Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Чистење; Свеќичка; Гориво; Навртки И Шрафови За Фиксирање - ST. SpA ST 526 A Gebrauchsanweisung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 83
• Надополнете ако нивото е под
знакот за „MAX" (сл. 15)
• За правилната постапка за
замена, видете пасус 7.3.2
Не преполнувајте бидејќи тоа
може да доведе до прегревање на
моторот. Ако нивото е над знакот
за „МАХ", испуштете масло додека
не го достигнете точното ниво.
ЗАБЕЛЕШКА Видете ја „Табелата со
технички податоци" за типот на маслото.
7.3.2 Замена
Моторното масло може да биде многу
врело ако се дојде во контакт со него
веднаш по застанување на моторот. Затоа,
оставете го моторот да се лади неколку
минути пред да го извадите маслото.
Менувајте го маслото согласно периодите
дадени во „Табелата за одржување".
Менувајте го маслото почесто ако
моторот работи во тешки услови.
Постапете како што следи:
1. Поставете ја машината на
рамна површина.
2. Поставете го садот за собирање
соодветно на цевката за празнење.
3. Извадете го капачето за
полнење масло (сл. 13.K).
4. Извадете го капачето за
празнење (сл. 13.Ј).
5. Соберете го маслото во садот.
6. Затворете го капачето за
празнење на маслото.
7. Исчистете ако ви се пролеало од маслото.
8. Наполнете ново масло. Видете
„Табела со технички податоци"
за количината на маслото.
9. По секое полнење, запалете го моторот
и оставете го на минимум 30 сек.
10. Проверете дали ви протекува масло.
11. Изгасете го моторот. Почекајте 30
секунди и проверете го нивото ма маслото
одново. Ако е неопходно, видете и
„контрола/дополнување" (пасус 7.3.1).
ВАЖНО Однесете го маслото за
фрлање согласно локалните закони.
7.4 ЧИСТЕЊЕ
Вршете ги постапките за чистење
со изгасната машина. Не обидувајте се
да го чистите снегот од отворот пред:
• Да ја пуштите командата за сечивото.
• Да го изгасите моторот.
• Да го извадите клучот за палење.
Секогаш чистете ја машината по
употребата. За чистење, придржувајте
се до следните упатства:
• Користете ја лопатката (сл. 1.I) за чистење
на отворот за исфрлање и за чистење на
машината кога на неа има остатоци од снег.
• Чистете го моторот со четкичка и/
или воздух под притисок.
• Не истурајте вода директно врз моторот.
• По чистењето со вода, запалете ја
машината и свртете го сечивото за да ја
отстраните водата којашто може да навлезе
во перничињата и да предизвика дефект.
ВАЖНО никогаш не користете
вода под висок притисок. Може да
ги оштети електричните делови.
7.5 СВЕЌИЧКА
Однесете ја машината кај овластен сервисер
ако треба да се работи на свеќичката.
Погледнете ги табелата за одржување
и табелата за несоодветна работа за
соодветни интервенции на свеќичката.
7.6 ГОРИВО
Горивото е одредено од произведувачот.
Погледнете ја табелата за несоодветна
работа за да проверите дали е неопходно да
интервенирате кај горивото (поглавје 12).
7.7 НАВРТКИ И ШРАФОВИ
ЗА ФИКСИРАЊЕ
• Сите завртки, навртки и лостови одржувајте
ги соодветно зацврстени за да сте сигурни
дека косачката е безбедна за работа.
• Редовно проверувајте дали навртките
за фиксирање на отворот за
исфрлање се затегнати правилно.
7.8 ОСКА НА СЕЧИВОТО
За да го олесните вртењето на сечивото,
треба да ги подмачкувате повремено
спојниците (сл. 16.A) на оската за сечивото
со помош на подмачкувач и шприц.
За подмачкување:
– Извадете ги капачињата и
безбедносните клинови (сл. 16.B).
– Подмачкајте ги спојниците (сл. 16.A) и
свртете го сечивото врз оската неколку
пати за да овозможите маслото да се
разнесе нив внатрешноста на оската.
MK - 12

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

As 56 pAs 62 pAs 62 pb

Inhaltsverzeichnis