Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Упатство За Користење - Hellberg Local 446 Gebrauchsanweisung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für Local 446:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 10
Local
MK
Упатство за користење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Овој заштитник за слухот е наменет за заштита на корисникот од опасни нивоа на бучава кога е поставен во согласност
со ова упатство за употреба. Секоја друга употреба не е планирана и затоа не е дозволена. Важно е да се следат
упатствата за употреба. Ако не ги следите упатствата, може да дојде до драстично намалување на придушувањето на
бучавата, што може да доведе до сериозни повреди.
Внимателно прочитајте го ова упатство за употреба!
•Во бучни средини, заштитникот за слух мора да се носи постојано за да обезбеди целосна заштита! Целосна заштита
се обезбедува само ако се носи 100% од времето.
•Во бучна средина, не отстранувајте го заштитникот за да ги промените поставките. Користете го системот за мени со
гласовен водич додека го носите заштитникот.
•Чујноста на предупредувачките сигнали на одредено работно место може да биде нарушена поради прекумерната
заштита кога се користи заштитник за слух со преголеми перформанси за придушување на бучавата во однос на
бучната средина.
•Кога користите заштита на слухот со функции за аудиозабава, не заборавајте да ја приспособите јачината на звукот
додека работите во бучна средина, за да може да ги слушнете сите предупредувачки сигнали и др.
•Кај некои лица, прекумерниот звучен притисок од слушалките може да предизвика губење на слухот.
•Овој заштитник за слух се одликува со ограничување на нивоата на звучни сигнали од звучниците до максимални 82
dB(A) кај увото.
•Не користете го овој производ во потенцијално експлозивна атмосфера.
•Некои хемиски супстанции може да влијаат негативно врз овој производ. За дополнителни информации обратете се кај
производителот.
•Карактеристиките за придушување на бучавата на заштитниците за слух може драстично да се намалат кога, на
пример, се користат со дебели рамки за очила, маски за скијање/фантомки, итн.
•Користењето средства за хигиенска заштита или заштита од потење врз прстените за прицврстување може да ги
намали својствата за придушување на бучавата на заштитникот за слух.
•Штитниците за уши, а особено перничињата, може да се оштетат при употребата и затоа треба почесто да се
проверуваат за пукнатини или пропуштање.
•Веднаш фрлете го производот ако покажува знаци на пукање или оштетување.
•Приборот за хигиена треба да се менува најмалку двапати годишно. Изберете го вистинскиот комплет за хигиена за
вашиот заштитник за слух.
•Чистете го производот со благ сапун. Мора да бидете сигурни дека детергентот што го користите не предизвикува
иритација на кожата. Не потопувајте го производот во вода.
•Заштитникот за слух мора да се чува во сува, чиста средина, заштитен од директна сончева светлина, на пример во
оригиналното пакување.
•Проверете ја состојбата на батеријата и нивото на наполнетост за да знаете дали има доволно капацитет за време на
важна задача. Со тек на време, капацитетот на батеријата може да се намали.
•Пред да започнете со некоја важна задача, извршете проверка на комуникацијата за да проверите дали
конфигурацијата се совпаѓа
•Напомена: при радио-комуникација, само еден уред може да врши пренос. Уред не може да прима пораки за време
на пренос.
•Проверете дали за користените радиофреквенции е потребна лиценца или набавете лиценца во регионот во којшто работите.
МЕСТЕЊЕ И ПРИСПОСОБУВАЊЕ
Исчеткајте ја сета коса на страна од ушите и ставете ги штитниците за слух врз ушите така што ќе налегнат и ќе се
припојат удобно. Осигурете се дека вашите уши се целосно покриени со штитниците за уши и дека сте добиле еднаков
притисок околу ушите.
Стегач за глава (сл. C1)
Приспособете ја големината на носачот за глава така што заштитникот да стои удобно на темето на главата.
Приклучок за шлем (сл. C2, C3)
Притискајте го приклучокот на шлемот на заштитниците за слух во лежиштето на шлемот додека не се заклучи во
правилната положба. Поставете ги заштитниците за слух врз ушите и притискајте навнатре додека не слушнете звук во
вид на „кликнување". Прилагодете ги заштитниците за слухот и шлемот за да ги наместите во удобна положба.
Микрофон на држач (сл. C4)
Микрофонот на држач (А:6) треба да се постави на околу 1 cm од устата за најдобро потиснување на бучавата и
разбирливост на говорот. Микрофонот треба да биде свртен кон устата, а печатениот текст TALK да биде насочен кон
устата. За употреба во ветровита средина, монтирајте го штитникот за ветар (B:3).
УПАТСТВА ЗА КОРИСТЕЊЕ ЗА ДВОНАСОЧНА КОМУНИКАЦИЈА
Наполнете ги слушалките пред првата употреба! Погледнете го делот за полнење во упатството за користење.
Ракување
Исклучување/вклучување (ON/OFF): Притиснете и задржете на копчето за вклучување/
исклучување (А14) 4 секунди. За емитување на конфигурираниот канал, притиснете и задржете
на копчето PTT (A16). Ако е активирана функцијата VOX, само зборувајте во микрофонот.
За да ја вклучите/исклучите функцијата LD, притиснете го копчето LD (A15).
Конфигурација
•Конфигурацијата може да се изврши и кога ги носите слушалките на глава и кога ги држите
во раце.
Предупредување! Не отстранувајте ја заштитата за слух кога сте изложени на бучава.
•Целата навигација и конфигурација на поставки се води и потврдува преку гласовни пораки.
70

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis