Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GCM 10 SD Professional Originalbetriebsanleitung Seite 308

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GCM 10 SD Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 12
OBJ_BUCH-1128-004.book Page 308 Wednesday, April 15, 2015 4:58 PM
308 | Македонски
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Вшмукувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот уред и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
– Почекајте додека листот на пилата целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Сопствено вшмукување (види слика C)
– Прицврстете го адаптерот за вшмукување 45 на
исфрлувачот на струготини 46.
– Прикачете ја вреќата за прав 1 цврсто на адаптерот за
вшмукување 45.
За време на сечењето, вреќичката за прав и адаптерот за
вшмукување никогаш не треба да дојдат во допир со
подвижните делови на уредот.
Редовно празнете ја вреќичката за прав.
Надворешно вшмукување
За вшмукување, на адаптерот за вшмукување 45 може да
приклучите и црево за вшмукување на прав (Ø 32 mm).
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Замена на алатот (види слики D1–D3)
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
Употребувајте само листови за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен апарат.
Користете само листови за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само листови за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен апарат и со погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи
прекумерно загревање на запците на пилата за време на
сечењето.
Вадење на листот од пилата
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Олабавете ги завртките 49 и 50 со испорачаниот
крстест одвртувач 33.
Не ги одвртувајте целосно завртките.
– Притиснете на лостот за блокада 41 и навалете ја
осцилаторната заштитна хауба 8 наназад до крај.
– Свртете ја шестаголната завртката 49 со испорачениот
цевчест клуч 33 и истовремено притиснете ја блокадата
на вретеното 40 додека не се вклопи.
1 609 92A 19J | (15.4.15)
– Држете ја притисната блокадата на вретеното 40 и
одвртете ја завртката 49 во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја подлошката 50 и стезната прирабница 51.
– Извадете го листот за пилата 7.
Монтирање на листот за пилата
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Ставете го новиот лист за пила на внатрешната стезна
прирабница 52.
 При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на листот за пилата)
да се совпаѓа со правецот на стрелката на
осцилаторната заштитна хауба!
– Поставете ја прирабницата за затегање 51, подлошката
50 и шестаголната завртка 49.
Притиснете го блокирањето на вретеното 40 се додека
не се вклопува и затегнете ја шестаголната завртка 49
со испорачениот цевчест клуч 33 на спротивната
страна на стрелките на часовникот со вртежен момент
на затегнување од околу 15–23 Nm.
– Притиснете на лостот за блокада 41 и водете ја
осцилаторната заштитна хауба 8 повторно надолу.
– Повторно затегнете ги завртките 49 и 50.
Употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Транспортен осигурувач (види слика E)
Транспортниот осигурувач 26 Ви овозможува лесно
ракување на електричниот апарат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот апарат
(работна позиција)
– Притиснете ја рачката на апаратот на дршката 5 надолу,
за да го отклучите транспортниот осигурувач 26.
– Повлечете го транспортниот осигурувач 26 сосема
нанадвор и свртете го за 90°. Оставете го
транспортниот осигурувач да се вклопи во оваа
позиција.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Прицврстување на електричниот апарат
(позиција за транспорт)
– Олабавете ја завртката за фиксирање 29, доколку
истата е затегната. Извлечете го кракот на алатот
целосно нанапред и повторно затегнете ја завртката за
фиксирање.
– Завртете го граничникот за длабочина 59 целосно
нагоре. (види „Подесување на граничникот за
длабочина", страна 311).
– За фиксирање на масата за пила 16 затегнете го
копчето за фиксирање 12.
– Повлечете го транспортниот осигурувач 26 сосема
нанадвор и свртете го за 90°. Оставете го
транспортниот осигурувач да се вклопи во оваа
позиција.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis