Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Makita DSC163 Betriebsanleitung Seite 139

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für DSC163:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 34
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
• При сечење арматура, нагодете го стопирачот
согласно дијаметарот на арматурата што треба да
се исече, така што арматурата ќе биде поставена
под 90 степени во однос на сечилата. Ако не ја
нагодите, отсечениот дел може да излета и да
предизвика тешка повреда на операторот или
лицата од страна. Никогаш не заборавајте да ја
проверите положбата на операторот во однос на
алатот и потврдете ја неговата безбедност и
безбедноста на околната област.
2. Позиционирајте ја арматурата доволно длабоко
помеѓу сечилата, така што нема да го допира
заштитникот. (Сл. 8)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
• Ако арматурата не се постави целосно помеѓу
сечилата, тие може да се оштетат, арматурата ќе
биде исфрлена нагло и може да предизвика тешка
телесна повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
• Не сечете ја арматурата ако парчето што треба да
се исече е пократко од 200 мм. Сечењето пократки
должини може да предизвика исфрлање на
арматурата при сечењето и може да предизвика
тешка телесна повреда. (Сл. 9)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
• Не сечете ја арматурата ако не е правилно
потпрена со стопирачот. При сечењето, држете ја
арматурата на страната од стопирачот. (Сл. 10, 11)
Во спротивно, отсечениот дел може да излета и да
предизвика тешка повреда на операторот или
лицата од страна.
3. Притиснете ја блокадата на прекинувачот на
страната А. Прекинувачот не е блокиран и може да
се работи со него.
4. Повлечете го прекинувачот за стартување за да
започнете со сечење. Прачката на секачот ќе се
помести нанапред за да ја исече арматурата.
Држете го прекинувачот притиснат додека
прачката на секачот не сопре на крајот од
сечењето.
5. Отпуштете го прекинувачот за стартување кога ќе
заврши сечењето и прачката на секачот ќе дојде до
крај. Потоа, прачката на секачот автоматски ќе се
врати на стартната положба. Прачката на секачот
нема да се врати ако сечењето не е завршено. На
сличен начин, прачката на секачот нема да може
повторно да се помести нанапред сѐ додека
целосно не се врати на стартната положба.
Притиснете го прекинувачот за да започне
следното сечење, само откако прачката на секачот
ќе се врати целосно на стартната положба и ќе
сопре.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
• При сечење арматура со висока издржливост на
истегнување, исеченото парче може да излета и да
предизвика тешка телесна повреда на операторот.
Носете безбедносни очила и потврдете дека
околната област е безбедна пред да започнете со
работа.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
• Држете ги рацете и лицето подалеку од сечилата,
подвижните делови и областа на сечење за време
на работата.
Извадете ја батеријата од алатот веднаш по
употребата.
ЗАБЕЛЕШКА:
• Ако температурата на куќиштето на алатот надмине
70 °C, капацитетот на алатот ќе се намали. Во тој
случај, престанете со користење и дозволете
алатот да се излади.
ЗАБЕЛЕШКА:
• Дупката за воздух на крајот од држачот на прачки
треба да биде секогаш чиста, без отпадоци и
нечистотија. Дупката за воздух го контролира
внатрешниот притисок и мора да биде чиста.
(Сл. 12)
Ротациска функција на моторот (Сл. 13)
Телото на моторот може да се ротира за 360 степени,
во двете насоки, за време на работењето. Оваа
функција е особено корисна при работење во тесни
области бидејќи му овозможува на операторот да го
позиционира алатот во најдобрата положба за лесно
работење.
Работа со повратниот вентил (Сл. 14)
Функцијата на повратниот вентил е да ѝ дозволи на
прачката на секачот да се врати на стартната положба
ако не може да го заврши сечењето или ако се
заглави. Ако го олабавите повратниот вентил за
половина круг, ќе се испушти притисокот на маслото и
ќе ѝ дозволи на прачката на секачот да се врати
назад. Повторно затегнете го повратниот вентил
откако прачката на секачот целосно ќе се врати и пред
да започнете со следната постапка.
ПОСТАПКА НА ЗАМЕНА НА
СЕЧИЛАТА
Ако рабовите на сечилата се назабени, напукнати,
деформирани или оштетени на кој било начин,
нивната способност за сечење ќе биде намалена.
Сечењето под такви услови може да предизвика уште
поголемо оштетување и да резултира со телесна
повреда. Сечилата треба веднаш да се заменат како
комплет ако се оштетени.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
• При замена на сечилата, отстранете ја батеријата
од алатот за да се спречи ненамерно работење.
Осигурете се дека сечилото А на држачот на прачки и
сечилото B на прачката на секачот се наместени во
нивните соодветни положби. (Сл. 15)
1. Одвртете ги завртките и шајбните што ги држат
сечилата А и B.
2. Отстранете ја нечистотијата и исчистете ги
површините каде што треба да се монтираат
новите сечила.
3. Поставете го сечилото А на држачот на прачки, а
сечилото B на прачката на секачот. Ставете ги
завртките и шајбните и цврсто затегнете ги.
139

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis