Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GST Professional 18 V-LI S Originalbetriebsanleitung Seite 163

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-2148-004.book Page 163 Friday, September 9, 2016 9:14 AM
Оптималниот степен на осцилации за односната употреба
може да се одреди со практичен обид. Притоа се
применуваат следниве препораки:
– Колку помал степен на осцилации изберете одн.
доколку сосема ги исклучите осцилациите, толку
пофини и почисти ќе бидат исечените рабови.
– При обработка на тенки материјали (напр. плех)
исклучете ги осцилациите.
– Цврстите материјали (напр. челик) обработувајте ги со
мали осцилации.
– За меки материјали и при сечење на дрво во правец на
влакната, може да работите со максимални осцилации.
Подесување на закосениот агол (види слика H)
(само GST 18 V-LI B)
Основната плоча 7 може да се подеси за закосени резови
до 45° надесно или налево.
Извадете ги млазниците за вшмукување 20.
Олабавете го шрафот 24 со внатрешен шестаголен клуч 5
и вметнете ја основната плоча 7 до крај во правец на
батеријата 3.
За подесување на прецизен агол на косо сечење,
основната плоча од десната и левата страна има точки за
вклопување на 0° и 45°. Навалете ја основната плоча 7
согласно скалата 25 во саканата позиција. Другите агли на
косо сечење може да се подесат со помош на агломер.
Потоа вметнете ја основната плоча 7 до крај во правец на
листот за пилата 10.
Повторно зацврстете го шрафот 24.
Млазниците за вшмукување 20 и заштитата од кинење 22
не се користат при сечење со закосување.
Поместување на основната плоча (види слика H)
(само GST 18 V-LI B)
Доколку сечете во близина на рабовите може да ја
поместите основната плоча 7 наназад.
Олабавете го шрафот 24 со внатрешен шестаголен клуч 5
и вметнете ја основната плоча 7 до крај во правец на
батеријата 3.
Повторно зацврстете го шрафот 24.
При сечење со поместена основна плоча 7 заштитата од
кинење 22 не смее да се употребува.
Ставање во употреба
Вметнување на батерија
Наполнетата батерија 3 притиснете ја од долната страна
навнатре во подножјето на електричниот апарат. Целосно
вметнете ја батеријата во подножјето, додека црвената
линија не исчезне и додека батеријата не се заклучи.
Вклучување/исклучување (GST 18 V-LI B)
За вклучување на електричниот апарат, најпрво притис-
нете покрај ознаката
на блокадата при вклучување 1 и
со тоа деактивирајте ја. Потоа притиснете на прекинувачот
за вклучување/исклучување 2 и држете го притиснат.
За исклучување на електричниот апарат отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 2. Активирајте
Bosch Power Tools
ја блокадата при вклучување 1, така што покрај ознаката
ќе притиснете на блокадата при вклучување.
Напомена: Од безбедносни причини, прекинувачот за
вклучување/исклучување 2 нема да се блокира, туку за
време на работата постојано мора да биде притиснат.
За да се заштеди енергија, вклучувајте го електричниот
алат само доколку го користите.
Вклучување/исклучување (GST 18 V-LI S)
За вклучување на електричниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 2 нанапред,
така што на прекинувачот ќе се појави „1".
За исклучување на електричниот уред притиснете го
прекинувачот за вклучување/исклучување 2 наназад,
така што на прекинувачот ќе се појави „0".
Контрола на бројот на удари
Потребниот број на удари е зависен од материјалот и
работните услови и може да се утврди со практичен обид.
Се препорачува намалување на бројот на удари кога
листот за пила ќе го поставите на делот што се обработува
како и при сечење на пластика и алуминиум.
При долготрајна работа со мал број на удари електричниот
апарат може да се вжешти. Извадете го листот за пила и
оставете го електричниот апарат да се олади околу 3 мин.
така што ќе го оставите вклучен на максимален број удари.
GST 18 V-LI B: Бројот на вртежите на вклучениот
електричен апарат може да го регулирате бесстепено, во
зависност од тоа колку подалеку ќе го притиснете
прекинувачот за вклучување/исклучување 2.
Со нежно притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување 2 се постигнуваат мал број на
удари. Со зголемување на притисокот се зголемува и
бројот на удари.
GST 18 V-LI S: Со копчето за подесување на бројот на
удари 16 може да го изберете бројот на удари и да го
промените за време на работата.
Заштита од преоптоварување во зависност од
температурата
Правилната употреба не може да го преоптовари
електричниот апарат. При преголемо оптоварување или
работење надвор од дозволените граници на температура
за батеријата, се намалува бројот на вртежи или се
исклучува електричниот уред. При намален број на
вртежи, електричниот апарат се вклучува дури откако ќе
се постигне дозволената температура на батеријата или
при намалено оптоварување со полн број на вртежи. При
автоматско исклучување, исклучете го електричниот
апарат, оставете ја батеријата да се олади и повторно
вклучете го електричниот уред.
Заштита од длабинско празнење
Литиум-јонската батерија е заштитена со „Електронска
заштита на ќелиите (ECP)" од длабинско празнење.
Доколку се испразни батеријата, електричниот апарат ќе
се исклучи со помош на заштитно струјно коло:
Електричниот апарат не се движи повеќе.
1 609 92A 33H | (9.9.16)
Македонски | 163

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Gst professional 18 v-li b

Inhaltsverzeichnis