Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GHO 185-LI Professional Originalbetriebsanleitung Seite 198

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
198 | Македонски
Префрлање од HM/TC во HSS
Рендињата опремени со HM/TC-сечила може да се
сменат во HSS-сечила за ренде.
– Одвртете ги 3-те завртки за прицврстување (14) со
Torx-клучот (13) и извадете ја стезната челуст (15).
– Извадете го заштитниот држач (19) заедно со
сечилото на рендето (18) одн. HM/TC-адаптер (37) од
главата на сечилото (16).
– Извадете ги завртките (20).
– Монтирајте го составеното HSS-сечило за ренде (види
„Монтирање на сечилото за ренде (види слики E–F)",
Страница 197) и израмнете го на средината на
подлогата на рендето (11).
– Поставете ја стезната челуст (15) и затегнете ги 3-те
завртки за прицврстување (14) со Torx-клучот (13).
Притоа придржувајте се до наведениот редослед на
затегнување на стезната челуст (15) (①②③).
Всисување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или
заболувања на дишните патишта на корисникот или
лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат за канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест смеат да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Избегнувајте собирање прав на работното место.
u
Правта лесно може да се запали.
Редовно чистете го исфрлувачот на струготини (3). За
чистење на затнатиот исфрлувач на струготини користете
соодветен алат на пр. дрвено парче, компресиран воздух
итн.
Не ги фаќајте исфрлените струготини со раце. Може
u
да се повредите од ротирачките делови.
Заради обезбедување на оптимално всисување
постојано користете надворешен уред за всисување или
вреќичка за прав/струготини.
Надворешно всисување (види слика N)
На исфрлувачот за струготини од двете страни може да
се приклучи црево за всисување (Ø 35 mm) (28)
(опрема).
Поврзете го цревото за всисување (28) со всисувач за
прав (опрема). Прегледот за приклучување на
1 609 92A 8GN | (16.05.2023)
различните видови на всисувачи за прав ќе го најдете на
крајот од ова упатство.
Всисувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При всисување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален всисувач.
Сопствено всисување (види слика N)
Кај поситните работи може да приклучите вреќичка за
прав/струготини (опрема) (29). Млазниците за
всисување зацврстете ги на исфрлувачот на струготини
(3). Празнете ја вреќичката за прав/струготини (29)
редовно, за да остане оптимално собирањето на прав.
Избор на правецот на исфрлање на струготините
Со рачката за поместување (10) може да се подеси
исфрлувачот на струготини (3) кон десно или лево.
Притиснете го лостот за селекција (10) додека не се
вклопи во крајна позиција. Избраниот правец ќе се
прикаже со ознака со стрелка на лостот за селекција
(10).
Употреба
Ставање во употреба
Подесување на длабочината на стругање
Со вртливото копче (2) може да се подеси длабочината
на стругање бесстепено од 0–2,6 mm со помош на
скалата за длабочина на стругање (1) (поделба на
скалата = 0,1 mm).
Вклучување/исклучување
Проверете дали можете да го притиснете
u
прекинувачот за вклучување/исклучување, без да
ја отпуштите рачката.
За ставање во употреба на електричниот алат најпрво
активирајте ја блокадата при вклучување (4) и потоа
притиснете го прекинувачот за вклучување/
исклучување (5) и држете го притиснат.
За да го исклучите електричниот алат, отпуштете го
прекинувачот за вклучување/исклучување (5).
Напомена: Поради безбедносни причини прекинувачот
за вклучување/исклучување (5) не се блокира, туку мора
постојано да се држи притиснат за време на работата.
Совети при работењето
Пред било каква интервенција на електричниот
u
алат (на пр. одржување, замена на алат итн.) како и
при негов транспорт и складирање, извадете ја
батеријата од него. При невнимателно притискање на
прекинувачот за вклучување/исклучување постои
опасност од повреди.
Држач на рендето при паузирање (види слика O)
Држачот на рендето при паузирање (32) овозможува
запирање на електричниот алат веднаш по работниот
процес без опасност од оштетување на делот што се
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis