Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Обем На Испорака - Bosch GCM 10 MX Professional Originalbetriebsanleitung

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GCM 10 MX Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 10
OBJ_BUCH-2583-002.book Page 229 Monday, July 13, 2015 12:56 PM
Обем на испорака
Пред првата употреба на електричниот апарат, дали сите
долу наведени делови се испорачани:
– Пила за отсекување и сечење под агол со монтиран
лист за пилата
– Држач за заштита од превртување 24 со сет за
прицврстување 35 (2 завртки, 2 подлошки,
2 правоаголни навртки)
– Вреќичка за прав 19
– Столарска стега 18
– Внатрешен шестаголен клуч/крстест одвртувач 22
Напомена: Проверете дали електричниот апарат има
оштетувања.
Пред понатамошната употреба на електричниот апарат,
мора да ги проверите заштитните уреди и деловите што
лесно може да се оштетат дали се беспрекорни и
соодветни на намената. Проверете дали подвижните
делови функционираат беспрекорно и не се заглавуваат,
и дали се оштетени деловите. Сите делови мора да се
правилно монтирани и да ги исполнуваат сите услови, за
да обезбедат беспрекорна работа.
Оштетените заштитни уреди и делови мора да бидат
поправени или заменети од страна на овластена сервисна
работилница.
Монтажа на поединечните делови
– Внимателно извадете ги сите испорачани делови од
амбалажата.
Извадете ја целата амбалажа од електричниот уред и од
испорачаната опрема.
Монтирање на држачот за заштита од превртување
(види слика A)
Пред првата употреба на електричниот апарат мора да го
монтирате држачот за заштита од превртување 24.
За монтажа користете го сетот за прицврстување „Држач
за заштита од превртување" 35.
– Ставете ги четириаголните навртки 35 во предвидените
отвори 34 во основната плоча.
– Ставете ги подлошките 35 на завртките за
прицврстување 35 и прицврстете го држачот за
заштита од превртување 24 со употребените навртки.
 Никогаш не го отстранувајте држачот за заштита од
превртување. Без заштитата од превртување,
електричниот апарат нема да биде стабилен и може да
се преврти при сечење на максимални агли на
закосување.
Монтирање на продолжетокот на држачот
(види слика B)
Долгите делови што се обработуваат мора да се потпрат на
слободниот крај или да се прицврстат.
Кон дополнителниот продолжеток на масата за пила може
да монтирате и продолжеток на држачот од левата и
десната страна на електричниот апарат.
– Ставете го продолжетокот на држачот 36 на двете
страни од електричниот апарат до крај во соодветните
отвори 16.
Bosch Power Tools
– Прицврстете го завртките за прицврстување 37 заради
заштита на држачот за продолжетокот.
Фиксна или флексибилна монтажа
 За да се овозможи безбедно ракување,
електричниот апарат мора да се монтира пред
употребата на рамна и стабилна работна површина
(на пр. работна клупа).
Монтажа на работна површина
(види слики C1–C2)
– Зацврстете го електричниот апарат со соодветни
шрафови на работната површина. За тоа служат
отворите 14.
или
– Зацврстете ги ногарките на електричниот апарат со
обични столарски стеги на работната површина.
Монтажа на Bosch-работна маса
GTA-работните маси на Bosch на електричниот апарат му
нудат стабилност на секоја подлога со помош на ногарките
што се подесливи во висина. Подлогите за делот што се
обработува на работната маса служат како потпора на
подолгите делови за обработка.
 Прочитајте ги сите напомени за предупредување и
упатства што се приложени кон работната маса.
Грешките настанати при непридржување до
напомените за предупредување и упатствата може да
предизвикаат електричен удар, пожар и/или тешки
повреди.
 Монтирајте ја прописно работната маса, пред да го
монтирате електричниот уред. Беспрекорната
монтажа е важна за избегнување на ризикот од нејзино
распаѓање.
– Монтирајте го електричниот апарат во транспортна
положба на работната маса.
Вшмукување на прав/струготини
Правта од материјалите како на пр. слоеви боја, некои
видови дрво, минерали и метал може да биде штетна по
здравјето. Допирањето или вдишувањето на таквата прав
може да предизвика алергиски реакции и/или заболувања
на дишните патишта на корисникот или лицата во
околината.
Одредени честички прав како на пр. прав од даб или бука
важат како канцерогени, особено доколку се во
комбинација со дополнителни супстанци (хромат,
средства за заштита на дрво). Материјалите што содржат
азбест може да бидат обработувани само од страна на
стручни лица.
– Секогаш користете вшмукувач за прав.
– Погрижете се за добра проветреност на работното
место.
– Се препорачува носење на маска за заштита при
вдишувањето со класа на филтер P2.
Внимавајте на важечките прописи на Вашата земја за
материјалот кој го обработувате.
Македонски | 229
1 609 92A 1FF | (13.7.15)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis