Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Безбедносни Мерки; Воведни Операции; Одржување И Чување - Stiga S 400 B Gebrauchsanweisung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für S 400 B:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 30
MK
БЕЗБЕДНОСНИ МЕРКИ
ДО КОИ ТРЕБА СТРОГО ДА СЕ ПРИДРЖУВАТЕ
ВАЖНО - ПРОЧИТАЈТЕ ВНИМАТЕЛНО ПРЕД ДА ЈА КОРИСТИТЕ
МАШИНАТА . ЗАЧУВАЈТЕ ГО ИДНИ НАВРАЌАЊА
A) ОБУКА
1) Внимателно прочитајте ги упатствата. Запознајте се со командите
и правилното користење на машината. Научете бргу да го запирате
моторот.
2) Користете ја машината исклучиво за она за што е наменета, т.е. за
оксигенизација и протресување на теренот. Која и да е друга употреба
може да претставува опасност и да предизвика повреди и штети за лица
и/или предмети. Настануваат при неправилна употреба (како на пример,
но не е ограничено на следното):
– превоз на лица, деца или животни врз машината,
– при транспорт на машината,
– употреба на машината за влечење или буткање товар,
– употреба на машината од страна на повеќе луѓе,
– спуштање и активирање на роторот на тврди почви или во присуство
на чакал или камења.
Б) ВОВЕДНИ ОПЕРАЦИИ
1) Не дозволувајте никогаш деца да ја употребуваат машината или
други лица што не се детално запознаени со упатствата. Локалните
законски прописи ја одредуваат минималната возраст на корисникот.
2) Никогаш не користете ја машината:
– кога во непосредна близина има други лица, особено деца или
животни;
– доколку корисникот користел лекови или други штетни материи што
влијаат врз капацитетот за навремено реагирање и внимание.
3) Имајте на ум дека корисникот или операторот се одговорни за
незгодите или опасностите по други лица или нивниот имот.
4) Во текот на работата секогаш носете акустична заштита и
безбедносни очила.
5) Во текот на работата, секогаш носете цврсти обувки и долги
пантолони. Не вклучувајте ја машината со боси нозе или отворени
сандали.
6) Проверете ја темелно целата површина за работа и отстранете сè
што би можело да биде отфрлено од машината и да ги оштети сечивото
и моторот (камења, гранки, железни остатоци, коски, итн.).
7) ВНИМАНИЕ: ОПАСНОСТ! Бензинот е лесно запалив.
– чувајте го горивото во соодветен склад;
– наполнете гориво со помош на инка само на отворено и не пушете во
текот на оваа операција, како и секојпат кога се ракува со горивото;
– полнете гориво пред да го запалите моторот. Никогаш не дополнувајте
гориво или не отворајте го капачето на резервоарот додека моторот
работи или е уште загреан;
– ако се истури гориво, не палете го моторот, туку прво отстранете ја
машината од местото на истурање и избегнувајте палење на оган
додека не испари целото истурено гориво и додека испарувањата
не се распрснат.
– секогаш докрај затворајте го капачето на резервоарот и на садовите
со гориво;
8) Заменете ги неисправните придушувачи.
9) Пред употреба, направете детален преглед со особено внимание на
сечивата и проверете дали навртките и уредот за косење се истрошени
или оштетени. Заменете ги сите сечива и оштетени или истрошени
навртки за да ја одржите рамнотежата.
В) ЗА ВРЕМЕ НА РАБОТАТА
1) Не палете го моторот во затворен простор каде може да се соберат
опасни јаглерод– моноксидни гасови.
2) Работете само на дневна светлина или со добро вештачко
осветление.
3) Избегнувајте да работите на мокра трева или преземете ги сите
безбедносни мерки за да избегнете лизгање.
4) Секогаш обезбедувајте правилно потпориште на закосени терени.
5) Никогаш не трчајте со машината, туку чекорете..
6) Работете попречно на закосен терен, никогаш нагоре – надолу.
7) Обрнете максимално внимание при промена на правецот на
закосеност.
8) Никогаш не работете на терени со закосеност над 20°.
46
9) Обрнете максимално внимание кога ја влечете машината кон себе.
10) Застанете го роторот ако машината треба да се закоси, кога се
поминува преку терени без трева и кога машината се носи кон или од
теренот за работа.
11) Не вклучувајте ја никогаш машината ако заштитниците се оштетени,
или без безбедносна заштита како вреќа за собирање или штитник.
12) Не менувајте ги регулациите на моторот и не користете го во режим
со превисоки вртежи.
13) Исклучете го роторот за работа пред да го вклучите моторот.
14) Внимателно вклучете го моторот според упатството и држете ги
нозете подалеку од ротирачката дополнителна опрема.
15) Не закосувајте ја машината кога го палите моторот освен ако тоа
не е неопходно за палењето. Во тој случај, не закосувајте ја повеќе од
потребното и подигнете го само делот што е подалеку од операторот.
16) Не палете го моторот стоејќи пред отворот за издувни гасови.
17) Не приближувајте ги рацете или нозете до или под деловите што
ротираат. Стојте секогаш на одредено растојание од отворот за испусни
гасови.
18) Не подигнувајте ја или не транспортирајте ја машината кога работи
моторот.
19) Запрете го моторот и исклучете го кабелот на свеќичката:
– пред каква било интервенција врз деловите што ротираат,
– пред проверка, чистење или работа врз машината,
– по удар во страни предмети. Проверете дали има евентуални
оштетувања и поправете ги пред да продолжите со работа;
– доколку машината почне да вибрира на ненормален начин (веднаш
побарајте ја причината за вибрациите и однесете ја за неопходни
проверки во специјализиран сервис).
20) Запрете го моторот:
– секојпат кога машината ја оставате без надзор;
– пред дополнување со гориво.
21) Намалете го забрзувањето пред да го исклучите моторот.
Затворете го напојувањето со гориво по завршување со работа следејќи
ги инструкциите во упатството за моторот.
Понатаму:
• Во текот на работата, секогаш одржувајте безбедно растојание од
деловите што ротираат кое се определува со должината на рачката.
Г) ОДРЖУВАЊЕ И ЧУВАЊЕ
1) Сите завртки и навртки одржувајте ги соодветно зацврстени за
да бидете сигурни дека машината е безбедна за работа. Редовното
одржување е основен предуслов за безбедност и за одржување на
нивото на ефикасност.
2) Никогаш не чувајте ја машината со бензин во резервоарот во
просторија каде испарувањата може да допрат до отворен пламен,
искра или до извор на топлина.
3) Оставете моторот да се излади пред да се остави машината во која
било просторија.
4) За намалување на ризикот од запалување, чувајте ги моторот,
пригушувачот, акумулаторот и самото место на чување на бензинот
исчистени од остатоци од трева, листови и прекумерно масло.
5) Честопати проверувајте ги штитниците или вреќата за покосена,
трева за да се обезбедите дека не се истрошени или оштетени.
6) Non usare mai la macchina con parti usurate o danneggiate, per motivi
di sicurezza. I pezzi devono essere sostituiti e mai riparati. Usare ricambi
originali. I pezzi di qualità non equivalente possono danneggiare la macchina
e nuocere alla vostra sicurezza.
7) Se il serbatoio deve essere vuotato, effettuare questa operazione all'aperto
e a motore freddo.
Понатаму:
• Застанете го моторот и извадете го кабелот од свеќичката пред каква
било интервенција за одржување,
Д) ТРАНСПОРТ И ДВИЖЕЊЕ
1) Секојпат кога е потребно движење, подигнување, транспорт или
закосување на машината, треба:
– застанете го моторот;
– да носите заштитни ракавици;
– да ја зафатите машината на места кои нудат сигурен зафат, имајќи
ја предвид нејзината тежина и распределба на истата;
– да ангажирате соодветен број луѓе во согласност со тежината на
машината и карактеристиките на средството за транспорт или за
местото на кое треба да се донесе или земе истата.
2) За време на транспорт, обезбедете ја соодветно машината со
помош на јажиња или синџири.

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis