Herunterladen Inhalt Inhalt Diese Seite drucken

Bosch GCM 10 MX Professional Originalbetriebsanleitung Seite 227

Vorschau ausblenden Andere Handbücher für GCM 10 MX Professional:
Inhaltsverzeichnis

Werbung

Verfügbare Sprachen
  • DE

Verfügbare Sprachen

  • DEUTSCH, seite 10
OBJ_BUCH-2583-002.book Page 227 Monday, July 13, 2015 12:56 PM
 Во случај да се заглави листот за пилата, исклучете
го електричниот апарат и држете го цврсто делот
што се обработува, додека листот за пилата не дојде
во состојба на мирување. За да избегнете повратен
удар, делот што се обработува смее да се движи
дури откако листот за пилата ќе се смири. Отстранете
ја причината за заглавување на листот од пилата, пред
повторно да го стартувате уредот.
 Не го оставајте настрана апаратот доколку не е
целосно во состојба на мирување. Електричните
апарати кои не се во состојба на мирување може да
предизвикаат повреди.
 Доколку е вклучен апаратот, не го водете листот за
пилата директно кон делот што се обработува.
Инаку постои опасност од повратен удар, доколку
листот за пилата се заглави во делот што се обработува.
 Не ставајте ништо на електричниот апарат. Може да
настанат сериозни повреди, доколку електричниот
апарат се преврти или доколку случајно дојдете во
контакт со листот за пилата.
Ознаки
Следните ознаки се од големо значење за користењето на
вашиот електричен апарат. Ве молиме запаметете ги
ознаките и нивното значење. Вистинската интерпретација
на ознаките Ви помага подобро и побезбедно да го
користите електричниот апарат.
Ознаки и нивно значење
 Не посегнувајте со дланките во
полето на сечење, додека работи
електричниот уред. Доколку
дојдете во контакт со листовите за
пила постои опасност од повреда.
 Носете маска за заштита од прав.
 Носете заштитни очила.
 Носете заштита за слухот.
Изложеноста на бучава може да
влијае на губењето на слухот.
 Опасна зона! Држете ги дланките,
прстите или рацете колку е можно
подалеку од оваа зона.
Bosch Power Tools
Ознаки и нивно значење
30mm
Внимавајте на димензиите на листот за
пилата. Дијаметарот на отворот мора
точно да биде наместен на вретеното на
вретеното на алатот. Не користете
адаптери или редуктори.
При сечење со закосување,
подесливата гранична водилка мора да
се повлече нанадвор.
Опис на производот и моќноста
Прочитајте ги сите напомени и упатства
за безбедност. Грешките настанати како
резултат од непридржување до
безбедносните напомени и упатства може
да предизвикаат електричен удар, пожар
и/или тешки повреди.
Употреба со соодветна намена
Електричниот апарат, како стационарен уред, е наменет за
изведување должински и напречни резови со прав тек на
сечење. Притоа можни се хоризонтални агли на
закосување од –47° до +52°, како и вертикални агли на
закосување од 0° до 45°.
Капацитетот на електричниот апарат е предвиден за
сечење на тврдо и меко дрво, како и иверки и фибер
плочи, како и алуминиум и пластика.
Илустрација на компоненти
Нумерирањето на сликите со компоненти се однесува на
приказот на електричните апарати на графичката
страница.
1 Заштитна хауба
2 Лост за олабавување на кракот на алатот
3 Дршка
4 Прекинувач за вклучување/исклучување
5 Заштитна хауба со повратен механизам
6 Гранична водилка
7 Маса за пила
8 Отвори на столарската стега
9 Плоча за вметнување
10 Копче за фиксирање на саканиот агол на закосување
(хоризонтално)
11 Лост за претходно поставување на аголот на
закосување (хоризонтално)
Македонски | 227
1 609 92A 1FF | (13.7.15)

Werbung

Inhaltsverzeichnis
loading

Inhaltsverzeichnis