Herunterladen Diese Seite drucken

Bosch GLL 2-10 G Professional Originalbetriebsanleitung Seite 527

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GLL 2-10 G Professional:

Werbung

Употреба
Ставање во употреба
Не го оставајте вклучениот мерен уред без надзор и исклучете го по
u
употребата. Другите лица може да се заслепат од ласерскиот зрак.
Заштитете го мерниот уред од влага и директно изложување на сончеви
u
зраци.
Не го изложувајте мерниот уред на екстремни температури или
u
температурни осцилации. На пр. не го оставајте долго време во автомобилот.
При големи температурни осцилации, оставете го мерниот уред прво да се
аклиматизира, пред да го ставите во употреба. При екстремни температури или
температурни осцилации, прецизноста на мерниот уред може да се наруши.
Избегнувајте силни удари на мерниот уред.По силни надворешни влијанија на
u
мерниот уред, пред да го употребите за работа, секогаш извршете контрола на
точноста (види „Проверка на точноста на мерењето на растојание",
Страница 338).
Вклучување/исклучување
– За вклучување на мерниот уред и ласерот притиснете кратко на мерното копче
(2) [ ].
– За вклучување на мерниот уред без ласер, притиснете кратко на копчето за
вклучување-исклучување (5) [ ].
Не го насочувајте зракот светлина кон лица или животни и не погледнувајте
u
директно во него, дури ни од голема оддалеченост.
За исклучување на мерниот уред држете го притиснато копчето за вклучување-
исклучување (5) [ ].
При исклучување на мерниот уред, во меморијата остануваат зачуваните
вредности.
Мерна постапка (види слика A)
По вклучувањето, мерниот уред се наоѓа во функција на должинско мерење.
Другите мерни функции може да ги поставите со повеќекратно притискање на
копчето (4) [Func] (види „Мерни функции", Страница 332).
Референтното ниво за мерење е секогаш задниот раб на мерниот уред.
Поставете го мерниот уред на саканата стартна точка на мерење (на пр. ѕид).
Bosch Power Tools
Македонски | 331
1 609 92A 7L2 | (26.04.2022)

Werbung

loading