Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Hellberg Xstream Multi-Point Gebrauchsanweisung Seite 62

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Поврзување со втор уред со Bluetooth®
1. Повторно влезете во режим на спарување така што ќе ги притиснете и држите притиснати двете копчиња за јачина на
звук во рок од 2 секунди. Со звучен сигнал ќе се потврди режимот на спарување, па првиот спарен уред привремено ќе
се исклучи додека е спарен вториот уред.
2. Стартувајте ја функцијата Bluetooth® на вториот уред и побарајте го и поврзете го со Hellberg Xstream MP. Со звучен
сигнал ќе се потврди дека е поврзан уредот 2.
3. Повторно поврзете се со уредот 1 со тоа што ќе го изберете Hellberg Xstream MP на екранот на уредот 1. Со звучен
сигнал ќе се потврди дека е поврзан уредот 1.
ВАЖНО! Ако се поврзани 2 уреда, слушалките ќе ја активираат функцијата за гласовно бирање на првоспарениот уред,
или на уредот што го има последниот појдовен повик.
Непрекинат тек на музика од уред со Bluetooth®
1. Вклучете ги слушалките (видете ги претходните чекори).
2. Стартувајте го репродукторот за музика на телефонот (или на друг уред).
3. Пуштете музика/паузирајте со кратко притискање на копчето On/Off.
4. Прилагодете ја јачината на звукот со притискање на копчињата за јачина на звук ЗГОЛЕМИ/НАМАЛИ (A12, A13).
5. Преминете на следната песна со притискање и задржување на копчето за јачина на звукот ЗГОЛЕМИ за 2 секунди.
6. Пуштете ја песната од почеток со притискање и задржување на копчето за јачина на звукот НАМАЛИ за 2 секунди.
7. Одете на претходната песна со притискање и задржување на копчето за јачина на звукот НАМАЛИ за 4 секунди.
Одговарање/Завршување/Одбивање повик
Повеќето телефони испраќаат свој сигнал до слушалките. Ако не, 7 различни тонови укажуваат на дојдовен повик.
1. Одговорете на повик со кратко притискање на копчето On/Off. 4 тона што се засилуваат потврдуваат дека повикот
е воспоставен.
2. Прекинете повик со кратко притискање на копчето On/Off. 4 тона што се намалуваат потврдуваат дека повикот
е одбиен.
3. За да одбиете повик, притиснете го и задржете го притиснато копчето On/Off за 2 секунди. 2 тона ќе ви потврдат.
Гласовно избирање од слушалките преку поврзан телефон
Проверете во упатството за користење на вашиот телефон дали поддржува гласовно избирање.
1. Притиснете го и задржете го притиснато копчето за вклучување/исклучување On/Off за 3 секунди и потоа го
ослободете. Звучен сигнал потврдува дека функцијата е активирана.
2. Изговорете ја наредбата за гласовно избирање.
Повеќето телефони што поддржуваат гласовно контролирано избирање ќе испратат сигнал за потврда кога ќе ја
изговорите наредбата за гласовно избирање.
Приспособување на јачината на звукот за време на повик
1. Зголемете ја јачината на звукот со притискање на копчето за јачина на звукот ЗГОЛЕМИ (A13)
2. Намалете ја јачината на звукот со притискање на копчето за јачина на звукот НАМАЛИ (A12)
Прекината врска Bluetooth®
Ако врската Bluetooth® е прекината поради пречекорување на опсегот (повеќе од 10 метри), во слушалките ќе се
слушнат 3 тона и тие автоматски повторно ќе се поврзат кога ќе се наоѓате во опсегот. Ако не е воспоставена врска
во рок од 4 часа, слушалките автоматски ќе се исклучат. Притиснете го и задржете го притиснато копчето On/Off за 3
секунди за да ги рестартирате слушалките.
Функција „Активно слушање" што се приспособува според нивото на бучава
Притиснете го и задржете го копчето LD (А15) за да ја вклучите функцијата „Активно слушање". Звучен сигнал потврдува
дека функцијата е активирана.
Јачината на звукот е прилагодлива на 5 нивоа. Прилагодувајте ја јачината на звукот со притискање на копчето LD
(A15) се додека не го достигнете посакуваното ниво на јачина на звукот. Кога ќе достигнете до ниво 5, звучен сигнал
ќе потврди дека сте го достигнале максималното ниво. За да се вратите на ниво 1 за јачината на звукот, повторно
притиснете го копчето LD.
Притиснете го и задржете го копчето LD (А15) за да ја исклучите функцијата „Активно слушање".
Слушалките ја запаметуваат последната подесена јачина на звукот при следното вклучување на функцијата за активно
слушање. За употреба во ветровита средина, се препорачува да ги поставите двата вклучени штитници за ветар
(В:6). Отстранете го заштитниот слој и поставете го штитникот за ветар совршено центриран над микрофоните што се
приспособуваат на нивото на бучава (А7).
• Овој заштитник за слух е обезбеден со функција за придушување, кое зависи од нивото на звукот во околината.
Корисникот треба да го провери правилното функционирање пред употреба. Доколку корисникот открие дека
заштитникот за слух има неправилна функција или дефект, треба да се повика на советите на производителот за
одржување и замена на батеријата.
• Предупредување! Излезното ниво на гласност на овој заштитник на слух може да го надмине нивото на надворешниот
звук.
Аудио со широкопојасен опсег
Xstream Multi-Point моделите имаат поддршка „Аудио со широкопојасен опсег" (HD глас) кога е тоа достапно од страна
на операторот на телефонска мрежа.
Предупредување за слаба батерија
Кога моќта на батеријата се намалува и останува приближно еден час од максималното време за работа, во слушалките
ќе се слушне сигнал од 3 тона. Тогаш батеријата треба да се наполни што е можно побрзо. Слушалките ќе се исклучат
кога батеријата ќе се потроши.
62

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Verwandte Produkte für Hellberg Xstream Multi-Point

Diese Anleitung auch für:

Xstream

Inhaltsverzeichnis