Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GNF 65 A Professional Originalbetriebsanleitung Seite 187

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GNF 65 A Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

OBJ_BUCH-1725-001.book Page 187 Monday, March 17, 2014 8:50 AM
– Затоа, доколку е возможно, користете соодветен
вшмукувач за прав за материјалот што се
обработува.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Вшмукувачот за прав мора да биде одобрен за
вшмукување на прав при обработка на камен. Bosch ги
нуди соодветните вшмукувачи на прав.
 Избегнувајте собирање прав на работното место.
Правта лесно може да се запали.
Електричниот апарат може да се приклучи директно на
конекторот на Bosch-универзален вшмукувач со уред за
далечинско вклучување. Тој веднаш ќе стартува при
вклучување на електричниот апарат.
Ставете го зглобот за вшмукување 11 на млазниците за
вшмукување 10 и приклучете едно црево за вшмукување
12 (опрема). Поврзете го цревото за вшмукување 12 со
вшмукувач за прав (опрема). Прегледот за приклучување
на различните видови на вшмукувачи за прав ќе го најдете
на крајот од ова упатство.
Напомени за примена на глодалките за жлебови во ѕид
Внимавајте на следните напомени, за да ја намалите
емисијата на прав за време на работата.
– Користете само комбинации на глодалки за жлебови во
ѕид и вшмукувачи од класата на прав M коишто се
препорачани Bosch. Другите комбинации може да
доведат до лошо собирање и раздвојување на правта.
– Внимавајте на упатството за употреба на вшмукувачот
за одржување и чистење на истиот, заедно со
филтерот. Испразнете го садот за собирање прав,
веднаш штом ќе се наполни. Редовно чистете го
филтерот на вшмукувачот и секогаш целосно
вметнувајте го филтерот во вшмукувачот.
– Користете само црева за вшмукување препорачани од
Bosch. Не го користете цревото за вшмукување за друга
намена. Парчињата камен кои доспеале во цревото за
вшмукување, ја попречуваат работата и треба веднаш
да ги извадите од цревото за вшмукување.
Избегнувајте да го виткате цревото за вшмукување.
– Користете ја глодалката за жлебови во ѕид исклучиво за
предвидената намена.
– Користете само беспрекорни и остри алати за
вметнување. Забележително забавениот напредок во
работата е знак за истрошени алати за вметнување.
– Внимавајте на општите барања на работните места на
градилиштата.
– Погрижете се за добра вентилација.
– Овозможете слободен работен простор. При подолги
жлебови, вшмукувачот мора да може слободно да се
подесува одн. да се подеси навреме.
– Носете заштита за слухот, заштитни очила, маска за
заштита од прав и ев.ракавици. Како маска за заштита
од прав носете маска од класата FFP 2 со филтрирање
на најмалку една честичка.
Bosch Power Tools
– За чистење на работното место употребете соодветен
вшмукувач. Не ја превртувајте насобраната прав.
Поставување на заштитната хауба
Заштитната хауба 8 може ограничено да се поместува.
Олабавете го затезниот лост 14 и свртете ја заштитната
хауба 8 во согласност со работните услови. Притоа
внимавајте да не го поместите шрафот 13.
На крај, повторно прицврстете ја заштитната хауба 8 со
затезниот лост 14.
Монтирање на дополнителната дршка
Затегнете ја дополнителната дршка 4 во зависност од
начинот на работа, на десната или левата страна од
држачот за дополнителната дршка.
По олабавување на шрафот за фиксирање 6, држачот за
дополнителна дршка може да се подеси во 30°-чекори за
односната работна постапка.
При прицврстувањето на шрафот за фиксирање 6
внимавајте на тоа, четирите чивии на држачот за
дополнителната дршка да влезат во отворите на
заштитната хауба 8.
Монтирање на дијамантската брусна плоча за
сечење
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
 При ставање и менување на дијамантската брусна
плоча за сечење се препорачува носење на
заштитни ракавици.
 Дијамантската брусна плоча за сечење за време на
работата станува многу жешка, не ја допирајте пред
да се олади.
 Користите само дијамански брусни плочи за
сечење. Сегментните дијамантски плочи смеат да
покажуваат негативен агол на сечење и максимален
процеп од 10 мм помеѓу сегментите.
Поставете го електричниот апарат на страна, така што
скалата за длабочина на сечење 2 ќе биде видлива.
Олабавете го затезниот лост 9 и поставете ја најмалата
длабочина на сечење.
Демонтирање на уредите за затегање (види слика A)
Притиснете на копчето за блокирање на вретеното 7, за да
го зацврстите вретеното за брусење.
 Копчето за блокирање на вретеното активирајте го
само доколку вретеното за брусење е во состојба на
мирување. Инаку електричниот апарат може да се
оштети.
Олабавете ја затезната навртка 19 со клучот со два отвори
20 и отшрафете ја затезната навртка 19. Извадете ги
дистанцерите 18 и приклучната прирабница 16.
Исчистете го вретеното за брусење 15 и сите делови што
треба да се монтираат.
Македонски | 187
3 609 929 C88 | (17.3.14)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis