Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Makita DSC163 Betriebsanleitung Seite 136

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für DSC163:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 34
8. Рачките и површините за фаќање нека бидат
суви, чисти и без масло и маснотии. Лизгавите
рачки и површини за фаќање не дозволуваат
безбедно ракување и контрола на алатот во
неочекувани ситуации.
9. Кога го користите алатот, не носете платнени
работни ракавици што може да се заплеткаат.
Заплеткувањето на платнените работни ракавици
во подвижните делови може да резултира со
телесна повреда.
Користење и грижа за алатот на батерии
1. Полнете само со полначот одреден од страна
на производителот. Полнач што е соодветен за
еден тип батерија може да создаде ризик од пожар
кога се користи со друга батерија.
2. Исклучиво користете ги електричните алати со
конкретно наменети батерии. Користењето други
батерии може да создаде ризик од повреда или
пожар.
3. Кога батеријата не се користи, држете ја
настрана од други метални предмети, како што
се спојувалки, монети, клучеви, шрафови или
други мали метални предмети што можат да
послужат како врска од еден на друг приклучок.
Краткиот спој на батериските приклучоци може да
доведе до изгореници или пожар.
4. При случаи на злоупотреба, од батеријата може
да истече течност. Избегнувајте контакт со неа.
Ако дојде до ненамерен контакт, измијте со
вода. Ако течноста дојде во допир со очите,
побарајте дополнителна медицинска помош.
Течноста што истекла од батеријата може да
предизвика иритација или изгореници.
5. Не користете батерии или алат што се оштетени
или менувани. Оштетените или менуваните
батерии може да прикажуваат непредвидливо
однесување што резултира со оган, експлозија или
опасност од повреда.
6. Не изложувајте ги батериите или алатот на оган
или прекумерна температура. Изложувањето на
оган или температура над 130°C може да
предизвика експлозија.
7. Следете ги сите упатства за полнење и не
полнете ги батериите или алатот надвор од
температурниот опсег наведен во упатството.
Неправилното менување или менувањето на
температури надвор од наведениот опсег може да
ја оштети батеријата и да ја зголеми опасноста од
оган.
Сервисирање
1. Вашиот електричен алат сервисирајте го кај
квалификувано лице за поправки, кое користи
само идентични резервни делови. Така ќе
бидете сигурни дека електричниот алат и понатаму
е безбеден.
2. Никогаш не сервисирајте оштетени батерии.
Сервисирањето на батериите треба да ги
извршува само производителот или овластените
сервисери.
3. Следете ги упатствата за подмачкување и за
менување на додатните делови.
136
БЕЗБЕДНОСНИ
ПРЕДУПРЕДУВАЊА ЗА
БЕЗЖИЧНИОТ СЕКАЧ НА
ЧЕЛИЧНИ ПРАЧКИ
1. Држете го алатот цврсто додека се користи. Во
спротивно, може да се повредите.
2. Држете ги рацете и лицето настрана од
подвижните делови. Тие може да предизвикаат
повреда.
3. Ослободете го прекинувачот за стартување
веднаш за да сопре работата кога алатот е
расипан или дава ненормални звуци за време
на користењето. Однесете го во овластен
сервисен центар за проверка и поправка. Во
спротивно, може да дојде до оштетување или
повреда.
4. Ако ви падне алатот или го удрите, проверете
дали телото е оштетено, напукнато или
деформирано. Таквите оштетувања може да
предизвикаат повреда.
5. Алатов е електро-хидрауличен алат.
Резервоарот за масло е наполнет пред
доставата. Не додавајте масло, освен во случај
кога алатот работи ненормално.
6. Сечилата за сечење метал имаат остри рабови.
Ракувајте со нив внимателно за да избегнете
исекување.
7. Оштетените, деформираните или напукнатите
сечила може да предизвикаат сериозни
несреќи како и да ја попречат работата. Веднаш
заменете ги со нови оригинални сечила.
ЧУВАЈТЕ ГО УПАТСТВОТО.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
НЕ ДОЗВОЛУВАЈТЕ удобноста или познавањето на
производот (стекнати со подолга употреба) да ве
наведат да не се придржувате строго до
безбедносните правила за овој производ.
ЗЛОУПОТРЕБАТА или непочитувањето на
безбедносните правила наведени во ова упатство
може да предизвикаат тешка телесна повреда.
Важни безбедносни упатства за
касетата за батеријата
1. Пред користење на касетата за батеријата,
прочитајте ги сите упатства и ознаки за
претпазливост на (1) полначот за батеријата, (2)
батеријата и (3) производот што ја користи
батеријата.
2. Не расклопувајте ја касетата за батеријата.
3. Ако оперативното времето станало прекумерно
кратко, престанете веднаш со работа. Тоа може
да резултира со ризик од прегревање, можни
изгореници, па дури и експлозија.
4. Ако електролит навлезе во вашите очи, измијте
ги со чиста вода и побарајте медицинска нега
веднаш. Тоа може да резултира со губење на
вашиот вид.

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis