Herunterladen Diese Seite drucken

Makita DSC163ZK Betriebsanleitung Seite 134

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 34
Бучава
Типичната А-вредност за ниво на бучавата одредена
според EN60745-1 изнесува:
Ниво на звучниот притисок (LpA): 78 dB (A)
Отстапување (K): 3 dB (A)
Нивото на бучава при работа може да надмине
80 dB (A).
Носете штитници за ушите
Вибрации
Вкупна вредност на вибрациите (векторска сума на
три оски) одредена според EN60745-1:
Работен режим: сечење арматура
Ширење вибрации (a
Отстапување (K): 1,5 м/с
• Номиналната јачина на вибрациите е измерена во
согласност со стандардните методи за испитување
и може да се користи за споредување алати.
• Номиналната јачина на вибрациите може да се
користи и како прелиминарна процена за
изложеност.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ:
• Јачината на вибрациите при фактичкото користење
на алатот може да се разликува од номиналната
вредност, зависно од начинот на којшто се користи
алатот.
• Погрижете се да ги утврдите безбедносните мерки
за заштита на лицето кое ракува со алатот врз
основа на процена на изложеноста при фактичките
услови на употреба (земајќи ги предвид сите
делови на работниот циклус, како периодите кога
електричниот алат е исклучен и кога работи во
празен од, не само кога е активен).
Декларација за сообразност за ЕУ
Само за земјите во Европа
Декларацијата за сообразност од EC е вклучена во
Додаток А од упатствата за корисникот.
Општи упатства за безбедност
за електричните алати
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Прочитајте ги сите
безбедносни предупредувања, упатства,
илустрации и спецификации дадени со
електричниот алат. Ако не се почитуваат сите
упатства наведени подолу, може да дојде до струен
удар, пожар и/или сериозни повреди.
Чувајте ги сите
предупредувања и упатства за
да може повторно да ги
прочитате.
Под терминот „електричен алат" во предупредувањата
се мисли на вашиот електричен алат кој работи на
струја (со кабел) или на батерии (безжично).
134
All manuals and user guides at all-guides.com
2
): 2,5 м/с
или помалку
h
2
Безбедност на работната област
1. Користете чист и добро осветлен работен
простор. Ако просторот е натрупан и темен,
полесно може да се случи незгода.
2. Не работете со електричните алати во
експлозивни атмосфери, на пример, ако има
запаливи течности, гасови или прав.
Електричните алати искрат и можат да ги запалат
правот или испарувањата.
3. Децата и набљудувачите нека стојат
понастрана кога работите со електричен
апарат. Ако нешто го одвлекува вашето внимание,
може да изгубите контрола.
Електрична безбедност
1. Електричните приклучоци на електричните
алати треба да одговараат на штекерот.
Никогаш и никако не менувајте го електричниот
приклучок. Не користете електрични
приклучоци-адаптери со заземјени електрични
алати. Немодифицираните електрични
приклучоци и соодветните штекери го намалуваат
ризикот од електричен удар.
2. Избегнувајте телесен контакт со заземјени
површини, како на пример, цевки, радијатори,
шпорети и фрижидери. Постои зголемен ризик од
електричен удар ако вашето тело е заземјено.
3. Не изложувајте ги електричните алати на дожд
или на врнежливи услови. Ако вода влегува во
електричниот алат, тоа го зголемува ризикот од
електричен удар.
4. Не злоупотребувајте го кабелот. Никогаш не
користете го кабелот за носење, влечење или
за исклучување на електричниот алат. Кабелот
држете го настрана од топлина, масло, остри
агли или подвижни делови. Оштетени или
заплеткани кабли го зголемуваат ризикот од
електричен удар.
5. Кога го користите електричниот алат на
отворено, користете кабел наменет за отворен
простор. Ако користете кабел соодветен за
отворен простор, се намалува ризикот од
електричен удар.
6. Ако мора со електричниот алат да работите во
влажен простор, користете заштитен уред за
диференцијална струја (RCD), заштитена
серија. Ако користите заштитен уред за
диференцијална струја, се намалува ризикот од
електричен удар.
7. Електричните алати може да создаваат
електромагнетни полиња (ЕМП) што не се
штетни за корисникот. Сепак, пред да работат со
овој електричен алат, корисниците на пејсмејкери и
други слични медицински уреди треба да
контактираат со производителот на нивниот уред
и/или лекарот за совет.

Werbung

loading

Diese Anleitung auch für:

Dsc163