Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GCM 10 MX Professional Originalbetriebsanleitung Seite 231

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GCM 10 MX Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 10
OBJ_BUCH-2583-002.book Page 231 Monday, July 13, 2015 12:56 PM
Отклучување на електричниот апарат
(работна позиција)
– Притиснете ја рачката на апаратот на дршката 3 надолу,
за да го отклучите транспортниот осигурувач 27.
– Притоа, целосно извлечете го транспортниот
осигурувач на надвор 27.
– Полека водете ја рачката на апаратот нагоре.
Напомена: При работењето внимавајте на тоа,
транспортниот осигурувач да не е притиснат навнатре,
инаку рачката на апаратот нема да може да се навали на
саканата длабочина.
Прицврстување на електричниот апарат
(позиција за транспорт)
– Подесете ја висината на завртката за подесување 30 на
тој начин, што кракот на алатот на рачката 3 целосно ќе
се навали надолу (види исто така „Подесување на
граничникот за длабочина", страна 232).
– Притиснете на лостот 2 и истовремено навалувајте го
кракот на алатот на рачката 3 надолу додека
транспортниот осигурувач 27 не се притисне сосема
навнатре.
Сега кракот на алатот е безбедно блокиран за транспорт.
Продолжување на граничните водилки
(види слика G)
При сечење на вертикални агли на закосување мора да ја
поместите подесливата гранична водилка 17.
– Олабавете ги пеперутка-завртките 21.
– Целосно извлечете ја граничната водилка 17 нанадвор.
– Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката 21.
По сечење на вертикални агли на закосување, повторно
вратете ја назад подесливата гранична водилка 17
(олабавете ја пеперутка-завртката 21; поместете ја
граничната водилка 17 сосема навнатре; повторно
затегнете ја пеперутка-завртката).
Прицврстување на делот што се обработува
(види слика H)
За овозможување на оптимална работна безбедност,
секогаш мора добро да го прицврстите делот што се
обработува.
Не обработувајте мали парчиња, кои се премали за добро
да се зацврстат.
– Притиснете го делот што се обработува спроти
граничната водилка 6.
– Вметнете ја столарската стега 18 во отворите
предвидени за таа намена 8.
– Олабавете ја пеперутка-завртката 43 и подесете ја
столарската стега на делот што се обработува.
Повторно зацврстете ја пеперутка-завртката.
– Зацврстете го делот што се обработува со вртење на
прачката со навој 44.
Олабавување на делот што се обработува
– За да ја олабавите столарската стега, свртете ја
прачката со навој 44 во правец спротивен на стрелките
на часовникот.
Bosch Power Tools
Подесување на закосениот агол
 Пред било каква интервенција на електричниот
апарат, извлечете го струјниот приклучок од
ѕидната дозна.
За да обезбедите прецизни резови мора да ги проверите
основните поставки по интензивно користење на
електричниот апарат и евентуално да ги подесите (види
„Проверка на основните поставки и подесување",
страна 233).
 Секогаш зацврстете го копчето за фиксирање 10
пред сечењето. Инаку листот на пилата може да се
заглави во делот што се обработува.
Подесување на хоризонталниот агол на закосување
(види слика I)
Хоризонталните агли на закосување може да се подесат во
граници од 47° (на левата страна) до 52° (на десната
страна).
– Отпуштете го копчето за фиксирање 10, доколку е
затегнато.
– Притиснете на лостот 11, свртете ја масата за пила 7 со
копчето на фиксирање кон лево или десно и со помош
на показателот на агли 12 наместете го посакуваниот
агол на закосување.
– Повторно зацврстете го копчето за фиксирање 10.
За брзо и прецизно подесување на често користени
агли на закосување на масата за пила има жлебови 45:
лево
15°; 22,5°; 30°; 45°
– Отпуштете го копчето за фиксирање 10, доколку е
затегнато.
– Притиснете на лостот 11 и свртете ја масата за пила 7 до
саканиот жлеб на левата или десната страна.
– Повторно отпуштете го лостот. Лостот мора осетно да се
вклопи во жлебот.
– Повторно зацврстете го копчето за фиксирање 10.
Подесување на вертикалниот агол на закосување
(види слика J)
Вертикалниот агол на закосување може да се постави во
граници од 0° до 45°.
– Олабавете ја затезната рачка 26.
– Рачката на апаратот навалете ја на дршката 3 додека
показателот на агли 31 не го прикаже саканиот агол на
закосување.
– Држете ја рачката на апаратот во оваа позиција и
повторно затегнете ја затезната дршка 26.
За брзо и прецизно подесување на стандардниот агол
0° и 45° предвидени се фабрички поставените завртки-
граничници (33 и 23).
– Олабавете ја затезната рачка 26.
– Навалете го кракот на алатот на рачката 3 до крај
надесно (0°) или до крај налево (45°).
– Повторно цврсто стегнете ја затезната дршка 26.
Македонски | 231
десно
15°; 22,5°; 30°; 45°
1 609 92A 1FF | (13.7.15)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis