Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch PTS 10 Bedienungsanleitung Seite 273

Zirkularsäge
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für PTS 10:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 16
OBJ_BUCH-783-007.book Page 273 Friday, June 27, 2014 9:29 AM
Сечење на хоризонтални агли на закосување со помош
на подвижните лизгачи
– Поставете го саканиот хоризонтален агол на
закосување. (види „Подесување на хоризонталниот
агол на закосување", страна 271)
– Свртете го лостот за блокада 24 надесно и извлечете ги
подвижните лизгачи 1 нанапред. (види слика B)
– Поставете го делот што се обработува на масата за
пилата пред заштитната хауба 5.
– Позиционирајте го аголниот граничник 16 пред делот
за обработка во левиот водечки жлеб 21. Фиксирајте ја
оваа позиција, така што цврсто ќе го затегнете копчето
за фиксирање 42.
– Следете ги работните чекори во делот „Сечење на
прави резови".
Проверка на основните поставки и подесување
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите.
За тоа ви е потребно искуство и соодветен специјален
алат.
Сервисната служба на Bosch оваа работа ја води прецизно
и доверливо.
Поставување на стандардниот агол на закосување 0°
(вертикално)
– Поставете вертикален агол на закосување од 0°.
Проверете:
– Поставете го агломерот на 90° и ставете го на масата за
пилата 11.
Кракот на агломерот мора да биде прецизен по целата
должина со листот на пилата 37.
Поставување: (види слика K)
– Олабавете го копчето за блокада 29 и држете го листот
за пилата со помош на рачното тркало 54 во позиција на
90°.
– Олабавете ја завртката за подесување 59 и повторно
малку затегнете го копчето за блокада 29.
– Завртете ја завртката за подесување навнатре или
нанадвор, додека кракот од агломерот не е рамен по
целата должина со листот на пилата.
– На крај повторно затегнете го копчето за блокада 29.
Доколку показателот на агли 55 по подесувањето не е во
линија со 0°-ознаката на скалата 56, олабавете ја
завртката 61 со обичен крстест одвртувач и насочете го
показателот на агли по должина на 0°-ознаката.
Поставување на стандардниот агол на закосување 45°
(вертикално) (види слика K)
– Повторете ги горе наведените работни чекори
соодветно и за вертикален агол на закосување од 45°:
Одвртете го копчето за блокада 29,
Подесете ја завртката за подесување 60.
Притоа показателот на агли 55 не смее повторно да се
поместува.
Bosch Power Tools
Поставување на силата на затегање на паралелниот
граничник (види слика L)
Затегнувачката сила на паралелниот граничник 8 може да
попушти по честата употреба.
– Затегнувајте ја завртката 62 додека паралелниот
граничник повторно не се фиксира на масата за пилата.
Подесување на слободниот простор на подвижните
лизгачи (види слика M)
– Доколку по честата употреба слободниот простор на
подвижните лизгачи 1 стане преголем, затегнете ги
завртките за подесување 63.
Подесување на нивото на плочата за вметнување
(види слика N)
Проверете:
Предната страна на плочата за вметнување 3 мора да биде
во рамна линија со или малку под масата за пилата, а
задната страна мора да биде во рамна линија со или малку
над масата за пилата.
Поставување:
– Со помош на завртките за подесување 64 поставете го
правилното ниво.
Складирање и транспорт (види слика O)
Чување на електричниот апарат
Подвижната водечка летва, граничниците и резервните
листови за пила на електричниот апарат може безбедно да
ги прицврстите.
– Подесете го електричниот апарат во транспортна
позиција. (види „Позиција за транспорт", страна 270)
– Олабавете го дополнителниот граничник 7 од
паралелниот граничник 8 и дополнителниот граничник
18 од аголниот граничник 16.
– Ставете ги граничниците 8, 16 и 18 во нивните депоа и
прицврстете ја подвижната водечка летва 22.
– Завиткајте го струјниот кабел околу држачот за кабел
30.
– Резервниот лист за пила може да го чувате со помош на
завртката за прицврстување 19 на куќиштето од
уредот.
Носење на електричниот апарат
 Електричниот апарат секогаш треба да го носат две
лица, за да се избегнат болките во грбот.
 При транспорт на електричниот апарат користете
само транспортни уреди, а никогаш заштитни уреди,
продолжеток за масата 2 или проширување на
масата 10.
– При подигање или транспорт, држете за жлебовите за
држење 65 странично на масата за пила 11.
Македонски | 273
1 609 92A 0VS | (27.6.14)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis