Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch HWS serie Originalbetriebsanleitung Seite 344

Hochfrequenz-winkelschleifer
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 7
OBJ_BUCH-2487-001.book Page 344 Monday, June 22, 2015 9:30 AM
344 | Македонски
 Зацврстете го парчето што се обработува. Доколку го
зацврстите со уред за затегнување или менгеме, тогаш
парчето што се обработува се држи поцврсто отколку
со Вашата рака.
 Приклучете го електричниот апарат на прописно
заземјена струјна мрежа. Приклучницата и
продолжниот кабел мора да имаат функционален
заштитен проводник.
Безбедносни напомени за напојувањето со
енергија на високофреквентни алати
 Безбедносните и работните напомени за
претворачот на фреквенции мора строго да се
почитуваат! Подетални податоци за тоа ќе добиете од
производителот на претворачот на фреквенции.
 Претворачот на фреквенции мора да се обезбеди со
заштитен уред со диференцијална струја, кога
сакате да го користите во околина, каде е потребна
особена заштита на лицата. Особената заштита на
лицата е на пример неопходна при работа во влажни
простории или со материјал, каде што може да се
создаде спроводлива прав. Откажувањето на
заштитниот уред со диференцијална струја може да
доведе до удар, опасност од пожар или сериозни
повредувања.
 Заштитниот уред со диференцијална струја смее да
биде вградуван во мрежата за напојување со струја
само од страна на стручен персонал. Само така може
да биде загарантирана беспрекорна функција.
 Излезниот напон и фреквенција на претворачот на
фреквенции мора да одговараат со податоците на
спецификационата плочка на високофреквентниот
електричен апарат.
 Електричниот апарат треба да работи исклучиво со
соодветен приклучок. CEE-приклучокот мора да биде
конструиран за номинална струја, која што е потребна
за електричниот апарат (види „Технички податоци").
 Монтажата на приклучокот и приклучувањето на
снабдувањето со енергија мора да се изврши од
страна на стручен персонал, кој е обучен за
постапување со системи на високофреквентни
алати.
 Користете исклучиво оригинален кабел! Пред секое
користење на електричниот апарат проверете дали
е оштетен уредот, кабелот и приклучокот. Кабелот и
приклучокот не смеат да се поправаат, туку мора да се
заменат, за да се избегнат опасности.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
1 609 92A 155 | (22.6.15)
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Важи за следните типови:
– 0 602 301 4..
– 0 602 305 40.
– 0 602 306 434
– 0 602 324 40.
Електричниот апарат е наменет за брусење со брусна
хартија и полирање на метални и лакирани површини без
употреба на вода.
Важи за следните типови:
– 0 602 304 40.
– 0 602 324 44., ... 464, ... 474, ... 434
– 0 602 329 5..
– 0 602 331 5..
– 0 602 332 5..
– 0 602 334 5..
Електричниот апарат е наменет за сечење, грубо брусење
и четкање на метални и камени материјали без употреба
на вода.
За сечење со композитни брусни средства мора да се
користи специјална заштитна хауба за сечење.
При сечењето во камен погрижете се за доволно
вшмукување на правта.
Важи за сите типови
Смее да се користат исклучиво испорачаните или
одобрените заштитни хауби и затегнувачки навртки за
овој електричен апарат.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Прекинувач за вклучување/исклучување
2 Дополнителна дршка
3 Вретено за брусење
4 Грло на вретеното
5 Копче за блокирање на вретеното
6 Заштитна хауба
7 Шраф за фиксирање на заштитната хауба
8 Кодирани запци
9 Заштита за дланките*
10 Приклучна прирабница со O-прстен
11 Плоча за брусење/сечење/чистење
12 Стезна навртка
13 Клуч со два отвори
14 Вилушкаст клуч со ширина 17 мм
15 Тркалезна навртка*
16 Брусен лист*
17 Гумен брусен диск*
18 Мек диск за полирање*
19 Жичана четка*
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis