Herunterladen Diese Seite drucken

Makita DSC163ZK Betriebsanleitung Seite 138

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 34
• Преоптовареност:
Со алатот се ракува на начин што предизвикува
тој да повлекува ненормално висока електрична
енергија.
Во оваа ситуација, отпуштете го прекинувачот за
стартување на алатот и прекинете со примената
што предизвикала преоптовареност на алатот.
Потоа, повторно повлечете го прекинувачот за
стартување за да го рестартирате алатот.
Ако алатот не се вклучи, батеријата е прегреана.
Во оваа ситуација, оставете батеријата да се
олади пред повторно да го повлечете
прекинувачот за стартување.
• Низок напон на батеријата:
Преостанатиот капацитет на батеријата е премал
и алатот не може да работи. Во оваа ситуација,
извадете ја и наполнете ја батеријата.
Го покажува преостанатиот капацитет
на батеријата (Сл. 3)
(Конкретно за држава)
Кога ќе го повлечете прекинувачот за стартување, на
LED-дисплејот се покажува преостанатиот капацитет
на батеријата во вид на следнава табела.
LED индикатор за
статусот
ЗАБЕЛЕШКА:
• LED-дисплејот се исклучува приближно една
минута по отпуштањето на прекинувачот за
стартување за да се заштеди енергијата на
батеријата. За да го проверите преостанатиот
капацитет на батеријата, повлечете го малку
прекинувачот за стартување.
• Кога LED-дисплејот ќе светне, но алатот не работи
дури и со наполнета батерија, целосно оладете го
алатот. Ако состојбата не се промени, однесете го
алатот на поправка во локален сервисен центар на
Makita.
РАБОТНА ПОСТАПКА
Прочитајте ги, разберете ги и следете ги сите
безбедносни упатства и работни постапки. Ако не ги
разбирате упатствата или ако условите не се
правилни за соодветна работа, не работете со алатов.
Консултирајте се со раководителот или друго
одговорно лице.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
• Пред да се вметне батеријата во алатот, повлечете
го и отпуштете го прекинувачот за стартување за да
се уверите дека се враќа на своето место.
Моторот е вклучен кога ќе се притисне прекинувачот
за стартување, а исклучен кога истиот ќе се отпушти.
138
All manuals and user guides at all-guides.com
Преостанат капацитет
на батеријата
Околу 50% или повеќе
Околу 20% - 50%
Нешто помалку од 20%
Работа со блокадата на прекинувачот
(Сл. 4)
• Притиснете ја блокадата на прекинувачот на
страната А. Прекинувачот не е блокиран и може да
се работи со него.
• Притиснете ја блокадата на прекинувачот на
страната B. Прекинувачот е блокиран и не може да
се работи со него.
ВНИМАНИЕ:
• Прекинувачот за стартување треба да биде
блокиран секогаш кога не се користи.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
• Пред да започнете со работа, уверете се дека
положбата на операторот, во однос на алатот и
околната област, е безбедна за работа. Ставете
безбедносни очила и носете заштитна облека.
• Погледнете ги спецификациите за алатот во ова
упатство и не сечете арматура со големина или
цврстина што го надминуваат капацитетот на
сечење на алатот.
• Не сечете друг материјал, освен арматура.
Прашајте го производителот ако сакате да се чете
други материјали.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
• Заменете ги оштетените (поткршени, скршени,
напукнати) или деформираните сечила веднаш.
Сечилото нема да сече правилно и може да напукне
или да се скрши, предизвикувајќи сериозна лична
повреда.
Процедура за сечење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
• Никогаш не користете го алатот без заштитникот
да е поставен на место. Во спротивно, може да
дојде до тешка телесна повреда. (Сл. 5)
• Заштитникот е опрема што спречува исфрлање
парчиња кон операторот. Не спречува исфрлање во
оскината насока на арматурата. Позиционирајте се,
така што заштитникот ќе ги блокира парчињата.
• Во некои слики заштитникот не е прикажан поради
прикажување на неговата внатрешност. Секогаш
користете го заштитникот на неговото место.
1. Ставете ја арматурата што треба да се сече помеѓу
сечилата. (Сл. 6)
Нагодете го стопирачот согласно дијаметарот на
арматурата што треба да се исече, така што
арматурата ќе биде поставена под 90 степени во
однос на сечилата. Стопирачот ја поддржува
арматурата и го држи во нормална положба во
однос на сечилата при сечењето. (Сл. 7)

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Dsc163