Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Hellberg Local 446 Gebrauchsanweisung Seite 71

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für Local 446:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 10
•Стандардно, на дисплејот е покажан почетен екран со радиоканал и потканал, како и икони за функциите и показател
на батеријата.
•Стандардно, со горното и долното копче (A13 >) (A12 <) се менува јачината на радиопреносот
•Притиснете on/off за да влезете во менито
•Движете се низ поставките со копчињата за движење нагоре/надолу
•Притиснете на копчето за вклучување/исклучување за да влезете во режим на уредување на избраната поставка
•Користете ги копчињата за движење нагоре/надолу за да ја промените вредноста
•Потврдете ја поставката и излезете со копчето за вклучување/исклучување
•Системот за мени се враќа на почетниот екран автоматски, по 10 секунди неактивност, или пак рачно, со долго
притискање на копчето за вклучување/исклучување
Ставки на менито
<Channel>
Поставете го радиоканалот, <1-16*> (*може да се разликува во зависност
од регионот)
<Sub Ch>
Поставете го потканалот за селективно придушување (ако е активирано, ќе се слушаат преноси само
преку соодветниот канал) <OFF, 1-38>
<VOX>
Поставете гранична вредност за VOX. Пониска гранична вредност значи дека преносот се активира со
послаб сигнал од микрофонот <OFF, 1, 2, 3, 4, MAX>
<Squelch>
Поставете гранична вредност на придушувањето, <OFF, 1, 2, 3, 4, MAX>
<TX allow>
Со ова се поставува кога да биде дозволен пренос - секогаш, кога е слободен каналот, кога се совпаѓа
со потканал, кога не се совпаѓа со потканал
<TX power>
Поставете ја моќноста за пренос на радиосигналот, <LO, MED, HI>
<Sidetone>
Поставете ја јачината со којашто треба да се слуша вашиот глас во слушалките при пренос,
<OFF, 1, 2, 3, 4, MAX>
Функција „Активно слушање" што се приспособува според нивото на бучава
Притиснете го копчето LD (A15) за да ја вклучите функцијата што се приспособува според
нивото на бучава. Функцијата се потврдува со гласовна порака и на почетниот екран на
дисплејот ќе се прикаже симбол. Јачината на звукот може да се приспособува на 5 нивоа
(1, 2, 3, 4, МАКС.). Приспособувајте ја јачината на звукот со притискање на копчето LD сè додека не го достигнете
посакуваното ниво на јачина на звукот. Нивото ќе биде означено со звучна порака и на дисплејот. Притиснете и задржете
на копчето LD за да ја исклучите функцијата што се приспособува според нивото на бучава. Слушалките ја запаметуваат
последната поставена јачина на звукот при следното вклучување на функцијата што се приспособува според нивото на
бучава.
За употреба во ветровита средина, се препорачува да ги поставите двата вклучени штитници за ветар (В:6). Отстранете
го заштитниот слој и поставете го штитникот за ветар совршено центриран над микрофоните што се приспособуваат на
нивото на бучава (А7).
Овој заштитник за слух е обезбеден со функција за придушување што се приспособува според нивото на бучава.
Корисникот треба да го провери правилното функционирање пред употреба. Доколку корисникот открие
изобличување или дефект на заштитникот за слух, треба да ги прочита советите на производителот за
одржување и полнење на батеријата.
Предупредување! Излезното ниво на гласност на овој заштитник на слух може да го надмине нивото на
надворешниот звук.
Јачина на радиосигнал
Јачината на дојдовниот радиосигнал може да се конфигурира со копчињата за движење нагоре и надолу (A13 >) (A12 <).
Јачината на звукот може да се приспособува на 5 нивоа (OFF, 1, 2, 3, 4, MAX). Радиото може да се исклучи со
намалување на јачината на звукот, притискање и задржување на копчето за движење надолу кога е поставено на ниво
на јачина 1. Известување за исклучување на радиото се слуша во интервали од 10 минути. За да го вклучите радиото,
зголемете ја јачината на звукот.
PTT (Push To Talk - Притисни за говор)
За пренос на избраниот радиоканал, притиснете и задржете на копчето PTT (A16). Пуштете го копчето за да го запрете преносот
Радиоканал (фреквенција)
Во табела Е:12 се наведени достапни канали и фреквенции. Кога на еден ист канал се конфигурирани два (или повеќе)
радио-уреди, тие може да комуницираат меѓусебно.
Потканал (селективно придушување)
Користењето потканали им овозможува на повеќе групи да го користат истиот радиоканал без да си попречуваат. Кога
е активиран овој режим, преносите се кодирани во потканалот и само пораките што се примени на истиот потканал
ќе може да се слушнат. Една единица со исклучен потканал ќе ги слуша преносите од сите групи на потканали.
Групирањето по потканали се постигнува така што единиците што емитуваат сигнал се преклопуваат со тон на звукот
што се пренесува и којшто приемните единици можат да го детектираат и да го отворат селективното придушување. Во
табела Е:13 се наведени достапни потканали и нивните фреквенции на тон.
VOX (Voice Operated Transmission - Пренос што се управува со гласот)
Кога е активирана функцијата VOX, радиопреносот започнува автоматски кога сигналот на говорот од микрофонот е над
одредено ниво (граница). За да ја овозможите/оневозможите функцијата VOX и да ја поставите посакуваната граница
(OFF, 1, 2, 3, 4, MAX), притиснете двапати на копчето PTT или користете го менито. Помала граница овозможува послаб
сигнал на говор да го активира преносот. Кога заднинската бучава е повисока, можеби ќе биде потребна повисока
граница за да се спречи лажно активирање или пренос. Кога функцијата е овозможена, на почетниот екран на дисплејот
се прикажува симбол VOX. Исто така, кога е овозможена функцијата VOX, може да се користи копчето PTT за рачно
контролирање на преносот.
Напомена: за сигурно активирање на VOX и јасна комуникација, микрофонот треба да биде правилно свртен и поставен
на 1 cm од вашата уста.
Придушување (потиснување на бучавата во радиосигнал)
Бучавата од радиоприемот се блокира кога дојдовниот сигнал е под поставената граница на придушување (1, 2, 3, 4,
71

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis