Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Правила За Употреба - GGP ITALY DML 504 AVS Gebrauchsanweisung

Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 29
MK
ПРАВИЛА ЗА УПОТРЕБА
Прочитајте ги соодветните упатства за моторот и акумулаторот
(ако се доставени).
ЗАБЕЛЕШКА - Соодветноста меѓу ставките што се дадени во
упатството и соодветните слики (дадени на страниците
2 - 3 - 4 - 5) е претставена со број што претходи на соодветниот
пасус.
1. КОМПЛЕТИРАЊЕ НА МОНТАЖАТА
ЗАБЕЛЕШКА - Машината може да се доставува со некои веќе
поставени делови.
ВНИМАНИЕ – потпирањето и целата монтажа треба да се
извршат на цврста и рамна површина со доволно простор за
поместување на машината и на амбалажата користејќи секогаш
соодветни алати.
Фрлањето на амбалажата треба да се изведува во согласност
со важечките локални закони.
1.1a
1.1b
Тип "I" -
Тип "II":
Ставете ја рачката (1) во позиција за работа и фиксирајте ја со
страничните потпори на шасијата, со помош на доставените
шрафови и навртки (2) како што е посочено на сликата.
Висината на рачката (1) се регулира на три различни позиции, кои се
постигнуваат со вметнување на клиновите (3) во еден од трите пара
отвори што се наоѓаат на носачите.
Зашрафете ги докрај копчињата (2) по регулацијата.
Ставете го јажето за палење (4) во спиралата за водење
(5 или 5а - ако е предвидено).
Зашрафете ја навртката (6 - ако е предвидено) за фиксирање на
спиралата (5 или 5а).
1.1c
Тип "III":
Ставете ја рачката (1) во позиција за работа и фиксирајте ја со
страничните потпори на шасијата, со помош на доставените
шрафови и навртки (2) како што е посочено на сликата.
Висината на рачката (1) се регулира на три различни позиции, кои се
постигнуваат со вметнување на клиновите (3) во еден од трите пара
отвори што се наоѓаат на носачите.
Куките (4) на зафатите (5) треба да бидат навртени во режим да
обезбедуваат стабилно фиксирање на рачката (1), без примена на
прекумерна сила за блокирање или деблокирање.
Зашрафете ги рачките (5) по регулацијата.
Ставете го јажето за палење (6) во спиралата за водење (7).
Зашрафете ја навртката (8) за фиксирање на спиралата (7).
1.2
Вметнете ја рамката (1) во вреќата (2) и прицврстете ги плас-
тичните шипки (3) со помош на завртка, како што е прикажано на
цртежот.
1.3
Кај моделите со електрично палење, спојте го кабелот на
акумулаторот (1) со конекторот на главниот систем кабли (2) на
тревокосачката.
2. ОПИС НА КОМАНДИТЕ
ЗАБЕЛЕШКА - Значењето на дадените симболи на командите е
објаснето на страница 6 и понатаму.
2.1
Команда за забрзување
Забрзувачот се управува со рачка (1). Позициите на рачката се
посочени на соодветната плочка.
Некои модели имаат фиксна брзина, па според тоа не им е потребен
гас.
2.2
Рачка за закочување на сечивото
Кочницата за сечивото се управува со рачка (1) која треба да се
држи кон држачот за палење и во текот на работа на
тревокосачката.
Моторот се гаси со ослободување на рачката.
2.3
Рачка за вклучување на влечната сила
Кај моделите со влеча, придвижувањето на тревокосачката се
извршува со притискање на рачката (1) кон држачот.
Тревокосачката престанува да се движи со ослободување на
рачката.
2.4
Регулација на висината на косењето
ИЗВЕДУВАЈТЕ ЈА ОВАА ОПЕРАЦИЈА КОГА МОТОРОТ Е ИЗГАСНАТ.
За регулација на висината на косење, притиснете го копчето (1) и
46
подигнете ја или притиснете го куќиштето шасијата меѓу ракофатите
(2), до посакуваната позиција, посочена со нумерирано скалило (3).
2.5
• Само за моделите DML: Рачка за избор на излезот
Оваа рачка (1) има две позиции:
«A» = за заден испуст без собирање или со собирање
на покосената трева во вреќата;
«B» = за функцијата на "дробење" или (ако е предвидено)
за страничен испуст без собирање.
За премин од една позиција во друга треба да се подигне рачката (1)
внимателно и да се постави во саканата позиција, но да остане
блокирана во лежиштето (2).
ЗАБЕЛЕШКА - Кога преминот од една во друга позиција се одвива
тешко, непријатноста веројатно се случува заради тоа што има
акумулирани остатоци од трева меѓу водилките за движење и затоа
треба да се пристапи кон перење и внатрешно чистење на
куќиштето (
4.4).
3. КОСЕЊЕ ТРЕВА
ЗАБЕЛЕШКА - Оваа машина дозволува косење на тревникот на
различни начини. Пред да започнете со работа, потребно е да ја
поставите машината во основата како што имате намера да косите.
• Само за моделите DML:
3.1a
Поставување за косење и собирање на тревата
во вреќа:
– Ставете ја рачката на избор на излезот (1) во позиција «A».
– Кај моделите со можност за страничен испуст: проверете дали
страничното крило (2) е спуштено и блокирано со безбедносната
рачка (3).
– Подигнете го задниот штит (4) и приврзете ја вреќата правилно (5)
како што е посочено на сликата.
3.1b
Поставување за косење и заден испуст на тревата:
– Ставете ја рачката на избор на излезот (1) во позиција «A».
– Кај моделите со можност за страничен испуст: проверете дали
страничното крило (2) е спуштено и блокирано со безбедносната
рачка (3).
3.1c
Поставување за косење и дробење на тревата (функција
"дробење"):
– Ставете ја рачката за избор на излезот (1) во позиција «B».
– Кај моделите со можност за страничен испуст: проверете дали
страничното крило (2) е спуштено и блокирано со безбедносната
рачка (3).
3.1d
Поставување за косење и страничен испуст
на тревата (ако е предвидено):
– Ставете ја рачката за избор на излезот (1) во позиција «B».
– Внимателно свртете ја безбедносната рачка (3) и подигнете го
страничното крило (2).
– Вметнете го дефлекторот за испуст (6) како што е прикажано на
сликата.
– Затворете го страничното крило (2) за да се блокира дефлекторот
(6).
•• Само за моделите DM:
3.1e
Поставување за косење и собирање на тревата
во вреќа:
– Подигнете го задниот штит (4) и приврзете ја вреќата правилно (5)
како што е посочено на сликата.
3.1f
Поставување за косење и заден испуст на тревата:
– Подигнете го задниот штит (4) и отстранете ја вреќата (5).
3.1g
Поставување за косење и дробење на тревата (функција
"дробење"):
– Подигнете го задниот браник (4) и поставете го капакот на
дефлекторот (11) во отворот на излезот буткајќи го додека не
предизвикате придвижување на забецот во фаќалката (12).
За да го извадите капакот на дефлекторот (11), регулирајте ја
рачката (13) што е поставена под ракофатот за да се откачи забецот
(12) и да може да се овозможи вадење на дефлекторот од отворот
на излезот.
3.2
Палење на моторот
За придвижување, следете ги упатствата во упатството за моторот,
значи, повлечете ја рачката за кочницата (1) кон држачот и потоа
цврсто повлечете го ракофатот на јажето за палење (2).
Кај моделите со електричен погон, повлечете ја рачката на
кочницата (1) кон рачката и свртете го клучот за контакт (3).

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis