Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Безбедносни Упатства - Ferm MSM1039 Übersetzung Der Originalbetriebsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für MSM1039:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 11
8. Граничник за косо сечење
9. Рачка за дотерување на агол на сечење
10. Рачка за забравување
11. Папуча за забравување
12. Вртлива рачка преку лузгачкиот потпирач
13. Приклучок за вреќа за прашина
14. Агол на наклон
16. Капак
17. Завртка за лист за пила
18. Прирабница
19. Завртка
20. Навоен контра лост
21. Продолжетоци (лево и десно)
22. Копче за забравување на листот
23. Индикатор за агол
2. БЕЗБЕДНОСНИ УПАТСТВА
Кога се користат електрични алати, потребно е
да се запазат основните насоки за безбедност,
за да се избегнат опасности од пожар,
електричен удар и повреди. Прочитајте
ги посебните упатства за производот и
упатствата за безбедност, пред да работите со
електричниот алат и чувајте ги упатствава.
Поставување на стационарна машина
Сл. 6
Ова е стационарна машина и од безбедносни
причини мора да биде цврсто поставена и да
не се користи за мобилни изведби.
Можете да ја поставите на два начина:
a) Како стационарна, врз работна маса. Во тој
случај машината мора да се обезбеди врз
масата со 4 завртки.
b) Како стационарна, врз шасија. Во овој
случај машината мора да биде обезбеденa
врз шасијата со 4 завртки, а шасијата со
4 анкерисани завртки врз подна плоча, со
димензии најмалку од 1 м2.
Симболи
Следните симболи се важни за ракување со
електричниот алат. Исправната интерпретација
на симболите ви помага многу посигурно да го
користите алатот.
Означува опасност од лични повреди,
губење на живот или оштетување на
алатот во случај на непочитување на
упатствата во овој прирачник.
Внимание, ризик од струен удар.
Присутните лица да стојат
подалеку
Носете заштита за очите
Носете заштита за ушите.
Изложувањето на бучава го
оштетува слухот.
Носете маска за заштита од
прашина.
Опасна област! Држете ги рацете
подалеку (10cm) од резната област
додека работи машината. Опасност
од повреди ако го допрете листот.
Не го насочувајте ласерскиот зрак во
лица или животни и не стоите во
него, дури ни на растојание. Овој
електричен алат произведува зрак од
2 класа на ласерско зрачење, во
согласност со EN 608251. Ова може
да предизвика слепило.
Мери на дискот. Проверете ги
димензиите на листот. Насадниот
отвор мора да одговара на
вретеното на алатот, кој не смее да
игра. *Користете нагоден прстен,
дефиниран од испорачателот,
нагодниот прстен не може да има зјај.
Транспортирајте ја машината само
кога е во положба за транспорт.
1. Безбедност на работниот простор
a) Работниот простор да e чист и добро
осветлен. Несредено или темно работно
место е причина за несреќи.
b) Не работете со алатот во експлозивна
атмосфера, во присуство на запаливи
течности, гасови или прашина.
Електричните алати создаваат искри кои
можат да ја запалат прашината или пареата
97

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis