Подготовка за складирање [во долги периоди на мирување]
1) Исчистете ги филтрите за воздух.
2) Во влажни или мокри климаткси услови, работете во режимот на Фенот, сė додека
уредот не се исуши.
3) Исклучете го клима уредот преку далечинскиот упрувувач и отстранете ги батериите.
4) Извлечете го кабелот од изворот на напојување.
Повторно користете го по складирањето
1) Повторно вклучете го кабелот во изворот на напојување.
2) Почекајте 24 часа, ако амбиенталната температура е ниска (за моделот инвертер).
3) Вратете ги батериите во далечинскиот управувач и вклучете го уредот.
Превентивно одржување
Редовно проверувајте го уредот за:
1. Прекинат проток на воздух низ внатрешната и надворешната единица.
2. Протекување на вода или масло.
3. Оштетени или неповрзани жици
ВНИМАНИЕ
Металните делови можат да имаат остри рабови, кои можат да предизвикаат повреди.
Пазете се!
Редовното одржување на високо ниво, на внатрешната и надворешната единица,
е од суштинско значење.
- ОДРЖУВАЊЕ од страна на стручни лица е потребно за длабоко чистење, подмачкување
и проверка на функциите, на сите критични компоненти.
- Не обидувајте се таквата работа да ја извршите сами.
- Контактирајте соодветен добавувач на услуги.
12