Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch C-EXACT 1 Originalbetriebsanleitung Seite 175

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für C-EXACT 1:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

OBJ_BUCH-1401-003.book Page 175 Tuesday, February 24, 2015 11:26 AM
 При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте
на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат.
Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со
прифатот на алат, може да се олабави и да се случи да
не може да се контролира.
Вадење на алатот за вметнување
Извлечете ја брзо променливата глава 3 нанапред.
Извадете го алатот за вметнување 1 од прифатот за алат 2,
и повторно олабавете ја брзо променливата глава.
Приклучок на напојувањето со енергија
(види слики A–B)
Електричниот апарат се испорачува без струен уред. За
приклучување на напојување со струја потребен ви е
струен уред PUC-EXACT.
 Струјниот уред PUC-EXACT користете го исклучиво
со електричните апарати што се предвидени за него.
Работата на другите електрични уреди може да доведе
до уништување на PUC-EXACT и овие уреди.
 Никогаш не се обидувајте да го вклучите
електричниот апарат C-EXACT директно на струјната
мрежа. Не користете продолжен кабел.
Електричниот апарат C-EXACT може да се оштети.
 Користете исклучиво оригинален кабел! Пред секое
користење проверете дали е оштетен уредот,
кабелот и приклучокот. Кабелот не смее да се
поправа, туку мора да се замени.
 Одржувањето и поправката треба да се изведува
само од страна на квалификуван стручен персонал.
Само на тој начин ќе бидете сигурни во безбедноста на
уредот.
Секогаш поврзете го прво електричниот апарат со
струјниот уред PUC-EXACT, пред да го приклучите
струјниот уред на напојување со струја.
Ставете го кабелот на уредот 7 во приклучната чаура 13 на
струјниот уред PUC-EXACT. Внимавајте на тоа, жлебот 15
точно да влегува во спојката на кабелот од уредот на
игличките од приклучната чаура. Зашрафете ја чаурата 11
во правец на стрелките на часовникот на приклучната
чаура.
Кај електричните рамни одвртувачи со старт на
подигање внимавајте да не го оставате одвртувачот на
лостот за подигање, пред да го приклучите струјниот уред
PUC-EXACT на струјна мрежа. На тој начин ќе го спречите
невнимателното ставање во употреба на одвртувачот.
Кај електричните рамни одвртувачи со старт на
притискање внимавајте да не го притискате аксијално
одвртувачот, пред да го приклучите струјниот уред PUC-
EXACT на струјна мрежа. На тој начин ќе го спречите
невнимателното ставање во употреба на одвртувачот.
Ставете го најпрво приклучокот 18 на струјниот кабел 19
во приклучната чаура 21 на струјниот уред PUC-EXACT.
Сега можете да го приклучите PUC-EXACT на напојување
со струја, при што ќе го ставите струјниот приклучок 20 во
ѕидната дозна со заштитен контакт.
Bosch Power Tools
Секогаш поврзете го прво струјниот кабел со струјниот
уред PUC-EXACT, пред да го ставите струјниот приклучок
20 во ѕидната дозна, инаку постои опасност од електричен
удар.
Употреба
Носете заштитна опрема и секогаш
носете заштитни очила. Носењето на
заштитна опрема, како на пр.маска за прав,
обувки за заштита од лизгање, заштитен
шлем или заштита за слухот, во зависност од
видот и примената на електричниот апарат, го намалува
ризикот од повреди.
Поставете го правецот на вртење
Десен тек: При испораката, електричниот апарат е
подесен за зашрафување на шрафови и мутери
(десен тек). Прекинувачот за правец на вртење 5
не е притиснат.
Лев тек: За олабавување на шрафови и мутери
притиснете на прекинувачот за правец на вртење
5. Со вртење на притиснатиот прекинувач за
правец на вртење тој може да се заклучи.
 Прекинувачот за правец на вртење 5 активирајте го
само доколку електричниот апарат е во состојба на
мирување.
Вклучување/исклучување на струјниот уред
PUC-EXACT (види слика A)
Најпрво мора да го активирате струјниот уред PUC-EXACT,
за да може да го вклучите електричниот апарат C-EXACT
(види „Приклучок на напојувањето со енергија",
страна 175).
За Вклучување на струјниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 14 на
струјниот уред во позиција 1.
LED-приказот што свети зелено 16 покажува кога
струјниот уред е подготвен за работа.
PUC-EXACT-1: Доколку LED-приказот свети 17, има
пречка.
За Исклучување на струјниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување на струјниот
уред 14 во позиција 0.
Вклучување/исклучување на електричниот
апарат
Одвртувачите имаат исклучна спојка која
зависи од вртежниот момент, и се подесува
во дадените граници. Таа реагира доколку
се постигне подесениот вртежен момент.
Електричен рамен одвртувач со старт на подигање
За Вклучување на електричниот апарат притиснете на
прекинувачот за вклучување/исклучување 9 до крај.
Електричниот апарат автоматски се исклучува, штом се
постигне подесениот вртежен момент.
Македонски | 175
1 609 92A 136 | (24.2.15)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

C-exact 2C-exact 4C-exact 6

Inhaltsverzeichnis