Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch HWS serie Originalbetriebsanleitung Seite 354

Hochfrequenz-winkelschleifer
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 7
OBJ_BUCH-2487-001.book Page 354 Monday, June 22, 2015 9:30 AM
354 | Македонски
 Затегнете го делот што се обработува, доколку не
налегнува сигурно со својата тежина.
 Не го оптоварувајте многу електричниот апарат,
додека не дојде во состојба на мирување.
 По силното оптоварување, оставете го електричниот
апарат уште неколку минути во празен од, за да се
излади.
Брусење со ламелеста брусна плоча во вид на лепеза
Со ламелестата брусна плоча во вид на лепеза (опрема)
може да обработувате заоблени површини и профили.
Ламелестите брусни плочи во вид на лепеза имаат подолг
рок на употреба, пониско ниво на бучава и пониски
температури при брусењето отколку вообичаените
брусни плочи.
Сечење на метал (види слика K)
 При сечењето со композитни брусни средства
секогаш користете заштитна хауба за сечење.
При сечењето со брусни плочи секогаш работете со
умерено поместување нанапред по материјалот. Не
правете притисок на брусната плоча за сечење, не одете
во агли и не осцилирајте.
Не ги кочете брусните плочи за сечење со страничен
притисок.
Електричниот апарат секогаш мора да се води во
спротивен правец на движење. Инаку постои опасност, тој
неконтролирано да се истисне од резот.
При сечење на профили и четириаголни цевки, најдобро е
да поставите на најмалиот пресек.
Сечење на камен
 При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
 Носете маска за заштита од прав.
 Електричниот апарат смее да се користи само за
сечење/брусење на суви материјали.
За сечење на камен најдобро е да употребите дијамантска
брусна плоча за сечење. За безбедност против навалите,
за сечење со лизгачка водилка мора да се употребува
хауба за вшмукување.
Користете го електричниот апарат само со вшмукувач за
прав и дополнително носете маска за заштита од прав.
Вшмукувачот за прав мора да биде одобрен за
вшмукување на прав при обработка на камен. Bosch ги
нуди соодветните вшмукувачи на прав.
– Вклучете го електричниот апарат и поставете го со
предниот дел на лизгачките водилки на делот што се
обработува. Поместувајте го електричниот апарат со
умерено движење по материјалот што се обработува.
При сечење на особено цврсти материјали на пр. бетон со
чакал, дијамантската брусна плоча за сечење може да се
прегрее и да се оштети. Венецот од искри кој кружи околу
дијамантската брусна плоча за сечење јасно укажува на тоа.
Во таков случај прекинете го процесот на сечење и
оставете ја кратко дијамантската брусна плоча за сечење
во празен од при највисок број на вртежи, за да се олади.
Значителното попуштање во работата и венецот од искри
кој кружи се знаци за отапена дијамантска брусна плоча.
1 609 92A 155 | (22.6.15)
Може повторно да ја наострите со кратки резови во
абразивен материјал, на пр. силикатен камен.
Напомени за статиката
Процепите во носечките ѕидови подлежат на нормата
DIN 1053 дел 1 или прописите специфични за земјата.
Мора неопходно да се придржувате до овие прописи.
Пред почетокот на работата повикајте го одговорниот
статичар, архитект или надлежните градежни
раководители за да се советувате.
Грубо брусење
 Никогаш не ги користите брусните плочи за сечење
за грубо брусење.
Со подесување на аголот од 30° до 40° при грубо брусење
ќе добиете најдобри резултати при работењето.
Поместувајте го електричниот апарат со притисок наваму-
натаму. Притоа, делот што се обработува нема да се
вжешти, да се офарба и нема да има бразди.
Брусење со брусна хартија со гумен диск за брусење
Изборот на соодветната брусна хартија се води според
материјалот, кој што треба да се обработува.
Bosch нуди разни квалитети на листови за брусење, кои
што одговарат на гумениот диск за брусење.
Консултирајте се со вашиот стручен добавувач.
Полирање со мек диск за полирање
При полирање се нанесува средство за полирање на
материјалот што треба да се обработи или на мекиот диск
за полирање и тоа се впива при ротација во површината на
материјалот.
Ако работите со повеќе степени на полирање, кај кои
средството за полирање има фина гранулација, за секоја
гранулација на средството за полирање мора да користите
посебен диск.
Помеѓу секој циклус на полирање внимателно исчистете ја
површината на материјалот што треба да се обработи.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Прекинете го напојувањето со енергија, пред да
почнете да го подесувате уредот, да менувате
делови од опремата или доколку долго време не сте
го користеле електричниот апарат. Овие мерки за
предупредување го спречуваат невнимателниот старт
на електричниот апарат.
 Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и
безбедно да работите.
 При екстремни услови на примена, доколку е
возможно користете секогаш уред за вшмукување.
Издувувајте ги почесто отворите за проветрување и
приклучете заштитен прекинувач за
диференцијална струја (PRCD). При обработка на
метали, во внатрешноста на електричниот апарат може
да се собере спроводлива прав. Може да се оштети
заштитната изолација на електричниот апарат.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis