ВАЖНИ НАПОМЕНИ ЗА БЕЗБЕДНОСТ
ПРЕТПАЗЛИВОСТ! ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! ОПАСНОСТ!
Почнете да го употребувате производот дури откако ќе ги
прочитате напомените за безбедност и упатството за употреба.
Класификација на ласерите
Отвор за излез на
ласерскиот зрак (5x)
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
Производот одговара на ласерската класа 2
според EN 60825-1:2014+A11:2021.
LASER
2
ЛАСЕРСКИ УРЕД ЗА КРАЈНИ КОРИСНИЦИ
EN 50689:2021
Предупредување:
Никогаш не изложувајте ги очите директно на ласерот.
Ласерскиот зрак може да предизвика тешки повреди на очите и/
или слепило.
Не гледајте директно во ласерскиот зрак и не насочувајте го
ласерот непотребно кон останатите лица.
Внимание! Во одредени ситуации, уредот што емитува ласерски
зрак може да е поставен позади вас. Во таков случај, вртете се
внимателно.
Предупредување:
Немојте да работите со ласерскиот зрак во близина на деца
или, пак, да им дозволувате на децата да го чепкаат ласерот.
Внимание! Рефлектирачка површина би можела да го врати
ласерскиот зрак назад до корисникот или до други лица.
Предупредување: Употребата на елементите за управување,
подесувањата или извршување на други постапки од тие кои
што се утврдени во прирачникот може да доведе до опасно
зрачно оптоварување.
Ако ласерот се префрли од многу ладна во топла средина (или
обратно), тој мора да ја достигне температура на околината
пред да се користи.
Не чувајте го ласерот надвор и заштитете го од удари, постојани
вибрации и екстремни температури.
Ласерскиот мерен апарат заштитете го од прав, влага и висока
влажност на воздухот. Таквите услови можат да ги уништат
внатрешните делови на апаратот или пак да извршат влијание
врз прецизноста.
Ако ласерскиот зрак е насочен кон очите, затворете ги очите и
веднаш свртете ја главата од патеката на зракот.
Погрижете се да го позиционирате ласерскиот зрак така што вие
или другите луѓе не сте заслепени од тоа.
Не гледајте во ласерскиот зрак со лупа, двоглед или телескоп.
Во спротивно, постои голема опасност од тешки повреди на
очите.
192
Имајте предвид дека ласерските очила коишто служат за
подобро препознавање на ласерски линии не ги штитат очите од
ласерските зраци.
Не смее да се отстрануваат или да се прават нечитливи
предупредувачките налепници од ласерскиот уред.
Не расклопувајте го ласерот. Ласерските зраци може да
предизвикаат тешки повреди на очите.
Не употребувајте агресивни средства за чистење или средства
за растворање. Чистете исклучиво со чиста, мека крпа.
Заштитете го ласерскиот уред од насилни удари или падови.
По пад или силно механичко влијание, треба да се провери
прецизноста на уредот пред употреба.
Потребните поправки на овој ласерски апарат смеат да се
изведуваат само од страна на авторизиран стручен персонал.
Производот не смее да се примени во околина во која што
постои опасност од експлозии или е агресивна сама по себе.
Заштитете ја заменливата батерија од дожд. Не користете ја
заменливата батерија во влажни подрачја.
При работи над главата, прицврстете го ласерот со решетка за
апсорпција на удари MILWAUKEE.
Извадете го батерискиот склоп пред отпочнување на каков и да
е зафат врз машината.
Не ги оставајте искористените батерии во домашниот отпад и
не горете ги. Дистрибутерите на Milwaukee ги собираат старите
батерии, со што ја штитат нашата околина.
Користете исклучиво Систем M18 за полнење на батерии од
M18 систем. Не користете батерии од друг систем.
Киселината од оштетените батериите може да истече при
екстремен напон или температури. Доколку дојдете во контакт
со исатата, измијте се веднаш со сапун и вода. Во случај
на контакт со очите плакнете ги убаво најмалку 10минути и
задолжително одете на лекар.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Овој уред содржи литиумска
ќелиска батерија.
Новата или употребената батерија може да предизвика
сериозни внатрешни изгореници и да доведе до смрт во што
малку како два часа, ако се проголта или влегува во телото.
Секогаш прицврстете го капакот на батеријата.
Ако тоа не се затвора безбедно, престанете да го користите
уредот, отстранете ги батериите и чувајте го подалеку од деца.
Ако мислите дека батериите се проголтани или се влезени во
телото, веднаш побарајте медицинска помош.
Предупредување! За да избегнете опасноста од пожар, од
наранувања или од оштетување на производот, коишто ги
создава краток спој, не ја потопувајте во течност алатката,
заменливата батерија или полначот и пазете во уредите и
во батериите да не проникнуваат течности. Корозивни или
електроспроводливи течности, како солена вода, одредени
хемикалии, избелувачки препарати или производи кои содржат
избелувачки супстанции, можат да предизвикаат краток спој.
СПЕЦИФИЦИРАНИ УСЛОВИ НА УПОТРЕБА
Овој иновативен ласер е дизајниран за широко професионално
подрачје на примена, како на пример:
- Порамнување на плочки, мермерни плочи, креденци, бордури,
калапи и декорации
- Означување на основни линии за монтажа на врати, прозорци,
шини, скалила, огради, порти, веранди и настрешници.
- Утврдување и проверка на хоризонтални и вертикални линии.
- Нивелирање на спуштени плафони и цевководи, поделба на
прозорци и порамнување на цевки, нивелирање на околни
ѕидови за електрични инсталации
Не користете го производот на поинаков начин од наведениот.
ONE-KEY™
За да дознаете повеќе за функционирањето на ONE-KEY
на оваа алатка, Ве молиме прочитајте го упатството за брзо
стартување или посетете на интернет на: www.milwaukeetool.
МАКЕДОНСКИ
com/one-key. Апликацијата ONE-KEY може да ја симнете на
Вашиот смартфон преку App Store или Google Play.
Ако дојде до електростатско празнење, Bluetooth поврзувањето
ќе биде прекинато. Во таков случај, повторно воспоставете ја
врската рачно.
УПАТСТВА ЗА ЛИТИУМ-ЈОНСКИ БАТЕРИИ
Употреба на литиум-јонски батерии
Батриите кои не биле користени подолго време треба да се
наполнат пред употреба.
Температура повисока од 50оС го намалуваат траењето на
батериите. Избегнувајте подолго изложување на батериите на
високи температури или сонце (ризик од прегревање).
Клемите на полначот и батериите мора да бидат чисти.
За оптимален работен век батериите мора да се наполнат
целосно по употреба.
За што е можно подолг век на траење, апаратите после нивното
полнење треба да бидат извадени од полначот за батерии.
Во случај на складирање на батеријата подолго од 30 дена:
Чувајте ја батеријата на суво место на температура под 27 °C.
Акумулаторот да се складира на приближно 30%-50% од
состојбата на наполнетост.
Акумулаторот повторно да се наполни на секои 6 месеци.
Заштита од преоптоварување на батеријата за литиум-
јонски батерии
Под екстремни услови може да се зголеми температурата на
батеријата. Во тој случај трепка приказот за батеријата додека
се олади. Ако приказот не трепка повеќе, уредот е повторно
подготвен за работа.
Транспорт на литиум-јонски батерии
Литуим-јонските батерии подлежат на законските одредби за
транспорт на опасни материи.
Транспортот на овие батерии мора да се врши согласно
локалните, националните и меѓународните прописи и одредби.
• Потрошувачите на овие батерии може да вршат непречен
патен транспорт на истите.
• Комерцијалниот транспорт на литиум-јонски батерии од
страна на шпедитерски претпријатија подлежни на одредбите
за транспорт на опасни материии. Подготовките за шпедиција
и транспорт треба да ги вршат исклучиво соодветно
обучени лица. Целокупниот процес треба да биде стручно
надгледуван.
При транспортот на батерии треба да се внимава на следното:
• Осигурајте се дека контактите се заштитени и изолирани, а
сето тоа со цел да се избегнат кратки споеви.
• Внимавајте да не дојде до изместување на батериите во
нивната амбалажа.
• Забранет е транспорт на оштетени или протечени литиум-
јонски батерии.
За понатамошни инструкции обратете се до Вашето
шпедитерско претпријатие.
ОПИС НА ФУНКЦИЈАТА
1 Дисплеј
2 Копче за ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ
3 Копче за наклон
4 Контролна подлога
5 Копче за мени
6 Копче за нивелирање
7 Екран на далечинскиот управувач
8 Копче за ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ на далечинскиот
управувач
9 Копче за мени на далечинскиот управувач
10 Копче за наклон на далечинскиот управувач
11 Контролна подлога на далечинскиот управувач
12 Преграда за батерии на далечинскиот управувач
13 Заштитен горен браник од пена
14 Прозорец за ласерска референтна точка
15 X/Y-маркации на ласерот
16 Прозорец со ласерски зраци
17 Заштитни рачки од пена
18 M18 батерија
19 Страничен држач за статив од 5/8"
20 Долен држач за статив од 5/8"
21 Преграда за монети ONE-KEY™
ОПИС НА ЕКРАНОТ
1
2
3
4
5
6
1 Спојување: Во зависност од бројот на споени уреди, на
ласерот се прикажува 1, 2 или 3. На далечинскиот управувач
не се прикажува ниту еден број бидејќи тој може да се спои
само со ласер.
2 Channel-Link (Врска за канал)
3 Аларм за вибрации
4 Индикатор за вртежи во минута или досег
5 Индикатор за поставување маска
6 Индикатор за нивото на батеријата (само на далечинскиот
управувач)
7 Главна страница
8 Наклон на X-рамнина
9 Наклон на Y-рамнина
РЕЖИМИ
Ласерот може да се користи во 3 различни режими на работа:
1. Режим за самонивелирање (стандардна поставка):
Уредот го проектира ласерскиот зрак точно хоризонтално или
вертикално без оглед на неговата положба. Накосувањето на
уредот во овој режим на работа може да отстапува до 12° од
хоризонталното или вертикалното порамнување.
2. Рачен режим:
Уредот може да се навалува по желба. Ласерскиот зрак се
проектира под соодветен агол.
3. Режим на наклон
Во овој режим, аголот на навалување може да се постави рачно.
Ласерот може да се навалува на оска за ±12 степени. Кога
работите со два агли на навалување, максималниот опсег на
втората оска може да биде ограничен.
СПОЈУВАЊЕ ПРЕКУ BLUETOOTHTM
По вклучување, ласерот автоматски се поврзува со последно
споените уреди. Ако ласерот не најде уред или треба да се спои
со нов уред, спојувањето мора да се направи рачно.
За целосно искористување на потенцијалот на ласерот,
се препорачува да се спои со далечинскиот управувач и
детекторот.
Далечинско управување
За да ЗАПОЧНЕТЕ СО СПОЈУВАЊЕ со далечинскиот управувач
или ласерот, изберете го симболот за спојување во главното
МАКЕДОНСКИ
7
8
9
193