Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Ознаки За Безбедност; Етикета За Идентификација На Производот; Главни Делови - Stiga AB 500 Li 48 Gebrauchsanweisung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für AB 500 Li 48:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 97
3.2
ОЗНАКИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
На машината има симболи (сл. 2). Нивната
задача е да го потсетуваат операторот на
постапките што треба да ги следи внимателно
и со задолжителни мерки за претпазливост.
Значење на симболите:
ВНИМАНИЕ! ОПАСНОСТ! Оваа
машина може да биде опасна
за вас или за другите доколку
не се користи правилно.
ВНИМАНИЕ! Пред да ја користите
оваа машина, прочитајте го
упатството за употреба.
Користете заштита за ушите и очите.
Да не се изложува на дожд
(или на влажност).
ОПАСНОСТ ОД ИСФРЛАЊЕ!
Внимавајте на можни исфрлувања
на остатоци предизвикани од
протокот на воздух: што можат да
предизвика сериозни повреди на
лица или оштетување на предмети.
ОПАСНОСТ ОД ИСФРЛАЊА!
Сите лица и миленичиња треба да
бидат најмалку 15 метро подалеку
додека работи машината!
Опасност од осакатување!
Секогаш држете ги рацете
подалеку од решетката за влез
на воздухот. Роторот може да
предизвика несреќни повреди.
Опасност од опасни повреди!
Држете ја лелеавата облека
подалеку од решетката за
влез на воздухот бидејќи може
да се закачи за роторот и да
предизвика сериозни повреди.
Опасност од сериозни повреди!
Држете ја косата подалеку од
решетката за влез на воздухот
бидејќи може да се закачи за
роторот и да предизвика сериозни
повреди. Соодветно приберете
ја косата доколку е долга.
ВАЖНО Дадените етикети што се скинале или
не се читливи, треба да се заменат. Нарачајте
резервни ознаки од Овластен сервисен центар.
3.3
ЕТИКЕТА ЗА ИДЕНТИФИКАЦИЈА
НА ПРОИЗВОДОТ
Етикетата за идентификација на производот
ги содржи следните податоци (сл. 1 ):
1. Име и адреса на производителот
2. Тип на машина
3. Ниво на акустична моќност
4. Ознака за усогласеност
5. Волтажа и вид напојување
6. Година на производство
7. Сериски број
8. Код на производ
9. Класа II; Двојна изолација
Запишете ги податоците за идентификација за
машината на соодветните места на дадената
етикета од внатрешната страна на капакот.
ВАЖНО Наведете ги податоците од етикетата
за идентификација на производот секогаш кога ќе
го контактирате Овластениот сервисен центар.
ВАЖНО Примерот за изјавата за сообразност
се наоѓа на последната страница во упатството.
3.4
ГЛАВНИ ДЕЛОВИ
Машината се состои од следните
главни делови коишто соодветствуваат
на следните функции (сл.1 ):
A. Единица со моторот: овозможува
движење на роторот.
B. Цевка на дувачот: елемент предвиден
за излез на протокот на воздух.
C. Рачка: овозможува управување на машината.
D. Батерија (дополнителна опрема по
избор, пасус 14.1) : уред што обезбедува
енергија за стартување на уредот неговите
спецификации и правила за користење се
опишани во специјалниот прирачник.
MK - 8

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis