Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GNF 65 A Professional Originalbetriebsanleitung Seite 185

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GNF 65 A Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

OBJ_BUCH-1725-001.book Page 185 Monday, March 17, 2014 8:50 AM
 Избегнувајте блокирање на брусната плоча за
сечење или преголем притисок. Не изведувајте
прекумерно длабоки резови. Преоптоварувањето на
брусните плочи за сечење ја зголемува нивната
искористеност и склоност на закосување или
блокирање и со тоа можноста за повратен удар или
кршење на брусното тело.
 Доколку се заглави брусната плоча за сечење или
Вие ја прекинете работата, исклучете го уредот и
држете го мирно, додека плочата не дојде во
состојба на мирување. Не се обидувајте никогаш,
брусната плоча за сечење што се врти да ја вадите
од резот, бидејќи може да настане повратен удар.
Откријте ја причината за заглавување и преземете ги
соодветните мерки.
 Не го вклучувајте повторно електричниот апарат,
додека се наоѓа во делот што се обработува.
Оставете брусната плоча за сечење да го постигне
полниот вртежен момент, пред да продолжите со
резот. Инаку, плочата може да се заглави, да излета од
делот што се обработува или да предизвика повратен
удар.
 Потпрете ги плочите или големите делови за
обработка, за да го избегнете ризикот од повратен
удар поради заглавената брусна плоча за сечење.
Големите делови што се обработуваат може да се
свиткаат под својата тежина. Делот што се обработува
мора да го потпрете на двете страни од плочата, како во
близина на местото на сечење, така и на рабовите.
 Особено бидете претпазливи при длабинско сечење
во скриено подрачје, како на пример, во ѕид.
Брусната плоча за сечење која пресекла гасовод или
водоводни цевки, електрични кабли или други објекти
може да предизвика повратен удар.
Дополнителни сигурносни напомени
Носете заштитни очила.
 Зацврстете го делот што се обработува со стеги или
на друг начин на една стабилна подлога. Доколку го
држите делот што се обработува само со рака или
спроти телото, тој е нестабилен и ова може да доведе до
губење на контролата.
 Носете заштита за слухот, заштитни очила, маска за
заштита од прав и ракавици. Како маска за заштита
од прав носете маска од класата FFP 2 со
филтрирање на најмалку една честичка.
 Користете соодветни уреди за пребарување, за да
ги пронајдете скриените електрични кабли или
консултирајте се со локалното претпријатие за
снабдување со електрична енергија. Контактот со
електрични кабли може да доведе до пожар и
електричен удар. Оштетувањето на гасоводот може да
Bosch Power Tools
доведе до експлозија. Навлегувањето во водоводни
цевки предизвикува оштетување или може да
предизвика електричен удар.
 Не ја фаќајте брусната плоча за сечење по работата,
додека не се олади. Брусната плоча за сечење за
време на работата се вжештува.
 При работата, држете го електричниот апарат
цврсто со двете дланки и застанете во сигурна
положба. Со електричниот апарат посигурно ќе
управувате ако го држите со двете дланки.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Ве молиме отворете ја преклопената страница со приказ
на електричниот апарат, и држете ја отворена додека го
читате упатството за употреба.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат е наменет за сечење и разделување
со вшмукувач од класата на прав M, на цврста подлога со
лизгачки водилки претежно во минерални материјали на
пр. армиран бетон, ѕидни конструкции и облоги за
патишта без употреба на вода.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Прекинувач за вклучување/исклучување
2 Скала за подесување на длабочината на сечење
3 Лизгачки валјаци
4 Дополнителна дршка
5 Држач за дополнителната дршка
6 Шраф за фиксирање за држачот на дополнителната
дршка
7 Копче за блокирање на вретеното
8 Заштитна хауба со лизгачки водилки
9 Затезен лост за подесување на длабинскиот
граничник
10 Млазници за вшмукување
11 Зглоб за вшмукување
12 Црево за вшмукување*
13 Шраф
14 Затезен лост за заштитната хауба
15 Вретено за брусење
16 Приклучна прирабница
17 Дијамантска брусна плоча за сечење*
18 Дистанцери
Македонски | 185
3 609 929 C88 | (17.3.14)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis