Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch UniversalChain 18 Originalbetriebsanleitung Seite 310

Akku-kettensäge
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für UniversalChain 18:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 3
310 | Македонски
Отскокнување
Никогаш не отстранувајте ја ниту менувајте
заштитната водилка! Пилата е опремена со заштитна
водилка за да се спречи повратен удар ако врвот на
пилата случајно се притисне на дрвото.
Под отскокнување се подразбира ненадејно и брзо
движење на пилата нагоре и наназад коешто се случува
кога ланецот (на врвот на плочата) доаѓа во контакт со
материјал, или кога се заглавува ланецот.
При отскокнување пилата реагира непредвидливо и
може да предизвика тешки повреди кај ракувачот или
лицата во непосредна близина.
Особено внимание мора да се посвети кога се сече
странично, накосо или при долги резови, зошто не може
да се примени забецот (8).
За да избегнете отскокнување:
– Сечете местејќи ја плочата под прав агол со дрвото.
– Никогаш не работете со лабав, многу истегнат или
многу истрошен ланец.
– Заменете го тапиот ланец на пилата.
– Никогаш не сечете над нивото на рамената.
– Никогаш не работете со врвот на ланецот.
– Држете ја пилата цврсто со двете раце.
– Секогаш користете ланец со мало отскокнување,
одобрен од Бош.
– Користете го металниот забец (8) за водење.
– Внимавајте ланецот да е соодветно затегнат.
Општо однесување (види слики E–G)
Секогаш држете ја пилата цврсто со двете раце. Предната
рачка со левата рака, а задната рачка со десната рака.
Сосема опфатете ги рачките со палците и прстите во тек
на целото работење. Никогаш не ракувајте со пилата
само со една рака.
Секогаш при употреба на пилата стојте стабилно. Држете
ја пилата на десната страна од телото.
Пилата мора веќе да работи кога ќе дојде во контакт со
дрвото. Притоа користете го забецот (8) за поддршка на
пилата на дрвото. При сечењето користете го забецот
како водилка.
Прилагодете го забецот на пониско ниво кога сечете
поцврсто дрво или стебло. За тоа, повлечете го ланецот
малку наназад додека не попушти забецот, па преместете
го на пониското ниво за да продолжите со сечење. Не
вадете ја до крај пилата од резот.
Не форсирајте го ланецот при сечењето, пуштете го
ланецот да работи со свое темпо, користејќи го забецот
(8) со лесен притисок.
Никогаш не сечете со потполно испружени раце.
Никогаш не пробувајте да досегнете тешко дофатни
гранки и не стојте на скали. Никогаш не сечете над нивото
на рамената.
Најефикасно е сечењето кога брзината на ланецот е
рамномерна во тек на сечењето.
F 016 L94 153 | (04.02.2021)
Внимание при крајот на резот. Тежината на пилата
одеднаш се менува при ослободување од дрвото. Постои
опасност да се повредат нозете и стапалата.
Секогаш вадете ја пилата од резот во дрвото додека
ланецот се врти.
Сечење корења (види слики E–G)
За сечење трупци, користете пила што стои на рамна и
цврста површина.
Кога сечете трупци, применувајте ги следните
безбедносни правила:
Цепаниците поставувајте ги така да не се сосем една до
друга, како на сликата, за ланецот да не се заглавува.
Пред сечење, поставете ги и прицврстете ги кратките
цепаници.
Сечете само дрво и дрвени предмети. При шетање,
секогаш внимавајте да избегнете контакт со камења,
шајки и слично, зошто пилата може да ги отфрли, а
ланецот да се оштети, или да дојде до сериозна повреда
на ракувачот или околните лица.
Пилата што работи држете ја подалеку од огради и од
земјата.
Употребата на пилата за поткастрување гранки или
грмушки не е одобрена.
При подолгите резови мора да се обрне посебно
внимание, зошто нивелирањето со забецот (8) не е
можно. Сечете под прав агол за да избегнете
отскокнување.
Кога работите на падина, работете над стеблото или
отстрана.
Внимавајте да не се сопнете на гранки, корења и слично.
При сечење трупци, може да се формира запаллива
дрвена прашина. Задолжително оддалечете се доволно
да не стоите блиску до греачите или отворениот оган.
Сечење на гранки (види слика H)
Секогаш носете заштитен шлем за да се заштитите
u
од гранки кои паѓаат.
Отсечени гранки можат да паднат врз вас или да
u
отскокнат од земјата и да ве повредат. Подолгите
гранки сечете ги дел по дел.
Гранката, пред да биде во целост исечена, само
u
малку притиснете ја. Може да се повредите ако
градинарскиот алат ненадејно падне, или вие
изгубите рамнотежа и контрола врз моторната
пила.
Пилата мора да работи во полна брзина кога ќе дојде во
контакт со дрвото. Користете го водечкиот штитник тоа ке
ви помогне при потсекување.
Сечењето од горниот раб надолу е погодно за гранки со
дијаметар до 5 см. За да избегнете оштетување на
дрвото, направете три резови со пилата како би ги исекле
дебелите гранки. Водечкиот штитник е дизајниран да
подржува потсекување на гранките.
При сечење, не притискајте го силно ланецот од пилата,
оставете го да работи.
Bosch Power Tools

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis