Herunterladen Diese Seite drucken

ZEKLER 412 RDB Gebrauchsanweisung Seite 106

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für 412 RDB:

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 13
2. Завршете го повикот со кратко притискање на копчето BT. 1 кракот тон потврдува дека повикот е исклучен.
3. За да одбиете повик, притиснете го и држете го копчето BT 3 секунди. 2 тонови што се намалуваат
потврдуваат дека повикот е одбиен.
Повторно избирање на последниот избран број
Кратко притиснете двапати на копчето BT за да го изберете повторно последниот избран број.
Гласовно избирање од слушалките преку поврзан телефон
Проверете во упатството за користење на вашиот телефон дали поддржува гласовно избирање.
1. Притиснете го и држете го копчето BT 2 секунди и пуштете го копчето BT.
2. Изговорете ја наредбата за гласовно избирање.
Повеќето телефони што поддржуваат гласовно контролирано избирање ќе испратат сигнал за
потврда кога ќе ја изговорите наредбата за гласовно избирање.
Префрлање повици на/од телефон
1. Притиснете го копчето BT 1 секунда за да го префрлите повикот на телефонот. Краткотраен тон
ќе потврди дека повикот е префрлен на телефонот.
2. Држете го притиснато 1 секунда копчето BT за да го префрлите повикот од телефонот на
слушалките.
Паркирање повик/ставање на чекање
Во тек на повик, може да се поврзе друг повик. Проверете во упатството за користење на вашиот
телефон дали ова е поддржано.
1. Кратко притискање на копчето BT ќе го поврзе дојдовниот повик и ќе го заврши повикот во тек.
Во слушалките се слуша краток тон за потврдување.
2. Две кратки притискања на копчето BT ќе го поврзат дојдовниот повик и ќе го стават на чекање
повикот што е во тек. Во слушалките се слуша краток тон за потврдување.
3. Едно кратко притискање на копчето BT повторно го поврзува паркираниот повик и го завршува
другиот. Во слушалките се слуша краток тон за потврдување.
Приспособување на јачината на звукот за време на повик
1. Зголемете ја јачината на звукот така што ќе го завртите копчето BT во насока на стрелките од часовникот.
2. Намалете ја јачината на звукот така што ќе го завртите копчето BT во спротивна насока од
насоката на стрелките од часовникот.
Слушалките имаат функција за „приспособлива јачина на звукот" што ја приспособува јачината на звукот на
дојдовната комуникација/говор според нивото на звук во околината. Тоа значи дека корисниците не треба да
ја приспособуваат јачината на звукот кога работат во непостојани нивоа на звук во околината. Јачината на
звукот релативно се приспособува на првично поставената јачина на звукот.
Непрекинат тек на музика од уред со Bluetooth®
1. Стартувајте ја функцијата Bluetooth® на слушалките (погледнете ги чекорите погоре).
2. Стартувајте го репродукторот за музика на телефонот (или на друг уред).
3. Приспособете ја јачината на звукот така што ќе го завртите копчето BT во насока/спротивно
насока на стрелките од часовникот.
4. Главната јачина на звук се контролира на телефонот.
Предупредување!
Не заборавајте да ја приспособите јачината на звукот кога работите во бучна околина така што
ќе можете да ги слушнете сигналите за предупредување.
Укажување на прекинато поврзување преку Bluetooth®
Ако поврзувањето преку Bluetooth® се прекине поради преголема оддалеченост (повеќе од 10 метри),
во слушалките ќе се слушнат два тона.
ЗАБЕЛЕШКА! Единицата нема автоматски да се поврзе кога ќе биде во рамките на опсегот.
Притиснете го копчето ВТ кога ќе бидете во рамките на опсегот (помалку од 10 метри) за повторно
воспоставување на врската. Во слушалките се слуша тон за потврдување.
ВАЖНО!
Од безбедносни причини, јачината на звукот на ФМ-радиото и непрекинатиот тек на музика
се исклучуваат при дојдовен повик или друга комуникација од поврзаниот уред.
Јачината на звук повторно се поставува автоматски кога комуникацијата ќе заврши.
Од безбедносни причини, јачината на звукот на функцијата според нивото и надворешниот
звучен влез НЕ се исклучува при дојдовни повици или друга комуникација од поврзаниот
106

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

412 rdbh412 db412 dbh