Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GST Professional 18 V-LI S Originalbetriebsanleitung Seite 162

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 6
OBJ_BUCH-2148-004.book Page 162 Friday, September 9, 2016 9:14 AM
162 | Македонски
Вметнување/замена на листот за пилата
 При монтажа на листот од пилата носете заштитни
ракавици. При допирање на листот за пилата постои
опасност од повреда.
Избор на лист за пилата
Прегледот со препорачаните листови за пила ќе најдете на
крајот на ова упатство. Поставувајте само листовите за
пила со сечило со еден заоблен дел (T-сечило). Листот за
пилата не треба да биде подолг отколку што е потребно за
предвидениот рез.
За сечење на тесни криви линии користете тесен лист
пила.
Вметнување на листот за пилата (види слика B)
 Исчистете го сечилото на листот за пила пред
вметнувањето. Нечистото сечило не може да се
прицврсти стабилно.
Вметнете го листот на пилата 10 додека не се вклопи во
лостот за подигање 19. SDS-лостот 11 автоматски
отскокнува наназад, и листот на пилата се фиксира. Не го
притискајте рачно лостот 11 наназад, Инаку електричниот
апарат може да се оштети.
При вметнувањето на листот за пила внимавајте на тоа,
задниот дел на листот за пила да лежи во жлебот на
водечкиот валјак 9 .
 Проверете дали е стабилен листот за пила. Лабаво
поставениот лист за пила може да испадне и да ве
повреди.
Исфрлање на листот за пила (види слика C)
 При исфрлањето на листот за пила, држете го
електричниот апарат на тој начин што нема да биде
во близина на лица или животни кои би можеле да се
повредат од исфрлениот лист пила.
Свртете го SDS-лостот 11 до крај во правец на стрелката
нанапред. Листот за пилата ќе се отпушти и ќе се исфрли.
Вшмукување на прав/струготини
 Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата
прав може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или
бука важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што
содржат азбест може да бидат обработувани само од
страна на стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
1 609 92A 33H | (9.9.16)
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Приклучување на вшмукувачот за прав
(види слики D–E)
Поставете ги млазниците за вшмукување 20 во
вдлабнатините на основната плоча 7.
Цревото за вшмукување 21 (опрема) прикачете го на
млазниците за вшмукување 20. Поврзете го цревото за
вшмукување 21 со вшмукувач за прав (опрема). Прегле-
дот за приклучување на различни видови вшмукувачи за
прав ќе го најдете на крајот од ова упатство.
За оптимално вшмукување, по можност поставете ја
заштитата од кинење 22.
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Заштита од кинење (види слика F)
Заштитата од кинење 22 може да спречи кинење на
горната површина при сечење на дрво. Заштитата од
кинење може да се користи само со одредени видови на
листови за пила и со агол на резот од 0°. Основната плоча
7 при сечење со заштита од кинење не смее да се
поместува наназад во близина на рабовите.
Вметнете ја заштитата од кинење 22 од напред во
основната плоча 7.
Лизгачка папуча (види слика G)
Пластичната лизгачка плоча 6 на основната плоча 7 го
намалува гребењето на чувствителните површини. При
обработка на метал, користете ја челичната лизгачка
папуча 23.
При поставување на челичната лизгачка папуча 23
притиснете ја истата од предната страна на основната
плоча 7.
Употреба
Видови употреба
Поставување на осцилациите
Осцилациите може да се постават во четири степени и
овозможуваат оптимално прилагодување на брзината,
капацитетот и сликата на сечење на материјалот што се
обработува.
Со лостот за подесување 8 може да ги подесите
осцилациите и за време на работењето.
без осцилации
мали осцилации
средни осцилации
големи осцилации
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Gst professional 18 v-li b

Inhaltsverzeichnis