Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch C-EXACT 1 Originalbetriebsanleitung Seite 176

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für C-EXACT 1:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

OBJ_BUCH-1401-003.book Page 176 Tuesday, February 24, 2015 11:26 AM
176 | Македонски
 Доколку прекинувачот за вклучување/исклучување
9 се ослободи предвреме, претходно подесениот
вртежен момент нема да се постигне.
Електричен рамен одвртувач со старт на притискање
За Вклучување на електричниот уред, поставете го алатот
за вметнување на шрафот и со лесен аксијален притисок
притиснете со одвртувачот.
Електричниот апарат автоматски се исклучува, штом се
постигне подесениот вртежен момент.
 При предвремено отпуштање на одвртувачот, напр.
доколку алатот за вметнување на одвртувачот се
лизне од шрафот, нема да се постигне претходно
избраниот вртежен момент.
При вклучување на електричниот апарат или со краток
притисок на прекинувачот за десно-лево 5 го активирате
LED-работното светло. LED се гаси по околу 2 минути по
последното зашрафување.
 Не гледајте директно во работното светло, може да
ве заслепи.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Совети при работењето
 Прекинете го напојувањето со енергија, пред да
почнете да го подесувате уредот, да менувате
делови од опремата или доколку долго време не сте
го користеле електричниот апарат. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот апарат.
 Електричниот апарат ставете го на мутерот/шрафот
само доколку е исклучен. Доколку апаратот е вклучен
и се врти, тој може да се преврти и падне.
Подесување на вртежниот момент (види слики C–D)
Вртежниот момент зависи од преднапонот на пружината
на исклучната спојка. Исклучната спојка се отпушта
веднаш штом се постигне поставениот вртежен момент
како во десен, така и во лев тек.
За подесување на индивидуалниот вртежен момент,
користете го само алатот за поставување 22 што е
испорачан со уредот.
Турнете го лизгачот 10 од електричниот апарат комплетно
наназад.Вметнете го алатот за поставување 22 во
прифатот за алат 2 и полека свртете го. Веднаш штом
забележите мала испакнатина (плочка за подесување 23)
на спојката, вметнете го алатот за поставување 22 во оваа
испакнатина и свртете го.
Вртењето во правец на стрелките на часовникот создава
висок вртежен момент, а вртењето во правец спротивен
од стрелките на часовникот создава помал вртежен
момент.
Извадете го алатот за поставување 22.
Турнете го лизгачот 10 повторно нанапред, за да ја
заштитите спојката од нечистотија.
Напомена: Потребната поставка зависи од видот на
сврзувањето и може да се одреди со практичен обид.
Проверете го зашрафувањето со клуч за вртежен момент.
1 609 92A 136 | (24.2.15)
 Вртежниот момент поставете го само во наведените
граници на јачина, инаку нема да одговара на
исклучната спојка.
Обележување на поставките на вртежниот момент
За обележување на индивидуално подесен вртежен
момент, прстенот за обележување 4 може да го замените
со друг прстен за обележување во друга боја.
Притиснете го прстенот за обележување 4 со тенок
одвртувач, шпатула или слично.
Секогаш користете го електричниот апарат со прстен за
обележување, за да бидете сигурни дека куќиштето е
заштитено од прав и нечистотија.
LED-приказ на зашрафувањето на спојниците
Со постигнување на претходно поставениот вртежен
момент, исклучната спојка се отпушта. LED-приказите 6
светат зелено.
Доколку претходно поставениот вртежен момент не се
постигне, LED-приказот 6 свети црвено и се слуша
акустичен сигнал. Зашрафувањето на спојниците мора да
се изведе уште еднаш.
Заштита од рестартирање кај електричните рамни
одвртувачи со старт на подигање
Доколку при зашрафувањето на спојниците се отпушти
исклучната спојка, моторот се исклучува. Повторното
вклучување е возможно дури по 0,3 секунди пауза.
Притоа се избегнува невнимателно зацврстување на веќе
фиксираните спојници.
Заштита од рестартирање кај електричните рамни
одвртувачи со старт на притискање
Електричните апарати немаат заштита од рестартирање и
може повторно да се вклучат непосредно по автоматското
исклучување.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Исклучете го струјниот уред PUC-EXACT од
струјната мрежа, пред да го исчистите. Така ќе
избегнете опасност од струен удар. Исклучувањето на
струјниот уред не е доволно.
Подмачкување на електричниот апарат
Средство за подмачкување
Специјална маст за погони (225 мл)
Број на дел/артикл 3 605 430 009
Molykote маст
Моторно масло SAE 10/SAE 20
По првите 150 работни часа, исчистете го куќиштето со
разреден раствор. Следете ги напомените
производителот на растворот за користење и фрлање. На
крај подмачкајте го куќиштето со специјална маст за
погони од Bosch. Повторете го процесот на чистење по
околу 300 работни часа од првото чистење.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

C-exact 2C-exact 4C-exact 6

Inhaltsverzeichnis