Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Makita DMR114 Betriebsanleitung Seite 106

Baustellenradio
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für DMR114:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 14
истекла од батеријата може да предизвика
иритација или изгореници.
11. Не користете батерија или алат што се оштетени
или модификувани. Оштетени или модификувани
батерии може да предизвикаат непредвидливо
однесување што може да доведе до пожар,
експлозија или ризик од повреда.
12. Не изложувајте ја батеријата или алатот на
оган или на исклучително висока температура.
Изложувањето на оган или температури над130
°C(266°F) може да предизвика експлозија.
13. Следете ги сите упатства за полнење и не
полнете ја батеријата или алатот надвор од
температурниот опсег наведен во упатствата.
Несоодветното полнење или на температури
надвор од наведениот опсег може да ја оштети
батеријата и да го зголеми ризикот од пожар.
14. Приклучникот за напојување се користи како
уред за исклучување и треба да биде постојано
функционален.
15. Не користете го овој производ со силен звук подолг
временски период. За да избегнете оштетување на
слухот, користете го производот со умерено ниво
на звук.
16. (Само за производи со LCD дисплеј) LCD
дисплеите содржат течност што може да
предизвика иритација и труење. Ако течноста
навлезе во очите, устата или кожата, исплакнете
со вода и јавете се на лекар.
17. Не изложувајте го производот на дожд или влажни
услови. Водата што влегува во производот ќе го
зголеми ризикот од струен удар.
18. Овој производ не е наменет за употреба од страна
на лица (вклучувајќи деца) со намалени физички,
сензорни или ментални способности, или со
недостаток на искуство и знаење, освен ако истите
не се под надзор или не им се дадени упатства во
врска со употребата на производот од лице одговорно
за нивната безбедност. Децата треба да бидат под
надзор за да се осигури дека не играат со производот.
Чувајте го производот подалеку од дофат на деца.
ЗАЧУВАЈТЕ ГИ ОВИЕ УПАТСТВА
КОНКРЕТНИ ПРАВИЛА
ЗА БЕЗБЕДНОСТ НА
БАТЕРИЈАТА
1. Пред да ја користите батеријата, прочитајте ги сите
упатства и ознаки за внимателност на (1) полначот
за батерија, (2) батеријата и (3) производот што ја
користи батеријата.
2. Не расклопувајте ја батеријата.
3. Ако времето на работење стане значително
пократко, веднаш престанете со работење. Тоа
може да доведе до ризик од прегревање, можни
изгореници па дури и експлозија.
4. Ако ви навлезе електролит во очите, исплакнете ги со
чиста вода и веднаш побарајте медицинска помош.
Тоа може да доведе до загуба на вашиот вид.
5. Не предизвикувајте краток спој на батеријата:
(1) Не допирајте ги половите со каков било
материјал што е проводник.
(2) Избегнувајте чување на батеријата во сад со
други метални предмети како шајки, парички и сл.
(3) Не изложувајте ја батеријата на вода или дожд.
Краткиот спој на батеријата може да предизвика
голем проток на струја,прегревање, можни
изгореници па дури и распаѓање.
6. Не складирајте го алатот и батеријата на места
каде што температурата може да достигне или
надмине 50 °C(122°F).
7. Не палете ја батеријата дури и ако е сериозно
оштетена или е потполно истрошена. Батеријата
може да експлодира во оган.
8. Внимавајте батеријата да не ви падне или да не ја
удрите.
9. Не употребувајте оштетена батерија.
10. За да се избегне ризикот, треба да се прочита
упатството за замена на батеријата пред
употребата. Исто така максималната струја на
празнење на батеријата треба да биде поголема
од или еднаква на 8A.
11. Литиум јонските батерии што се користат се
подложни на барањата на легислативата за
опасни стоки. За трговски транспорти како на пр.
од други лица, шпедитери, мора да се следат
посебни барања за поминат рок на пакувањето и
означување.
За подготовка на производот за испорака,
потребно е консултирање на експерт за опасни
материјали. Ве молиме исто така следете ги
веројатно подеталните национални прописи.
Залепете ги со трака или изолирајте ги отворените
полови и спакувајте ја батеријата на таков начин
за да не може да се движи низ пакувањето.
12. Следете ги вашите локални прописи во врска со
фрлањето на батеријата во отпад.
13. Користете ги батериите само со производите
посочени од Makita. Инсталирањето на батериите
на несоодветни производи може да предизвика
пожар, прекумерна топлина, експлозија или
истекување на електролити.
ВНИМАНИЕ:
● Опасност од експлозија ако батеријата е
неправилно заменета.
● Менувајте само со ист или еквивалентен тип.
● Користете само оригинални батерии Makita.
Користењето на неоригинални батерии Makita,
или батерии што се изменети може да доведе
до експлозија на батеријата предизвикувајќи
пожар, лична повреда и штета. Тоа исто така
ќе ја поништи гаранцијата на Маkita за алатот и
полначот Makita.
Совети за одржување на максимален
век на траење на батеријата
1. Сменете ја батеријата пред потполно да се
испразни. Секогаш запирајте со работа со алатот
и сменете ја батеријата кога ќе забележите помала
моќност на алатот.
2. Никогаш не полнете целосно наполнета батерија.
Прекумерното полнење го скратува работниот век
на батеријата.
3. Полнете ја батеријата на собна температура на
10 °C - 40 °C (50 °F - 104 °F). Дозволете жешката
батерија да се олади пред да ја полните.
4. Наполнете ја батеријата ако не ја користите долг
период (повеќе од шест месеци).
106 МАКЕДОНСКИ

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis