Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch PCM 800 SD Originalbetriebsanleitung Seite 232

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für PCM 800 SD:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 13
OBJ_BUCH-2765-002.book Page 232 Tuesday, July 25, 2017 2:28 PM
232 | Македонски
Вшмукувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот уред и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
– Почекајте додека листот на пилата целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Сопствено вшмукување (види слика D)
– Прикачете ја кесата за прав 53 на исфрлувачот на
струготини 27.
За време на сечењето, вреќичката за прав никогаш не
треба да дојде во допир со подвижните делови на уредот.
Редовно празнете ја вреќичката за прав.
Надворешно вшмукување
За вшмукување, на исфрлувачот на струготини 27 може
да приклучите и црево за вшмукување на прав (Ø 35 мм).
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Замена на алатот (види слики E1–E4)
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 При ставањето на листот на пилата носете заштитни
ракавици. Доколку го допрете листот на пилата постои
опасност од повреда.
Употребувајте само листови за пила, чија максимално
дозволена брзина е повисока од бројот на празни вртежи
на вашиот електричен апарат.
Користете само листови за пила, кои одговараат на
наведените податоци во ова упатство за употреба или се
проверени според EN 847-1 и се соодветно означени.
Користете само листови за пила, што се препорачани од
производителот на овој електричен апарат и со погодни за
материјалот што сакате да го обработувате. Ова ќе спречи
прекумерно загревање на запците на пилата за време на
сечењето.
Вадење на листот од пилата
– Подесете го електричниот апарат во работна позиција.
– Свртете ја завртката со внатрешна шестаголна глава 54
со испорачаниот клуч со внатрешна шестаголна глава
49 и истовремено притиснете ја блокадата на
вретеното 32, додека не се вклопи.
– Држете ја притисната блокадата на вретеното 32 и
одвртете го шрафот 54 во правец на стрелките на
часовникот (лев навој!).
– Извадете ја стезната прирабница 55.
– Навалете ја наназад осцилаторната заштитна хауба 8 и
извадете го листот за пилата 56.
– Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба
надолу.
1 609 92A 3VU | (25.7.17)
Монтирање на листот за пилата
Доколку е потребно, пред монтажата исчистете ги сите
делови што треба да се монтираат.
– Навалете ја наназад осцилаторната заштитна хауба 8.
– Ставете го новиот лист за пила на внатрешната стезна
прирабница 57.
 При монтажата, внимавајте правецот на сечење на
запците (правецот на стрелката на листот за пилата)
да се совпаѓа со правецот на стрелката на
заштитната хауба!
– Полека вратете ја осцилаторната заштитна хауба
надолу.
– Поставете ја стезната прирабница 55 и шрафот 54.
Притиснете ја блокадата на вретеното 32 додека не се
вклопи и зацврстете го шрафот во правец спротивен на
стрелките на часовникот.
 При поставување на затезната прирабница
внимавајте на тоа, широката страна да покажува кон
листот за пилата (види слика E2). При обратно
вградување, листот за пилата не може да се прицврсти.
Употреба
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
Транспортен осигурувач (види слика F)
Транспортниот осигурувач 28 Ви овозможува лесно
ракување на електричниот апарат при транспорт на
различни места на примена.
Отклучување на електричниот апарат
(работна позиција)
– Притиснете ја рачката на апаратот на дршката 6 надолу,
за да го отклучите транспортниот осигурувач 28.
– Притоа, целосно извлечете го транспортниот
осигурувач на надвор 28.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Прицврстување на електричниот апарат
(позиција за транспорт)
– Олабавете ја завртката за фиксирање 25, ако го
заглавува механизмот за влечење 1. Извлечете го
кракот на алатот целосно нанапред и повторно
затегнете ја завртката за фиксирање за блокирање на
механизмот за влечење.
– Завртете ја завртката за подесување 33 сосема нагоре.
– За фиксирање на масата за пила 21 затегнете го
копчето за фиксирање 13.
– Повлечете го кракот на алатот на дршката 6 надолу,
додека транспортниот осигурувач 28 целосно не се
притисне навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.
Bosch Power Tools

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis