Herunterladen Diese Seite drucken

Medi Spinomed Gebrauchsanweisung Seite 26

Rückenorthese bei osteoporose
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für Spinomed:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Mакедонски
Spinomed
Намена
Спиномед е ортоза за грб.Производот
се користи исклучиво како ортопедско
помагало за рбетот и само на здрава
кожа.
Индикации
• Колапс на прешлените од торако –
лумбалниот дел од 'рбетниот столб
• Јувенилна Шерманова болест
Контраиндикации
Непознати
Моделирање на ортозата
Откако ќе ја извадите ортозата од
кутијата, задната метална шина не е
анатомски моделирана спрема
кривините на 'рбетниот столб. За да ја
моделирате, држете ја задната шина
преку 'рбетот, при што долниот раб да
е во ниво на os coccyx. Горниот раб
треба да биде поставен 1 – 5 cm. под
C7. Целата должина на шината треба
оптимално да се обликува спрема
кривините на 'рбетот. Средниот дел од
шината обликувајте го со притисок
врз округол предмет (или на колено),
се додека не ја добиете потребната
кифоза/лордоза. Забелешка –
Спиномедот се обликува без да се
загрева металната шина.
Фиксирање на лепенките
Не ги лепете чичак лепенките додека
не ја измоделирате правилно
ортозата. Почнете од средина.
Адаптирање на ремените
Ремените од појасот се вметнати во
прстени кои можат термички да се
моделираат. За де се моделираат
треба да се подготви топлотен извор
од 500'C, кој треба да е оддалечен
®
3cm од кукичките. Предупредување
– Ремените на појасот мора прво да
се одстранат. Ремените се адаптираат
по следниот распоред – Карличниот
ремен (В), потоа еластичниот среден
ремен (C), рамениот ремен (Д). За да
се адаптираат ремените треба да се
отворат Y – чичак лентите, ремените
да се затегнат и залепат на соодветно
место. Откако сите ремени ќе бидат
соодветно адаптирани, со ножици
може да се отстрани вишокот од
должината на краевите на ремените.
Карличен ремен
Осигурајте се дека карличниот ремен
поминува под карличната коска.
Треба да се затегне ременот најмногу
што може.
Рамениот ремен
Рамените ремени треба нежно да се
затегнати и да не го засекуваат
пациентот. Притисокот треба да е
адаптиран така да ременот затегнато
и рамно лежи на рамото, но да може
да се вметне прст нежно под ременот.
Проверете ја затегнатоста на
рамениот ремен, кој што треба да
биде во контакт на предниот дел на
рамото (слика 2). Ременот треба да
биде обложен со влошка, за да
превенира иритација и црвенило.
Внимание – За да се превенира
лизгање на задната метална шина од
својата положба, карличниот ремен
треба да биде повеќе затегнат од
рамениот ремен. Иако лизгањето
нагоре не може да влијае врз
функцијата на ортозата, сепак
пациентот треба да ја симне ортозата
надолу, односно на првобитната
положба.

Werbung

loading