Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Makita DMR108N Betriebsanleitung Seite 129

Baustellenradio
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für DMR108N:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 76
18. Освен ако алатот не поддржува употреба во
близина на електрични далеководи под висок
напон, не употребувајте ја батеријата во близина
на електрични далеководи под висок напон. Тоа
може да доведе до неправилно работење или
расипување на алатот или батеријата.
19. Чувајте ја батеријата подалеку од деца.
ВНИМАНИЕ:
● Опасност од експлозија ако батеријата е
неправилно заменета.
● Менувајте само со ист или еквивалентен тип.
● Користете само оригинални батерии Makita.
Користењето на неоригинални батерии Makita,
или батерии што се изменети може да доведе
до експлозија на батеријата предизвикувајќи
пожар, лична повреда и штета. Тоа исто така
ќе ја поништи гаранцијата на Маkita за алатот и
полначот Makita.
Совети за одржување на максимален
век на траење на батеријата
1. Сменете ја батеријата пред потполно да се
испразни. Секогаш запирајте со работа со алатот
и сменете ја батеријата кога ќе забележите
помала моќност на алатот.
2. Никогаш не полнете целосно наполнета батерија.
Прекумерното полнење го скратува работниот век
на батеријата.
3. Полнете ја батеријата на собна температура на
10°C - 40°C (50°F - 104°F). Дозволете жешката
батерија да се олади пред да ја полните.
4. Кога не ја употребувате батеријата, извадете ја од
алатот или полначот.
5. Наполнете ја батеријата ако не ја користите долг
период (повеќе од шест месеци).
Инсталирање батерија
Белешка:
Поставувањето на резервните батерии внатре во
делот за батерија спречува зачуваните податоци во
предодредените мемории да се загубат.
Поставување резервна батерија
(сл. 2 & 8)
1. Повлечете го заклучувањето на делот за батерии
за да го отворите делот за батерија. Има дел за
главна батерија и дел за резервна батерија.
2. Извадете го капакот од делот за резервна
батерија и ставете 2 полни батерии UM-3 (AA
големина). Уверете се дека батериите се со точен
поларитет како што е прикажано внатре во делот
за батерија. Вратете го капакот за батерија.
3. Откако ќе се постават резервните батерии,
ставете ја главната батерија за напојување на
радиото. Соодветната батерија за ова радио е
наведена во следнава табела.
129 МАКЕДОНСКИ

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis