Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch PTS 10 Bedienungsanleitung Seite 269

Zirkularsäge
Vorschau ausblenden Andere Handbücher für PTS 10:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 16
OBJ_BUCH-783-007.book Page 269 Friday, June 27, 2014 9:29 AM
– Завртете ги завртките како заштита од одвртување во
соодветниот навој.
– Завртете ги копчињата за прицврстување 23 во
соодветниот навој под масата за пила.
Монтирање на аголниот граничник (види слики e1–e2)
– Ставете ја шината 41 на аголниот граничник 16 во
соодветните жлебови на водилката 21 на масата за пила.
Напомена: Позицијата на аголниот граничник може да се
фиксира во левиот жлеб на водилката со вртење на
копчето за фиксирање 42 на подвижните лизгачи.
– Монтирајте го дополнителниот граничник 18 со
испорачаниот сет за прицврстување 43 на аголниот
граничник.
Напомена: Внимавајте на тоа, дополнителниот граничник
целосно да налегнува на масата за пилата.
Растојанието помеѓу листот за пилата и дополнителниот
граничник 18 смее да изнесува максимум 15 mm.
Монтирање на паралелниот граничник
(види слики f1–f2)
Паралелниот граничник 8 може да се позиционира лево
или десно од листот за пилата.
– Завртете ја затегнувачката дршка 44 во соодветниот
навој на напред на паралелниот граничник.
– Најпрво ставете го паралелниот граничник назад на
масата за пилата. Позиционирајте го паралелниот
граничник во водечкиот жлеб 45.
Сега паралелниот граничник може да го поместувате по
желба.
– За фиксирање на паралелниот граничник притиснете ја
затегнувачката дршка 44 надолу.
При сечење на тесни парчиња и вертикални агли на
закосување мора да го монтирате дополнителниот
граничник 7 на паралелниот граничник 8.
– Отворете го затегнувачкиот лост 46.
– Ставете го дополнителниот граничник 7 на паралелниот
граничник 8.
– За фиксирање на позицијата притиснете го
затегнувачкиот лост 46 надолу.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања
на дишните патишта на корисникот или лицата во околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат, средства
за заштита на дрво). Материјалите што содржат азбест може
да бидат обработувани само од страна на стручни лица.
– Секогаш користете вшмукувач за прав.
– Погрижете се за добра проветреност на работното место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Bosch Power Tools
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Вшмукувачот за прав/струготини може да се блокира
поради прав, струготини или скршени парчиња од делот
што се обработува.
– Исклучете го електричниот уред и извлечете го
струјниот приклучок од ѕидната дозна.
– Почекајте додека листот на пилата целосно не дојде во
состојба на мирување.
– Откријте ја причината за блокада и отстранете ја.
Чистење на долниот поклопец на листот за пилата
За отстранување на искршените парчиња на делот што се
обработува и големите струготини мора редовно да го
чистите поклопецот на листот за пилата со вшмукувач.
– Со прстенестиот клуч 17 подигнете ја плочата за
вметнување 3 од предната страна и извадете ја од
отворите 36.
– Свртете ја курблата 12 во правец на стрелките на
часовникот, додека запците на листот на пилата 37 не
се најдат под масата за пилата 11.
– Исчистете го поклопецот на листот за пилата со
соодветен вшмукувач.
– На крај повторно монтирајте ја плочата за вметнување 3.
Закачете ја плочата за вметнување во отворите 36 и
притиснете ја надолу додека не се вклопи во масата за
пилата.
Надворешно вшмукување (види слика g)
– Приклучете го цревото на вшмукувачот за прав на
исфрлувачот на струготини 31 .
Вшмукувачот за прав мора да е соодветен на материјалот
на парчето што се обработува.
При вшмукување на особено опасни по здравје,
канцерогени или суви честички прав, користете
специјален вшмукувач.
Фиксна или флексибилна монтажа
 За да се овозможи безбедно ракување,
електричниот апарат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа без подножје (види слика h)
– Зацврстете го електричниот апарат со соодветни
шрафови на работната површина. За тоа служат
отворите 20.
Монтажа со подножје
(види слики j1–j3 од страна 14)
При монтажата користете го сетот за прицврстување за
„подножјето" 66.(24 завртки со навртки за монтажа, 4
завртки со навртки за прицврстување на електричниот
уред, 4 подлошки)
– Прицврстете го подножјето 67. Цврсто затегнете ги
завртките.
– Прицврстете го електричниот апарат на површината на
налегнување на подножјето. За оваа цел се предвидени
отворите 20 на електричниот апарат, како и
издолжените отвори на подножјето.
Македонски | 269
1 609 92A 0VS | (27.6.14)

Quicklinks ausblenden:

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis