Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch C-EXACT 1 Originalbetriebsanleitung Seite 171

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für C-EXACT 1:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

OBJ_BUCH-1401-003.book Page 171 Tuesday, February 24, 2015 11:26 AM
 Не користете го електричниот апарат, доколку има
дефектен прекинувач. Апаратот кој повеќе не може
да се вклучи или исклучи, ја загрозува безбедноста и
мора да се поправи.
 Извлечете го приклучокот од ѕидната дозна и/или
извадете ја батеријата, пред да ги смените
поставките на уредот, да ги замените деловите или
да го тргнете настрана уредот. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот уред.
 Чувајте ги подалеку од дофатот на деца
електричните апарати кои не ги користите. Овој
уред не смее да го користат лица кои не се
запознаени со него или не ги имаат прочитано овие
упатства. Електричните апарати се опасни, доколку ги
користат неискусни лица.
 Одржувајте ги грижливо електричните апарати.
Проверете дали подвижните делови функционираат
беспрекорно и не се заглавени, дали се скршени или
оштетени, што може да ја попречи функцијата на
електричниот апарат. Поправете ги оштетените
делови пред користењето на уредот. Многу несреќи
својата причина ја имаат во лошо одржуваните
електрични апарати.
 Алатот за сечење одржувајте го остар и чист.
Внимателно одржуваните алати за сечење со остри
рабови за сечење помалку се заглавуваат и со нив
полесно се работи.
 Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
Безбедносни напомени за рамен одвртувач
 Држете го уредот за изолираните површини на
рачките, доколку вршите работи каде шрафот може
да наиде на скриени електрични кабли или
сопствениот струен кабел. Контактот на шрафот со
струјниот кабел може металните делови на уредот да ги
стави под напон и да доведе до електричен удар.
 Не дупчете и сечете во ѕидови или други скриени
подрачја, каде може да има електрични кабли, и не
зацврстувајте на нив. Доколку ова не може да го
избегнете, прекинете ги осигурувачите или
сигурносниот прекинувач, кои ги штитат овие работни
полиња.
 Цврсто држете го електричниот апарат. При
зацврстување и одвртување на шрафови може да
настанат краткотрајни високи реактивни моменти.
Bosch Power Tools
 Користете само исправни, неизабени алати за
вметнување. Дефектните алати за вметнување може
на пр. да се скршат и да доведат до повреди и
материјални штети.
 При ставањето на алатот за вметнување, внимавајте
на тоа тој да лежи цврсто во прифатот за алат.
Доколку алатот за вметнување не е цврсто поврзан со
прифатот на алат, може да се олабави и да се случи да
не може да се контролира.
 Не го користете електричниот апарат како дупчалка.
Електричните апарати со една исклучна спојка не се
погодни за дупчење. Спојката може автоматски и без
предупредување да се исклучи.
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Почекајте додека електричниот апарат сосема не
прекине со работа, пред да го тргнете настрана.
Алатот што се вметнува може да се блокира и да доведе
до губење контрола над уредот.
Правта што настанува при
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ
шмирглање, пилење,
брусење, дупчење и слични дејности може да делува
канцерогено, да ја намали плодноста или да делува
мутагено. Некои од супстанците што ги содржат овие
честички прав се:
– олово во боите и лаковите што содржат олово;
– кристален кварц во цигли, цемент и други градежни
материјали;
– арсен и хромат во хемиски обработуваното дрво.
Ризикот од заболување зависи од тоа колку често сте
изложени на овие супстанци. За да ја намалите опасноста,
треба да работите само во добро проветрени простории
со соодветна заштитна опрема (на пр. со специјално
конструирани уреди за заштита при дишење кои ги
филтрираат и најситните честички прав).
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за зашрафување и
отшрафување на шрафови како и за зацврстување и
отшрафување на мутери во дадените граници на
димензии и моќност. Тој смее да се приклучи на
напојување со струја само преку струен уред од серијата
на PUC-EXACT.
Македонски | 171
1 609 92A 136 | (24.2.15)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

C-exact 2C-exact 4C-exact 6

Inhaltsverzeichnis