Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

EINHELL BG-KS 2440 Originalbetriebsanleitung Seite 34

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für BG-KS 2440:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 1
Anleitung_BG_KS_2440_SPK4:_
MK
апаратот може да биде поставен на ВКЛ (EIN)
(позиција на прекинувач „I") односно ИСКЛ
(AUS) (позиција на прекинувач „0").
Упатство: Ако апаратот не добива мрежен напон,
тој не може да се вклучи. Ако дојде до прекин во
доводот на струја, апаратот се исклучува
самостојно (позиција на прекинувач „0 ").
Апаратот се вклучува по повторно
воспоставување на напојувањето со струја и
притискање на прекинувачот за
вклучување/исклучување во позиција „I".
6.2 Осигурувач за преоптоварување (заштита
на моторот)
Моторот се заштитува од преоптоварувања со
прекинувач за преоптоварување.
При работа, штифната зјае околу 4 mm од
куќиштето на прекинувачот за преоптоварување.
Доколку моторот се преоптоварува подолг
период, се активира прекинувачот за
преоптеретување и го исклучува моторот. Во овој
случај штифната на прекинувачот за
преоптеретување зјае околу 8 mm од куќиштето и
прекинувачот за вклучување/исклучување
самостојно се поставува на позиција „0". По
најмалку 1 минута време на чекање, штифната на
прекинувачот за преоптоварување може да се
притисне и повторно да се вклучи прекинувачот
за вклучување/исклучување (позиција на
прекинувач „I"). Доколку моторот не проработи,
потребно е да се исчисти каналот за исфрлување.
6.3 Работни упатства
Почитувајте ги Безбедносните упатства
(книшка во прилог).
Носете работни ракавици, заштитни очила и
заштита за уши.
Приближениот материјал за ситнење се
вовлекува автоматски. ВНИМАНИЕ!
Подолгиот материјал за ситнење што зјае од
апаратот, може да удри во повратна насока -
одржувајте доволно безбедносно растојание.
Вовлекувајте само онолку материјал за
сечење, така што отворот за полнење да не
се запуши.
Влажни, свенати градинарски отпадоци што
се чувани повеќе дена потребно е да се
ситнат наизменично со гранки. На тој начин
се избегнува наталожување на материјалот
за ситнење во отворот за полнење.
Не ситните меки отпадоци (на пример
отпадоци од кујна), туку директно
компостирајте ги.
Целосно иситнете го богато разгранетиот
материјал што содржи лисје, пред да
34
19.01.2012
17:48 Uhr
Seite 34
додадете нов материјал за ситнење.
Отворот за исфрлување не смее да биде
запушен од иситнет материјал – опасност од
насобирање.
Отворите за воздух не смеат да бидат
покриени.
Избегнувајте непрекинато внесување тежок
материјал или цврсти гранки. Ова може да
доведе до блокирање на ножевите.
Употребувајте штопна/отнувач (од дрво) за
отстранување на заглавените предмети од
отворот за полнење односно кука за
отстранување заглавени предмети од отворот
за исфрлување.
6.4 Безбедност
Овој апарат за ситнење е опремен со
безбедносен прекинувач (слика 12a/поз. А) во
внатрешноста на куќиштето од моторот.
Единицата за вметнување (слика 13/поз. F) се
наоѓа на отворот за собирање. Ако отворот за
собирање не лежи идеално односно ако не е
притиснат на куќиштето на моторот, се вклучува
БЕЗБЕДНОСНИОТ ПРЕКИНУВАЧ и го блокира
функционирањето на моторот. Доколку се појави
ваква состојба, отклопете го отворот за
собирање како што е прикажано погоре.
Внимателно исчистете го внатрешниот простор.
Затворете го отворот за собирање како што е
претходно опишано. При повторното вклучување
на апаратот внимавајте на тоа, отворот за
собирање да лежи исправно како и
безбедносната навртка да е целосно затегната.
ВНИМАНИЕ! Никогаш не ја одвртувајте
навртката за одглавување (слика 1/поз. 12), без
претходно да го исклучите апаратот преку
прекинувачот за вклучување/исклучување (слика
1/поз. 11) и да ја извлечете спојката на
приклучниот вод за апаратот (продолжение) од
утикачот.
6.5 Монтажа на вреќата за собирање исечен
материјал (слика 14)
Опционално можете да ја монтирате вреќата за
собирање исечен материјал на апаратот. За таа
цел закачете ја вреќата (слика 14/поз. 15) на
закачалката што е предвидена за таа намена
(слика 14/поз. 16).

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis