Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Општа Безбедност; Полнење Гориво - Makita EM407MP Originalbetriebsanleitung

Rotierender scherenaufsatz
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 29
Сервисирање
Вашиот електричен алат сервисирајте го
1.
кај квалификувано лице за поправки, кое
користи само идентични резервни делови.
Така ќе бидете сигурни дека електричниот алат
и понатаму е безбеден.
Никогаш не сервисирајте оштетени
2.
батерии. Сервисирањето на батериите треба
да ги извршува само производителот или
овластените сервисери.
3.
Следете ги упатствата за подмачкување и за
менување на додатните делови.
Безбедносни предупредувања за
вртливите ножици
Поимот „машина" во предупредувањата и мерките
на претпазливост се однесува на комбинацијата на
вртливите ножици и уредот за напојување.
Поимот „мотор" во предупредувањата и мерките
на претпазливост се однесува на моторот или
електричниот мотор на уредот за напојување.
Општа безбедност
1.
Операторот кога работи прв пат или е
неискусен треба да побара обука за сите
работи со машината од продавачот. Никогаш
не дозволувајте деца и лица со намален
физички, сензорен или ментален капацитет
или без искуство и знаење или, пак, лица
кои не се запознаени со упатствата да ја
користат машината.
2.
Позајмување на машината е препорачливо
на лица кои имаат докажано искуство со
истата. Секогаш предавајте го упатството за
користење.
3.
Бидете внимателни, гледајте што правите и
користете го здравиот разум кога ракувате
со машината. Не користете ја машината
кога сте уморни, болни или под влијание на
дрога, алкохол или лекови. Еден момент на
невнимание при употребата на машината може
да доведе до сериозни телесни повреди.
4.
Избегнувајте користење на машината при
лоши временски услови, особено кога има
ризик од грмотевици.
Следете ги сите национални и локални
5.
прописи за употребата на електричните
машини на отворено.
Наменета употреба на машината
Оваа машина е наменета само за сечење трева,
плевел, грмушки и честак. Никогаш не користете
ја машината за никакви други намени. Употребата
за ненаменети цели може да резултира со сериозни
повреди.
Лична заштитна опрема
1.
Секогаш носете груби и долги панталони,
цврсти чизми, ракавици и маица со долги
ракави. Не носете широка облека, накит,
кратки панталони, сандали и не одете боси.
Обезбедете ја косата, така што ќе ви биде
над рамената.
2.
Секогаш носете шлем онаму каде што има
ризик од паѓачки објекти.
3.
Носете заштита за ушите, како што се
штитници за уши. Изложувањето на бучава
може да предизвика губење на слухот.
4.
Секогаш носете цврсти чевли со ѓонови што
не се лизгаат. Тоа ги штити стапалата од повреди
и осигурува стабилна потпора со нозете.
5.
По потреба, носете маска за прав.
Подготовка пред употреба
1.
Пред употребата, секогаш проверувајте
дали машината е безбедна за користење:
Проверете дали протекува гориво.
Осигурете се дека сите спојки се на
место и обезбедени.
Заменете ги оштетените делови.
Осигурете се дека алатот за сечење
е правилно инсталиран и безбедно
прицврстен.
Осигурете се дека заштитникот на
алатот за сечење е правилно прикачен
на позицијата како што е опишано во
ова упатство.
Проверете го активаторот на
регулаторот, лостот за одблокирање
и другите контролни прекинувачи
за непречено дејство и соодветна
функција.
Исчистете ги рачките за соодветна
контрола врз машината.
Осигурете дека рачките се инсталирани
како што е опишано во ова упатство.
Непочитувањето на тие инструкции може да
предизвика сериозни повреди.
2.
Користете остро сечило. Отстранете ги
сечилата што се свиткани, извиткани,
испукани, скршени, изделкани или оштетени
на каков било начин. Ако сечилото е тапо,
поверојатно е дека ќе закачува и ќе предизвика
повратен удар.
3.
Секогаш користете ги сите потребни
делови за правилно местење на сечилото.
Неправилно зацврстените делови може
да предизвикаат сечилото да одлета и
сериозно да го повреди операторот и/или
набљудувачите.
Полнење гориво
1.
Запрете го моторот пред да полните гориво.
Чувајте го настрана од отворен пламен
и искри. Никогаш не пушете за време на
полнењето гориво. Во спротивно, може да
дојде до пожар и/или експлозија.
2.
Полнете гориво на отворено. Полнење
гориво во затворена просторија може да
предизвика експлозија од пареата од горивото.
Избегнувајте контакт со гориво или
3.
моторно масло. Не вдишувајте ја пареата од
горивото. Ако се истури гориво или масло,
веднаш избришете го од машината и/или
од земјата. Ако се истури гориво на вашата
облека, веднаш пресоблечете се за да
спречите нејзино запалување.
318 МАКЕДОНСКИ

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis