Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch HWS serie Originalbetriebsanleitung Seite 341

Hochfrequenz-winkelschleifer
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 7
OBJ_BUCH-2487-001.book Page 341 Monday, June 22, 2015 9:30 AM
 Користете ги електричните апарати, опремата,
додатоците за алатите итн. во согласност со ова
упатство. Притоа земете ги во обѕир работните
услови и дејноста што треба да се изврши.
Користењето на електрични апарати за друга употреба
освен наведената може да доведе до опасни ситуации.
Сервис
 Поправката на Вашиот електричен апарат смее да
биде извршена само од страна на квалификуван
стручен персонал и само со користење на
оригинални резервни делови. Само на тој начин ќе
бидете сигурни во безбедноста на електричниот
апарат.
Безбедносни напомени за аголни брусилки
Општи безбедносни напомени за брусење со брусна
хартија и полирање
Важи за следните типови:
– 0 602 301 4..
– 0 602 305 40.
– 0 602 306 434
– 0 602 324 40.
 Овој електричен апарат се употребува како алатка
за брусење и алат за полирање. Внимавајте на сите
безбедносни напомени, упатства, прикази и
податоци што сте ги добиле во прилог на уредот.
Доколку не внимавате на следните упатства, може да
дојде до електричен удар, пожар и/или тешки повреди.
 Овој електричен апарат не е погоден за брусење,
работа со жичани четки и сечење со брусни плочи.
Доколку го користите електричниот апарат за
несоодветни намени, може да се предизвикаат
опасност и повреди.
Општи безбедносни напомени за брусење, работење
со жичани четки и сечење со брусни плочи
Важи за следните типови:
– 0 602 304 40.
– 0 602 324 44., ... 464, ... 474, ... 434
– 0 602 329 5..
– 0 602 331 5..
– 0 602 332 5..
– 0 602 334 5..
 Овој електричен апарат се употребува како алатка
за брусење, жичана четка и брусилка за сечење со
брусни плочи. Внимавајте на сите безбедносни
напомени, упатства, прикази и податоци што сте ги
добиле во прилог на уредот. Доколку не внимавате на
следните упатства, може да дојде до електричен удар,
пожар и/или тешки повреди.
 Овој електричен апарат не е погоден за брусење со
брусна хартија и полирање. Доколку го користите
електричниот апарат за несоодветни намени, може да
се предизвика опасност и повреди.
Bosch Power Tools
Општи безбедносни напомени за брусење, брусење со
брусна хартија, работење со жичани четки, полирање и
сечење со брусни плочи
Важи за сите типови
 Не користете прибор што не е специјално предвиден
и препорачан од производителот на овој електричен
апарат. Не Ви е загарантирана безбедната употреба,
само заради фактот дека приборот може да се
прицврсти на вашиот електричен апарат.
 Дозволениот број на вртежи на алатот што се
вметнува мора да биде исто толку висок како
највисокиот број на вртежи наведен на
електричниот апарат. Приборот кој се врти побрзо од
дозволеното може да се скрши и да летне од апаратот.
 Надворешниот дијаметар и дебелината на алатот
што се вметнува мора да одговараат на димензиите
на вашиот електричен апарат. Погрешно
димензионираните алати за вметнување не може
доволно да се заштитат или контролираат.
 Алатите за вметнување со навој мора точно да
одговараат на навојот на вретеното за брусење. Кај
алатите за вметнување, што се монтираат со помош
на прирабница, дијаметарот на дупката на алатот
што се вметнува мора да одговара на дијаметарот на
прифатот на прирабницата. Алатите за вметнување не
може точно да се прицврстат на електричниот апарат,
се вртат нерамномерно, вибрираат многу јако и може
да доведат до губење на контролата.
 Не користете оштетени алати за вметнување. Пред
секое користење, проверете ги алатите што се
вметнуваат како на пр. дали брусните плочи има
скинати делови и процепи, дали на брусните
дискови има пукнатини, дали се истрошени или
изабени, и дали има олабавени или скршени жици на
жичаната четка. Доколку ви падне електричниот
апарат или алатот што се вметнува, проверете дали
е оштетен или пак употребете неоштетен алат за
вметнување. Откако сте го провериле и ставиле
алатот за вметнување, не им дозволувајте на лицата
да бидат во близина на нивото на вклучениот апарат
и оставете го апаратот да врти една минута на
највисок број на вртежи. Повеќето од оштетените
алати за вметнување ќе се скршат во текот на овој
пробен период.
 Носете заштитна опрема. Во зависност од
употребата, носете целосна заштита за лицето,
очите и заштитни очила. Доколку е потребно, носете
маска за заштита од прав, заштита за слух, заштитни
ракавици или специјални престилки што ќе ве
заштитат од честичките настанати при брусење на
материјалот. Треба да ги заштитите очите од туѓите
тела што летаат наоколу, а се настанати од различната
употреба на уредот. Маските за заштита од прав и
заштита при вдишувањето мора да ја филтрираат
правта што настанува при употребата. Доколку сте
изложени на гласна врева подолго време, може да го
изгубите слухот.
Македонски | 341
1 609 92A 155 | (22.6.15)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis