и касетата за батеријата, тие може
да се лизнат од вашите раце и да дојде до нивно
оштетување, како и до телесна повреда.
► Сл.2: 1. Црвен индикатор 2. Копче 3. Касета за
батерија
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете
ја од алатот додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
За вметнување на касетата за батеријата,
порамнете го јазичето на касетата со жлебот во
куќиштето и лизнете го во место. Вметнете ја до крај
додека не се блокира во место при што ќе се слушне
мало кликнување. Ако можете да го видите црвениот
индикатор на горната страна од копчето, тоа значи
дека не е заклучена целосно во место.
ВНИМАНИЕ:
Секогаш монтирајте ја
касетата за батеријата целосно додека
црвениот индикатор не се изгасне. Во
спротивно, може ненадејно да испадне од алатот
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг
околу вас.
ВНИМАНИЕ:
Немојте да ја монтирате
касетата за батеријата на сила. Ако касетата
не може да се лизне лесно, тоа значи дека не е
поставена правилно.
Систем за заштита на алатот/
батеријата
Алатот е опремен со систем за заштита на алатот/
батеријата. Овој систем автоматски го прекинува
напојувањето на моторот за да го продолжи
работниот век на алатот и на батеријата. Алатот
автоматски ќе се исклучи за време на работењето
ако тој или батеријата се најдат под еден од следниве
услови. Во некои услови, индикаторите ќе се вклучат.
Заштита од преоптоварување
Кога со алатот/батеријата се работи на начин
што предизвикува повлекување прекумерно
висока струја, алатот автоматски се исклучува.
Во таква ситуација, исклучете го алатот и
запрете со примената што предизвикала негово
преоптоварување. Потоа, повторно вклучете го
алатот.
Заштита од прегревање
Кога алатот/батеријата е прегреана, алатот
автоматски запира, а индикаторот за батеријата
трепка околу 60 секунди. Во оваа ситуација, оставете
го алатот да се излади пред повторно да го вклучите.
вклучено
Заштита од прекумерно празнење
Кога капацитетот на батеријата ќе падне на ниско ниво,
алатот автоматски се исклучува. Ако производот не
работи дури ни кога прекинувачите ќе се вклучат или
исклучат, извадете ги батериите од алатот и наполнете ги.
Ослободување на заштитната блокада
Кога системот за заштита работи повторливо, алатот
е блокиран и индикаторот за батеријата ја покажува
следнава состојба.
Трепка
Во оваа ситуација, алатот не стартува дури ни ако
го исклучувате и вклучувате. За да ја ослободите
заштитната блокада, извадете ја батеријата,
поставете ја на полначот за батерии и почекајте
додека не заврши полнењето.
Укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата
Само за батерии со индикатор
► Сл.3: 1. Индикаторски ламбички 2. Копче за проверка
Притиснете го копчето за проверка на касетата
за батеријата за укажување на преостанатиот
капацитет на батеријата. Индикаторските ламбички
светнуваат неколку секунди.
Индикаторски ламбички
Запалено
Исклучено
110 МАКЕДОНСКИ
Трепка
Исклучено
Преостанат
капацитет
Трепка
75% до 100%
50% до 75%
25% до 50%
0% до 25%
Наполнете ја
батеријата.
Батеријата
можеби е
неисправна.

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Dsc121zk

Inhaltsverzeichnis