Инсталација - за специјализираниот техничар
Уредот можете долу да го прицврстите со два допол-
нителни шрафа. Ова е потребно кога го монтирате
уредот со приклучоци за вода на завршен ѕид (мон-
тажа на завршен ѕид).
9.2.5 Подготовка на кабелот за приклучување на
струја
≥ 30
9.2.6 Зашрафување на двојниот приклучок
» Задихтувајте ги двата двојни приклучока пред да
ги зашрафите. Зашрафете ги двата двојни при-
клучока во ѕидните плочи.
» Оставете го доводот на студена вода добро да
истече!
совет
Затворачкиот вентил во доводот за студена вода
не смеете да го користите за придушување на
протокот.
9.2.7 Монтажа на кабелскиот ракавец
» Водете го ракавецот преку кабелот за приклучу-
вање на струја.
72
160
9.2.8 Подготвување на задниот ѕид
» Прецизно искршете го местото за кабелскиот
ракавец.
Доколку по грешка сте искршите погрешна дупка
за кабелскиот ракавец, ќе мора да употребите нов
заден ѕид!
9.2.9 Монтажа на уредот
» Извадете ги заштитните транспортни затки од
приклучоците за вода.
» Вклопете го задниот ѕид преку навојниот клин
и кабелскиот ракавец. Втиснете го ракавецот
со помош на шрафцигер на куките за прицвр-
стување во задниот ѕид, додека не слушнете
вклопување.
» Цврсто притиснете го задниот ѕид, рамно со
ѕидот. Заклучете го задниот ѕид со помош на по-
лугата за прицврстување.
9.2.10 Приклучување на вода
» Зашрафете ги навојните приклучоци со рамен
дихтунг на двојните приклучоци. Внимавајте
притоа да не се одвртат бајонетните затворачи
во уредот.