Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Hellberg Local 446 Gebrauchsanweisung Seite 72

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für Local 446:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 10
MAX). Пониска граница може да го зголеми дометот на радиосигналот, но може да создаде простор за повеќе бучава.
TX allow (заклучување на зафатен канал)
Функцијата TX allow се конфигурира кога радиопреносот е овозможен од слушалките. Поставката влијае на преносите
активирани со копчето PTT, како и на функционалноста VOX. Кога преносот е спречен, како повратна реакција се
огласуваат два опаѓачки тона. TX allow може да се конфигурира во следниве поставки:
Секогаш: преносот е дозволен секогаш
Слободен канал: преносот е дозволен ако каналот е слободен
Потканал што се совпаѓа: преносот е дозволен ако каналот е слободен или ако на истиот потканал (што се совпаѓа) се
одвива конфликтен пренос
Потканал што не се совпаѓа: преносот е дозволен ако каналот е слободен или ако на друг потканал (што не се
совпаѓа) се одвива неусогласен пренос
TX power
Ја поставува моќноста со којашто слушалките го пренесуваат радиосигналот (LO, MED, HI). Поголема моќност може да
го прошири дометот или да го подобри приемот за други лица во проблематични средини. Со помала моќност се троши
помалку батерија при преносот и се продолжува времето на работа. TX power автоматски се намалува од HI на MED
кога батеријата се празни. Вредноста HI на TX power не се препорачува кога се користат алкални батерии, бидејќи така
се намалува времето на работење.
Sidetone (Јачина на вашиот глас при пренос)
Репродукција на пренесениот звук во слушалките (OFF, 1, 2, 3, 4, MAX). Потврдува дека преносот е активиран и му
помага на корисникот да зборува со нормална јачина.
Напредно мени
Кога дисплејот е во својот почетен екран, притиснете и задржете на копчињата за движење нагоре и надолу за да
влезете во напредното мени
<Voice> Деактивирање на гласовните пораки за навигација и поставки, <ON, OFF>
<Display Flip> Промена на ориентацијата на дисплејот <ON, OFF>
<Version> Верзија и сериски број
<Reset> Враќање на фабрички поставки. Потврдете со копчето за движење нагоре или надолу.
Функција за штедење на батеријата
Слушалките имаат вградена функција за штедење на батеријата којашто ги исклучува слушалките кога не се користат.
Кога во рок од 10 минути не е детектирано никакво движење, слушалките се исклучуваат, во спротивно се исклучуваат
по 2 часа неактивност.
Предупредување за слаба батерија
Кога се намалува капацитетот на батеријата и остануваат уште 10 %, во слушалките се огласува гласовна порака „слаба
батерија". Тогаш, батеријата треба да се наполни што е можно побрзо. Слушалките ќе се исклучат кога батеријата ќе се испразни.
Замена на батерии
Одвртете ја рачната завртка (А18) со којашто е прицврстена единицата за батерии (А17).
Отстранете ја единицата за батерии од лежиштето на слушалките. Заменете ги батериите и
притоа внимавајте на насоката на поставување. Слушалките можат да работат и на батерии на
полнење (HR6 NiMh) и на батерии за еднократна употреба тип AA 1,5 V. Употребувајте алкални
батерии само за краткотрајна употреба, бидејќи со нив времето на работа е пократко. Користете
батерии само од наведените типови. Предупредување! Ако се користат други видови на батерии
од оние што се назначени, може да настане ризик од експлозија. Фрлете ги искористените
батерии според локалните закони. Бидете внимателни и погрижете се заптивката да биде добро
поставена околу рабовите на делот на слушалките каде што се поставуваат батериите. Вратете
ја единицата за батерии на место така што јазичето на долниот дел да биде вметнато во отворот. Полека затегнете ја
завртката.
Полнење на батериите
Кога се користат батерии за еднократна употреба, никогаш не поврзувајте полнач на слушалките. Наполнете ги
батериите на полнење пред првата употреба.
Од безбедносни причини, сите функции на слушалките автоматски се исклучуваат при полнење.
Единицата за батерии/слушалките се полнат кога ќе бидат поврзани со напојување преку USB. Користете само
полнач што е одобрен според локалните прописи за електронски уреди. Користете го кабелот USB што е доставен со
слушалките (B:4). Проверете дали кабелот за полнење е правилно поврзан во приклучокот за полнење (А8). Батериите
мора да бидат ставени пред да се вметне кабелот за полнење.
Спецификации на напојувањето: Излез DC 5V 1000 mA (ограничен извор на напојување - LPS).
За време на полнење, LED сијаличката (А11) ќе трепка во зелена боја. Кога батеријата е целосно наполнета,
LED сијаличката почнува непрекинато да свети во зелена боја.
Доколку за време на полнењето се детектира некаква грешка, LED сијаличката брзо ќе трепка во зелена боја.
Кога слушалките ќе бидат целосно наполнети, исклучете го кабелот за полнење.
Важно!
Употребувајте AA NiMh батерии на полнење како оние што се вклучени со производот или батерии со слични
карактеристики.
Никогаш не употребувајте батерии со напон поголем од 1,5 волти.
Никогаш не оставајте ги единицата за батерии/слушалките без надзор додека се полнат.
Не користете ги слушалките додека се полнат батериите.
Користете само такво напојување и кабел како што е наведено од производителот.
Полнете ги слушалките само на собна температура (10-25 °C, (50-77 °F)).
Немојте да ги расклопувате, кршите или изложувате батериите на екстремна топлина или оган.
Ако не го користите уредот подолго време, извадете ги батериите од единицата за батерии.
Ако овие упатства се следат, мала е веројатноста дека производот ќе претставува опасност во рамките на значењето на EN 60950-1.
72

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis