Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch UniversalChain 18 Originalbetriebsanleitung Seite 303

Akku-kettensäge
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für UniversalChain 18:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 3
спроведуваат струја може да ги наелектризира
металните делови на пилата и да доведе до струен
удар на ракувачот.
Носете заштитни очила. Се препорачува и носење
u
на дополнителна заштитна опрема за ушите,
главата, рацете, нозете и стапалата. Соодветна
заштитна облека ќе ја намали опасноста од повреда
предизвикана од отфрлен отпад или случаен допир на
ланецот.
Не користете ја моторната пила на дрво, скала,
u
покрив или нестабилна подлога. Работењето со
моторната пила на таков начин може да предизвика
сериозни повреди.
При употреба на пилата, секогаш стојте стабилно на
u
цврста, рамна површина. Лизгавите или нестабилни
површини, како на пример скали, можат да
предизвикаат загуба на рамнотежата и/или загуба на
котрола над пилата.
Кога сечете затегната гранка, внимавајте да не
u
отскокне. При ослободување на затегнатоста,
гранката може да отскокне и да го повреди ракувачот
и/или да ја исфрли пилата од контрола.
Бидете особено внимателни кога сечете повеќе
u
гранки одеднаш и фиданки. Мекиот материјал може
да се заплетка во ланецот, да Ве повлече кон себе и да
Ве исфрли од рамнотежа.
Секогаш носете ја пилата исклучена, држејќи ја за
u
рачката со ланецот свртен од себе. При транспорт
или складирање, секогаш ставете ја футролата на
ланецот. Исправното ракување со ланецот ќе ја
намали опасноста од случаен контакт со ланецот во
движење.
Следете ги упатствата за подмачкување,
u
затегнување на ланецот како и при замена на
шипката и ланецот. Несоодветно затегнатиот или
неподмачкан ланец може да се скине или да отскокне.
Сечете само дрво. Не користете ја пилата во цели
u
за коишто не е наменета. На пример: Немојте да ја
употребувате пилата за сечење на метал, пластика,
зидарски и градежни материјали коишто не се од
дрво. Употребата на пилата во цели за коишто не е
наменета може да доведе до опасни ситуации.
Овој електричен алат не е наменет за сечење дрвја.
u
Користењето на моторната пила за каква било друга
операција, освен онаа за која е дизајнирана, може да
резултира со сериозни повреди на операторот или
случајните минувачи.
Следете ги сите упатства при чистење заглавен
u
материјал, складирање или сервисирање на
моторната пила. Уверете се дека прекинувачот за
напојување е исклучен и дека батеријата е
извадена. Неочекувано работење на моторната пила
при отстранување на заглавениот материјал или за
време на одржувањето може да резултира со
сериозни повреди.
Причини за отскокнување на ланецот и заштита од
u
отскокнувањето:
Bosch Power Tools
Отскокнување може да се случи ако врвот на
водилката допре некој предмет, или ако дрвото се
стегне и го заглави ланецот во резот.
Допирање на водилката во некои случаи може да
доведе до отскокнување, зафрлајќи ја одеднаш пилата
наназад кон ракувачот.
Заглавување на ланецот кај водилката може да
предизвика зафрлање на пилата наназад кон
ракувачот.
Овие две ситуации можат да доведат до губење на
контрола над пилата и претставуваат опасност од
повреда. Не потпирајте се само на заштитните
механизми вградени во пилата. Сите корисници на
пила со синџир треба да преземат разни мерки за да
можат да работат без несреќи и повреди.
Повратниот удар е последица од погрешна употреба
на електричниот алат. Тоа може да се избегне со
преземање на соодветни мерки, како што следи:
Пилата држете ја со двете раце цврсто, со палецот и
u
другите прсти околу рачките. Заземете став со
телото и рацете така да можете да спречите
отскокнување на пилата кон Вас. Ракувачот може да
ги контролира отскокнувањата, доколку преземе
потребни мерки на претпазливост. Никогаш не
испуштајте ја пилата.
Не пресегнувајте предалеку и не подигнувајте ја
u
пилата повисоко од висината на Вашите рамена. Со
ова ќе спречите несакано допирање на врвот, што
овозможува подобра контрола врз пилата во
непредвидени ситуации.
Употребувајте само резервни делови и ланци
u
одредени од произведувачот. Несоодветна замена
може да предизвика кинење на ланецот и
отскокнување.
Придржувајте се до упатствата за острење и
u
одржување на пилата дадени од произведувачот.
Намалувањето на длабочината ја зголемува опасноста
од отскокнување.
Дополнителни сигурносни напомени
Препорачано е пред првата употреба, ракувачот да
u
добие практични упатства за употреба на пилата и
заштитната опрема од страна на искусен ракувач.
Првото ракување треба да биде сечење цепаници на
постолје „магаре" или на соодветен држач.
Оваа машина не е наменета на личности (и деца) со
u
ограничени физички, сензорни или душевни
можности, со недостаток на искуство и знаење, освен
ако не им се обезбедени соодветни инструкции или
надзор за употреба на машината од страна на личност
одговорна за нивната безбедност.
Децата треба да бидат под надзор да не си играат со
уредот.
Децата и младите, со исклучок на постарите од 16
u
години под надзор, не треба да ја употребуваат
пилата. Истото важи и за лицата кои не знаат или
недоволно знаат да ракуваат со пилата. Упатството
за употреба секогаш треба да биде при рака. Уморните
Македонски | 303
F 016 L94 153 | (04.02.2021)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis