Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Makita DSC163 Betriebsanleitung Seite 137

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für DSC163:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 34
5. Не предизвикувајте спој на касетата за
батеријата.
(1) Не допирајте ги контактите со никаков
проводлив материјал.
(2) Избегнувајте да ја чувате касетата за
батерија во сад со други метални предмети
како што се шајки, монети и сл.
(3) На изложувајте ја касетата за батеријата на
вода или дожд.
Краткиот спој на батеријата може да
предизвика голем проток на електрична
енергија, прегревање, можни изгореници, па
дури и пад на напојувањето.
6. Не складирајте ги алатот и касетата за
батеријата на места каде што температурата
може да достигне или надминува 50°C.
7. Не палете ја касетата за батеријата дури и кога
е многу оштетена или целосно потрошена.
Касетата за батеријата може да експлодира ако
се стави во оган.
8. Внимавајте да не ја испуштите или удрите
батеријата.
9. Не користете оштетена батерија.
10. Содржаните батерии со литиумови јони се
подложни на условите во Правилата за опасни
предмети.
За комерцијален транспорт на пр. од трети лица и
посредници, мора да се следат посебните услови
на пакувањата или ознаките.
При подготовка на предметот кој треба да се
испрати, консултирајте се со експерт за опасни
материјали. Исто така, следете ги потенцијално
подеталните национални правила.
Залепете ги со леплива лента или маскирајте ги
отворените контакти, а батеријата спакувајте ја,
така што нема да се движи слободно во
пакувањето.
11. Почитувајте ги локалните законски прописи
што се однесуваат на фрлање во отпад на
батеријата.
12. Користете ги батериите само со производите
назначени од Makita. Монтирањето батерии на
неусогласените производи може да резултира со
пожар, прекумерна топлина, експлозија или
истекување на електролитот.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ВНИМАНИЕ: Користете само оригинални
батерии на Makita. Користењето неоригинални
батерии на Makita или батерии што се изменети може
да резултира со распукување на батеријата,
предизвикувајќи пожар, телесна повреда и
оштетување. Тоа исто така ќе ја поништи гаранцијата
на Makita за алатот и полначот на Makita.
Совети за одржување максимален
работен век на батеријата
1. Заменете ја касетата за батеријата пред
целосно да се испразни. Секогаш запирајте ја
работата со алатот и заменете ја касетата за
батеријата кога ќе забележите дека алатот дава
помала моќност.
2. Никогаш немојте да полните целосно полна
касета за батерија. Прекумерното полнење го
скратува работниот век на батеријата.
3. Полнете ја касетата за батеријата на собна
температура од 10°C - 40°C. Дозволете
загреаната касета за батерија да се олади пред
да ја ставите на полнење.
4. Полнете ја касетата за батеријата доколку не ја
користите подолго време (повеќе од шест
месеци).
ОПИС НА ФУНКЦИИТЕ
ВНИМАНИЕ:
• Пред секое нагодување или проверка на алатот,
проверувајте дали е исклучен и касетете за
батеријата е извадена.
Монтирање или отстранување на
касетата за батеријата (Сл. 1)
ВНИМАНИЕ:
• Секогаш исклучувајте го алатот пред ставањето или
вадењето на касетата за батеријата.
• Држете ги алатот и касетата за батеријата
цврсто кога ја монтирате или вадите касетата за
батеријата. Ако не ги држите цврсто алатот и
касетата за батеријата, тие може да се лизнат од
вашите раце и да дојде до нивно оштетување, како
и до телесна повреда.
За да ја извадите касетата за батеријата, повлечете ја
од алатот додека го лизгате копчето на предната
страна на касетата.
За монтирање на касетата за батерија, порамнете го
јазичето на касетата со жлебот во куќиштето и лизнете
го во место. Вметнете ја до крај додека не се блокира
во место при што ќе се слушне мало кликнување. Ако
можете да го видите црвениот индикатор на горната
страна од копчето, тоа значи дека не е целосно
блокирана во место.
ВНИМАНИЕ:
• Секогаш монтирајте ја касетата за батерија целосно
додека црвениот индикатор не се изгасне. Во
спротивно, може ненадејно да испадне од алатот
предизвикувајќи ви повреда вам или на некој друг
околу вас.
• Немојте да ја монтирате касетата за батеријата на
сила. Ако касетата не може да се лизне лесно, тоа
значи дека не е поставена правилно.
Систем за заштита на батеријата
(литиум-јонска батерија со ознака на
ѕвезда) (Сл. 2)
Литиум-јонските батерии со ознака на ѕвезда се
опремени со заштитен систем. Овој систем
автоматски го прекинува напојувањето на алатот за да
го продолжи работниот век на батеријата.
Алатот автоматски ќе запре за време на работењето
ако алатот и/или батеријата се најдат под еден од
следниве услови:
137

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis