Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Hellberg Xstream Multi-Point Gebrauchsanweisung Seite 63

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Полнење на батеријата
Наполнете ги слушалките пред првата употреба!
Од безбедносни причини, сите функции на слушалките автоматски се исклучуваат при полнење.
Слушалките се полнат кога ќе бидат поврзани со напојување преку USB.
Користете го кабелот USB што е доставен со слушалките (B:4). Проверете дали кабелот за полнење е правилно поврзан
со приклучокот за полнење на слушалките (A8) и напојувањето преку USB (на пр. USB-приклучок на компјутер или во
автомобил, или адаптер за полнење на вашиот мобилен телефон).
Осигурете се дека напојувањето е од типот LPS и е одобрено според локалните закони за електронски уреди.
Спецификации на напојувањето: Излез DC 5V 1000 mA (ограничен извор на напојување - LPS).
Кога се полнат, LED сијаличката на слушалките (А11) ќе трепка зелено.
Кога батеријата е целосно наполнета, LED сијаличката се менува во полна зелена боја.
Исклучете го кабелот за полнење кога слушалките се целосно наполнети.
Целосното полнење трае околу 4 часа.
Времетраењето на батеријата е околу 80 часа со активна врска Bluetooth® (A2DP и/или HFP, HSP).
Времето за режим на мирување е 150 часа.
Важно!
• Никогаш не ги оставајте слушалките без надгледување кога се полнат.
• Не ги користете слушалките кога батеријата се полни.
• Користете само напојување како што е наведено од производителот.
• Полнете ги слушалките само на собна температура (10-25 °C, 50-77 °F).
• Овој производ содржи вградена батерија Li-ion која може да се замени само од страна на овластен сервисен персонал.
• Не обидувајте се на кој било начин да го отворите делот со батеријата и не го расклопувајте или кршете и не
изложувајте ја батеријата на екстремна топлина или пожар.
• Оперативен температурен опсег за електронските функции: од -20°C (-4°F) до +55°C (+120°F).
• Ако овие упатства се следат, мала е веројатноста дека производот ќе претставува опасност во рамките на значењето
на EN 60950-1.
Делови (сл. A)
A1: Термопластичен носач за глава
А2: Термопластичен приклучок на шлем/капа
A3: Заменлива облога од пена
А4: Заменливи ушни перничиња со пена
A5: Заменливо перниче за главата со пена
A6: Засолнувач за прицврстување на микрофонот
A7: Микрофони што се приспособуваат според нивото на бучава
A8: Приклучок за полнење
А9: Приклучок за додатокот микрофон на држач
А10: Микрофон
А11: LED сијаличка
A12: Намалување на јачината на звук и претходна песна
A13: Зголемување на јачината на звук и следна песна
A14: Копче On/Off
A15: Копче што се приспособува според нивото на бучава
Додатоци и резервни делови (сл. B)
B:1. Прибор за хигиена: 99403-001
B:2. Впивачи за пот: 99900-001
B:3. Микрофон за на стакло: 16999-001
B:4. Кабел за полнење USB: 39926-001
B:5. Микрофон на држач: 16982-001
B:6. Микрофони за на стакло според нивото на звукот во околината: 1059-001
B:7. Резервен стегач за глава со електроника: 26046-915
B:8. Резервна рачка за шлемот (пар): 26108-910
Замена на приборот за хигиена (сл. D)
1. Отстранете го стариот придушувач на звук и ставете го новиот.
2. Отстранете го старото ушно перниче.
3. Поставете го новото ушно перниче над просторот.
4. Притиснете со прстот по надворешниот дел од ушното перниче додека не се прицврсти целосно околу рабовите.
5. Отстранете го старото перниче за главата и ставете го новото.
Одобрение и технички податоци (E)
E:1) Носач за глава
E:2) Шлем/капа поставена
Е:3) Тестирано и одобрено според (стандарди)
Е:4) Тежина
Е:5) Средно придушување
Е:6) Стандардна девијација
Е:7) Претпоставена вредност на заштита
E:8) Тестирано од (овластен орган)
E:9) Големина: S, M и L
63

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Verwandte Produkte für Hellberg Xstream Multi-Point

Diese Anleitung auch für:

Xstream

Inhaltsverzeichnis