Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Безбедносни Мерки; Обука; Воведни Операции; Во Текот На Работата - Stiga BL 320E Gebrauchsanweisung

Handgeführter elektrisch betriebener rasenmäher
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 64
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
2.
ОБУКА
2.1
Запознајте се со командите и правилното
користење на машината. Научете брзо да го
запирате моторот. Непридржувањето кон
предупредувањата и кон упатството може да
предизвикаат електричен удар, изгореници и
сериозни повреди.
• Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат
машината, или други лица што не се запознаени со
основните упатствата. Локалните законски прописи
ја одредуваат минималната возраст на корисникот.
• Овој апарат може да го користат деца постари од 8
години, но и лица со намалени физички, сензорни
и ментални способност или лица коишто немаат
доволни познавања само доколку се под надзор
или се подучувани за употребата на апаратот на
безбеден начин и ги разбираат можните опасности.
Децата не смее да си играат со апаратот. Децата
не смее да го спроведуваат редовното чистење
и одржување доколку не се под надзор.
• Никогаш не користете ја машината
доколку корисникот е во состојба на
замор или изнемоштеност, или користел
лекови, дрога, алкохол или други штетни
супстанци што влијаат врз капацитетот за
навремено реагирање или внимание,
• Не пренесувајте деца или други патници
• Имајте на ум дека корисникот е одговорен за
незгодите или опасноста по други лица или нивниот
имот. Во опсегот на одговорности на операторот
спаѓа и проценката на можните ризици на теренот
каде треба да се работи и затоа преземете ги сите
неопходни безбедносни мерки за да ја гарантирате
својата, но и безбедноста на другите особено на
закосени, нерамни, лизгави или нестабилни терени.
• Во случај кога во опкружувањето на машината има
други лица, проверете дали корисникот ги почитува
упатствата што се содржани во ова упатство.
ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
2.2
Систем за лична заштита (СЛЗ)
• Носете соодветна облека, работни чевли со ѓон
против лизгање и долги пантолони. Не вклучувајте
ја машината со боси нозе или отворени сандали.
Носете заштитни слушалки за слухот.
• Употребата на акустична заштита ја
намалува можноста да ги слушнете можните
предупредувања (повикување или аларми).
Обрнувајте исклучително внимание на она
што се случува околу областа за работа.
• Не носете марами, наметки, ремени, бразлетни,
облека со лелеави делови или со врвки и врски
и слични додатоци што висат или се долги и би
можеле да се закачат за машината или за предмети
и материјали кои се производ на работата.
• Соодветно приберете ја косата доколку е долга.
Област за работа/машина
• .Проверете ја темелно целата површина за
работа и отстранете сè што би можело да
биде исфрлено од машината и да ги оштети
уредот за сечење/ротирачки делови (камења,
гранки, железни остатоци, коски, итн.)..
ВО ТЕКОТ НА РАБОТАТА
2.3
Област за работа
• Не користете ја машината во средина каде постои
ризик од експлозија, во присуство на запаливи
материи, гасови или нечистотија. Електричните
делови предизвикуваат искри што може да ги
запалат нечистотиите или испарувањата.
• Работете само на дневна светлина
или при добро вештачко осветление и
при услови на добра видливост.
• Оддалечете ги лицата, децата и животните
од областа за работа. Неопходно е децата да
бидат под надзор на друго возрасно лице.
• Избегнувајте да работите на мокра трева,
кога врне и кога ризик од временска
непогода, особено грмотевици.
• Не изложувајте ја машината на дожд
или влажни услови. Водата што може да
навлезе во електричниот дел го зголемува
ризикот од електричен удар.
• Обрнете особено внимание на нерамнините на
теренот (грутки, канали), закосувањата, сокриени
опасности и на присуството на дадени опасности
коишто може да ја попречат видливоста.
• Обрнете особено внимание во присуство на
стрмнини, дупки или препреки. Машината може
да се преврти ако едното тркало поминува
преку раб или ако работ е закосен.
• Работете секогаш надолжно во однос на
косината, во правец нагоре/надолу, но никогаш
попреку внимавајќи при тоа на менувањето на
правецот одржувајќи правилна потпора и да
избегнувате тркалата да удираат на пречки
(камења, гранки, корења и сл.) со што може да
се предизвика странично лизгање, превртување
или загуба на контролата врз машината.
• Внимавајте на сообраќајот кога машината
се користи во близина на пат.
• Внимание: Влажноста и ел. струја
не се компатибилни. Ракувањето и
поврзувањето на електричните кабли
мора да се изведува на суво место.
1. Никогаш не спојувајте извор на електрична
енергија или кабел во мокра зона (бара или
влажен терен).
2. Поврзувањето меѓу каблите и штекерите
мора да биде од водоотпорен материјал.
Користете продолжен кабел од интегрирани и
водоотпорни делови кои може да се набават
во трговија.
Однесување
• Обрнете внимание кога одите во рикверц
или наназад. Погледнете зад неа пред и
при движење наназад за да обезбедите
дека нема никакви пречки.
• Никогаш не трчајте, туку одете.
• Избегнувајте да ја влечете тревокосачката.
• Секогаш држете ги рацете и нозете подалеку
од уредот со сечивото, особено при палење на
моторот и додека работите со машината..
MK - 2

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Diese Anleitung auch für:

Bl 380e

Inhaltsverzeichnis