Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Makita DMR108N Betriebsanleitung Seite 128

Baustellenradio
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für DMR108N:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 76
9. Кога батеријата не се користи, чувајте ја
настрана од други метални предмети како што
се: спојувалки за хартија, парички, клучеви, шајки,
шрафови, или други мали метални предмети што
може да предизвикаат поврзување на едниот пол
на батеријата со другиот.Предизвикувањето на
краток спој на двата пола на батеријата може да
предизвикаат искрење, изгореници или пожар.
10. Избегнувајте телесен контакт со заземјени
површини како цевки, радијатори, електрични
шпорети и фрижидери. Постои зголемен ризик
од струен удар ако вашето тело е заземјено.
11. Под насилни услови, може да дојде до
истекување на течност од батеријата;
избегнувајте контакт. Ако несакано дојде до
контакт, исплакнете со вода. Ако течноста дојде
во контакт со очите, дополнително побарајте
медицинска помош. Течноста што истекла од
батеријата може да предизвика иритација или
изгореници.
12. Не користете батерија или алат што се оштетени
или модификувани. Оштетени или модификувани
батерии може да предизвикаат непредвидливо
однесување што може да доведе до пожар,
експлозија или ризик од повреда.
13. Не изложувајте ја батеријата или алатот на
оган или на исклучително висока температура.
Изложувањето на оган или температури над
130°C може да предизвика експлозија.
14. Следете ги сите упатства за полнење и не
полнете ја батеријата или алатот надвор од
температурниот опсег наведен во упатствата.
Несоодветното полнење или на температури
надвор од наведениот опсег може да ја оштети
батеријата и да го зголеми ризикот од пожар.
ЗАЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА
КОНКРЕТНИ ПРАВИЛА
ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА
БАТЕРИЈАТА
1. Пред да ја користите батеријата, прочитајте
ги сите упатства и ознаки за внимателност на
(1) полначот за батерија, (2) батеријата и (3)
производот што ја користи батеријата.
2. Не расклопувајте ја батеријата.
3. Ако времето на работење стане значително
пократко, веднаш престанете со работење. Тоа
може да доведе до ризик од прегревање, можни
изгореници па дури и експлозија.
4. Ако ви навлезе електролит во очите, исплакнете
ги со чиста вода и веднаш побарајте медицинска
помош. Тоа може да доведе до загуба на вашиот
вид.
5. Не предизвикувајте краток спој на батеријата:
(1) Не допирајте ги половите со каков било
материјал што е проводник.
(2) Избегнувајте чување на батеријата во сад со
други метални предмети како шајки, парички
и сл.
(3) Не изложувајте ја батеријата на вода
или дожд.Краткиот спој на батеријата
може да предизвика голем проток на
струја,прегревање, можни изгореници па
дури и распаѓање.
6. Не складирајте го алатот и батеријата на места
каде што температурата може да достигне или
надмине 50°C (122°F).
7. Не палете ја батеријата дури и ако е сериозно
оштетена или е потполно истрошена. Батеријата
може да експлодира во оган.
8. Не ковете ја, не сечете ја, не кршете ја, не фрлајте
ја, нека не ви паѓа батеријата, и не удирајте ја од
цврст предмет батеријата. Таквото однесување
може да предизвика пожар, прекумерна топлина
или експлозија.
9. Не употребувајте оштетена батерија.
10. За да се избегне ризикот, треба да се прочита
упатството за замена на батеријата пред
употребата. Исто така максималната струја на
празнење на батеријата треба да биде поголема
од или еднаква на 8A.
11. Литиум јонските батерии што се користат се
подложни на барањата на легислативата за
опасни стоки.
12. Кога ја фрлате батеријата, извадете ја од алатот
и фрлете ја на безбедно место. Следете ги
вашите локални прописи во врска со фрлањето
на батеријата во отпад.
13. Користете ги батериите само со производите
посочени од Makita. Инсталирањето на батериите
на несоодветни производи може да предизвика
пожар, прекумерна топлина, експлозија или
истекување на електролити.
14. Ако алатот не се употребува долго време,
батеријата мора да се отстрани од алатот.
15. Во текот на и по употребата, батеријата може да
се загрее што може да предизвика изгореници
или изгореници од ниска температура.
16. Не допирајте го терминалот на алатот веднаш по
употребата бидејќи може да се загрее доволно
за да предизвика изгореници.
17. Не дозволувајте остатоци, прав или земја да
заглават во терминалите, отворите и каналите
на батеријата. Тоа може да доведе до слабо
работење или расипување на алатот или на
батеријата.
128 МАКЕДОНСКИ

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis