Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch PCM 800 SD Originalbetriebsanleitung Seite 235

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für PCM 800 SD:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 13
OBJ_BUCH-2765-002.book Page 235 Tuesday, July 25, 2017 2:28 PM
Сечење со влечење
– За сечење со помош на механизмот за влечење 1
(широки делови за обработка) олабавете ја завртката
за фиксирање 25, доколку истата е затегната.
– По потреба, поставете го саканиот агол на закосување.
 При сите резови најпрво мора да се осигурате, дека
листот на пилата во ниеден момент нема да ја допре
граничната водилка, столарските стеги или другите
делови на уредот. Извадете го евентуално
монтираниот помошен граничник или соодветно
подесете го.
– Прицврстете го делот што се обработува согласно
димензиите.
– Поместете го кракот на алатот од граничните водилки 9
и 11, додека листот за пилата не дојде пред делот што се
обработува.
– Вклучете го електричниот апарат.
– Полека водете ја рачката на апаратот со дршката 6
надолу.
– Сега притиснете го кракот на алатот во правец на
граничните водилки 9 и 11 и сечете го делот што се
обработува со рамномерен притисок.
– Исклучете го електричниот апарат и почекајте додека
листот за пилата не дојде целосно во состојба на
мирување.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Подесување на граничникот за длабочина (сечење на
жлеб) (види слика O)
Граничникот за длабочина мора да го поместите, доколку
сакате да исечете жлеб.
– Свртете го граничникот за длабочина 34 кон надвор.
– Навалете го кракот на алатот на дршката 6 надолу,
додека прикажувачот на длабочината на сечење 36 на
скалата на длабочината на сечење 35 не ја прикаже
саканата длабочина на сечење.
– Свртете ја завртката за подесување 33 додека крајот на
завртката не го допре граничникот за длабочинa 34.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Сечете делови со еднаква должина (види слика P)
За едноставно сечење на делови со еднаква должина
може да го употребите должинскиот граничник 10.
– Олабавете го затегнувачкиот лост 50 и поставете го
граничникот за должина 10 на саканата должина на
делот што се обработува.
– Повторно затегнете го затегнувачкиот лост 50.
Менување на плочата за вметнување (види слика Q)
Црната плоча за вметнување 16 може да се истроши по
подолга употреба на електричниот апарат.
Променете ја дефектната плоча за вметнување.
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Одвртете ги завртките за прицврстување 66 со клучот
со внатрешна шестаголна глава 49 и извадете ја старата
плоча за вметнување.
– Ставете ја новата плоча за вметнување и повторно
затегнете ги завртките за прицврстување 66.
Bosch Power Tools
Обработка на профилни лајсни
Профилните лајсни може да се обработуваат на два
различни начини:
– поставено спроти граничната
водилка
– плоснато лежејќи на масата за
пила
Понатаму, независно од ширината на профилната лајсна,
може да сечете со или без повлекување.
Секогаш проверете го поставениот агол на закосување
најпрво на отпадно дрво.
Транспорт (види слика R)
Пред транспортот на електричниот апарат мора да ги
извршите следните чекори:
– Подесете го електричниот апарат во транспортна
позиција.
– Ставете ги флексибилните продолжетоци на масата за
пила 63 во прифатите 64 на електричниот апарат.
– Отстранете ги деловите на опремата, кои не може
цврсто да се монтираат на електричниот апарат.
Неискористените листови за пила, доколку сакате да ги
транспортирате ставете ги во затворена кутија.
– Секогаш носете го електричниот апарат за
транспортната дршка 2.
 За транспортирање на електричниот апарат,
користете ги секогаш уредите за транспорт, а не
заштитните уреди.
Одржување и сервис
Одржување и чистење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Доколку е потребно користење на приклучен кабел, тогаш
набавете го од Bosch или специјализирана продавница за
Bosch-електрични апарати, за да го избегнете
загрозувањето на безбедноста.
Чистење
Одржувајте ја чистотата на електричниот апарат и
отворите за проветрување, за да може добро и безбедно
да работите.
Заштитната хауба со повратен механизам мора секогаш да
се движи слободно и самостојно да се затвора. Пределот
околу заштитната хауба со повратен механизам секогаш
треба да биде чист.
Отстранете ја правта и струготините со издувување со
компресиран воздух или со четка по секоја работна
постапка.
Редовно чистете го лизгачкиот валјак 24.
Македонски | 235
1 609 92A 3VU | (25.7.17)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis